• Latest

Право на надеж

October 21, 2019

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Право на надеж

Имам потреба да се надевам дека Македонија, која во својот развој  не успеа да ја елиминира тегобноста на живуркањето, во иднина ќе внесе попастелни бои и тонови во сегашното сивило...

October 21, 2019 10:21
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИЛАН БАНОВ

Да, освен за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ која толку силно посакуваше да не добиеме датум за отпочнување преговори за влез во Европската Унија, па денес очигледно ликува и слави, останатиот (нормалниот) дел од Македонија со разочараност што се граничи со тага ја доживеа одлуката на Европскиот совет. И тој дел, соочен со фактот за долгото патување низ неправдата, несомнено, веќе е на работ да загуби секаква надеж дека некогаш ќе станеме дел од европското семејство. Но.

Иако, барем според мене, германскиот филозоф на надежта Ернст Блох не заслужува особено внимание и не може да се нареди во онаа плејада мислители врз чии премиси се изградени погледите на светот, сепак, поводно, би можела да се парафразира суштината на неговото учење. Рекол: надежта е ирационална како сознание, недофатлива и езотерична, но не и рационална како потреба и без неа, бездруго, се губи и смислата на натамошното опстојување. Се разбира, ништо ново и непознато, но без сомнение апсолутно точно.

Свесен сум дека „чукам на отворен врата“, меѓутоа и по овој неуспех, ако сакате и пораз, имам потреба и натаму да се надевам и верувам во поинакви македонски ситуации. И таа надеж ја темелам врз вербата во нас самите, верба која нема да ги препознава оние варвари што виреат во нас и ни оставаат простор за „бегство во слободата“.

Сакам да верувам во Ерос, не во Танатос, кој, безмилосно рационален и сурово прагматичен, години наназад ни произведе сиромаштија и беда, неморал и лицемерство, кукавичлук и злоба, лоши луѓе и времиња, недостоинственост и безнадежност, тага и очај, бесчестие и омраза… Создаде автономен македонски Левијатан, кој со големите зборови или лаги, сеедно, ги прикриваше малите или дури и никакви резултати и притоа лакомо ги голташе вредностите на животот и постоењето, обидувајќи се конечно и без остаток да ја урне и последната надеж на беспомошните суштества.

Да, сакам да верувам дека силно ќе му се спротивставиме и дека големите зборови ќе станат макар и мали конкретни нешта, зошто, напросто, тука и сега постои верба и препотопска желба да ја оствариме целта. Црното да го претвориме во бело. Зборот во дело. Неспособноста во знаење. Очајот во оптимизам. Тагата во радост. Хипокризијата да ја пресечеме со остар меч, кој како Екскалибур извира од отворените срца. Неморалот и „новите вредности“ да ги победиме со чест, достоинство и добра мисла.

Да, имам потреба да се надевам дека Македонија, која во својот развој  не успеа да ја елиминира тегобноста на живуркањето, во иднина ќе внесе попастелни бои и тонови во сегашното сивило. Се разбира, знам колку тоа тешко и колку во моментов се чини нереално, ако се има предвид очекуваната брана што несомнено ја поставуваат и ќе ја поставуваат тие што денес се радуваат на недобивањето датум за преговори, но независно од нивната претпоставена упорност, своите „вредности“ да ги истакнат над животот, верувам во моќта на човекот, во македонскиот граѓанин, кој покрај потребата има и сила да ги смени нештата.

Според тоа, сигурен сум, тој нема да остане рамнодушен на измами и флоскули, на грабежи, корупција, криминал, мафии, на негово планско осиромашување, на беда, бесперспективност и недостоинственост. И, затоа ќе бара и ќе се бори за спокојна, сигурна и достоинствена Македонија, ќе бара не големи зборови, туку големи дела, ќе бара цел, а не средство, ќе бара да се умее, да се може, да се знае, да се има: ќе бара овој несомнен пораз да се претвори во победа.

Конечнo, ќе ја бара вербата на светиот апостол Павле до Коринтјаните, спротивставена на непожелната и одвишна стварност, ќе бара да ја сака и да ѝ се радува на оваа земја, за која сè уште има шанси.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ