• Latest

24 ЧАСА: Владата ги повика општините да аплицираат за 250 милиони евра; проблемите треба сами да си ги решаваме рече Фидан; Барние нов премиер на Франција

September 5, 2024
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Владата ги повика општините да аплицираат за 250 милиони евра; проблемите треба сами да си ги решаваме рече Фидан; Барние нов премиер на Франција

September 5, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата ќе одвои 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

На денешната прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински и премиерот Христијан Мицкоски го најавија почнувањето на јавниот повик за проекти во вредност од 250 милиони евра, а општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти од областа на култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјалната политика и образование.

Владата вкупно планира да одвои 250 милиони евра, а со денешниот прв јавен повик се ставаат на располагање 100 милиони евра.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фидан: Решавањето на регионалните проблеми не треба да го очекуваме само од надворешни фактори, треба да се обидеме сами

„Решавањето на регионалните проблеми не треба да го очекуваме само од надворешни фактори и од меѓународната заедница. Ние, како земји од регионот, треба да се обидеме сами да ги решаваме нашите проблеми. Да чекаме некој друг да дојде и да ни ги реши проблемите е полесниот начин, но така тие не се решаваат ниту на начин, ниту со темпото кое очекуваме“, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.

СВЕТ

Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер.

РЕГИОН

Косовското МНР апелира до граѓаните да избегнуваат транзит низ Србија

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово ги повика косовските граѓани и дијаспората да избегнуваат транзит низ територијата на Србија.

Повикот доаѓа по предупредувањата на така наречениот „Организациски совет за блокади“ од Србија, кој објави дека на 6 септември година се планираат блокади на патиштата кои водат до граничните премини, сè до повлекувањето на косовската полиција од областите населени со српско мнозинство во северно Косово.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и колку учениците се безбедни во и надвор од училиштата?

Неретко сме сведоци на инциденти меѓу учениците, како и случаи кога тие се мета на повозрасни лица. ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли, сознанија и искуства на оваа тема.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Графити како начин на јавна комуникација: Екстремен говор на омраза по етничка основа

Во контекст на свежо понудениот говор на омраза МРТОВ ШИПТАР ДОБАР ШИПТАР на ѕидовите на кино Маџари, да се потсетиме дека оваа форма за „дијалог“ одамна опстојува како начин да се пренесе порака на непожелност и нетрпеливост по етничка основа.

Подготви: А. Мехмети

Tags: безбедноствладаДневникопштиниПрашање на денот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ