• Latest

21 октомври: Заев во Рим, пролонгиран попис, прес на ЦИВИЛ за предвремените парламентарни избори…

October 21, 2019
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025

Европа „слетa“ во Тирана, опозицијата на Бериша протестира против изборите

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

21 октомври: Заев во Рим, пролонгиран попис, прес на ЦИВИЛ за предвремените парламентарни избори…

October 21, 2019 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев во Рим на покана на италјанскиот премиер Џузепе Конте

Премиерот Зоран Заев добил покана да го посети Рим лично од премиерот на Италија, Џузепе Конте. Информацијата за ЦИВИЛ Медиа ја потврдија и официјално од кабинетот на Заев. Иако не се знае на што се однесува поканата, неофицијално се дознава дека Заев ов Рим ќе биде во истиот период кога се одржува Советот на министрите за надворешни работи земјите -членки на ЕУ, на 19 ноември.

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението
„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“, изјави  денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.
Симовски нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.
Центарот за социјална заштита во Карпош повторно во функција

Откако минатата недела ЦИВИЛ Медиа пишуваше за проблемот со неиздавање социјални броеви за туѓа нега, денеска од Центарот за социјални работи – Карпош, потврдија дека системот повторно работи.

Вкупно три недели овој меѓуопштински центар не издаваше потврди затоа што немале интернет.

Од Центарот посочија дека проблемот не е во нив, туку до операторот кој ги опслужува. По три недели од денеска граѓаните на општина Карпош повторно можат да добиваат социјални броеви и друг вид на услуги од доменот на социјалната заштита.

Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собранието на Република Северна Македонија во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците. За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

ФЛЕШ ВЕСТИ
На денешната 114 собраниска седница претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата пратеникот Илија Димовски најави дека течат меѓупартиските консултации и доколку сè оди во најдобар ред, оваа работна недела ќе биде предложен главен државен ревизор.
Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Куманово ќе учествува на панел – дискусија посветена на политичко – безбедносните придобивки и предизвиците од членството на нашата држава во НАТО – Алијансата, во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции.
Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Прес на ЦИВИЛ за одлуката за предвремени парламентарни избори
Со намера да одговори на бројните прашања и да ја извести пошироката јавност за ставовите и анализите на новонастанатата ситуација по одлуката да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, ЦИВИЛ организира прес конференција утре, вторник, 22 октомври 2019, во хотел Сити Парк(кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот. Како и секогаш, добредојдени се медиумите, но и заинтересираните граѓанки и граѓани, претставници на институциите, граѓанското општество и политичките партии.
МИСЛА
Понеделнички, во знакот на донесената одлука за предвремени парламентарни избори на 12 април, колумнистите на ЦИВИЛ Медиа детално размислуваа и анализираа колку тие се пожелни, како понатаму или која европска перспектива сега не чека. Кој згрешил, а кој допрва ќе игра валкано. Има ли надеж или да се биде реален.
Од корнер, Зоран Иванов заклучува дека лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христија Мицкоски, во партијата  ќе биде запаметен како клон кој не успеа да се извлече од скутот на својот ментор, некој кој што ќе изгуби на избори, некој кој пропушти шансата и не повлече ниту еден потребен, полезен, рационален и храбар потег. Избори и толку од Мицкоски, вели Иванов.
На тапет Мицкоски денеска беше и на Арбен Зеќири кој за „Патриотот“ во прегратката на Aлбанците кој нема одговор за Преспанскиот договор, вели дека го помни од едно време кога тој „патриотски“ се бореше против „Тиранска платформа“, против наводна „албанизација на Македонија“, против наводна „федерализација на Македонија“, против законот за „двојазичноста на Македонија“, против законот кој наводно ќе ги терал Македонците во Струмица да зборат албански, против Албанецот Талат Џафери претседател на Собранието, и против мноооогу „опасности“ кои доаѓаат од Албанците. Сега е во нивната прегратка и ги моли за гласови…
Џевдет Хајредини денеска поентираше со: Претседателот Макрон го остави без работа и Амбасадорот Жбогар; По пети пат со ред во Македонија ќе се одржат вонредни избори без попис, без прочистен избирачки список, без една изборна единица и отворени листи, без ниту една ветена регорма, со илјади гласачи што се плаќаат од буџетот, со голем број корумпирани, осомничени и неказнети функционери, обвинители и судии. После – виновен ни е Емануел Макрон; Со бројот на “лидерите” кои беа присутни на средбата кај Претседателот, албанците го постигнаа рекордот на правичната застапеност….
Изборите не се детска играчка, па да си играат Мицкоски и Груевски како сакаат. Не е ова режимот што го спроведуваа, па да дивеат како ќе им текне! Но, нашле, па зашле, им се може, бидејќи овде некој решил да гради нормална држава, макар и со ненормални ликови, пишува Џабир Дерала, за брзите, ама одложени избори.   Но, зошто е тоа така? Како што вели Дерала: веќе еден ден по договорот за избори во април, вемерето покажа неодговорност и незрелост, истурајќи притоа грамади простотилак и омраза по улиците, социјалните мрежи и медиумите. Сега би требало Заев да се јави кај Пендаровски и да побара уште една лидерска и да побара, сепак, избори на 22 декември. Тоа ќе нѐ поштеди од многу непотребно губење време, пари и нерви.
Сепак, наспроти сè, Милан Банов се повика на „Право на надеж“ дека државата, која во својот развој не успеа да ја елиминира тегобноста на живуркањето, во иднина ќе внесе попастелни бои и тонови во сегашното сивило…
Биљана Јордановска
во соработка со: Ангела Петровска, Дехран Муратов, Маја Ивановска, Џабир Дерала
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ