• Latest

Фолтин: За човековите права не смее да има никаков компромис!

December 9, 2019

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Фолтин: За човековите права не смее да има никаков компромис!

December 9, 2019 16:33
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Добропознатите Фолтин ќе настапат на Фестивалот на слободата, кој ќе се одржи на 10 декември (утре) во повод Меѓународниот ден на човековите права и одбележувањето на 20 години од основањето на ЦИВИЛ, во Музеј на Град Скопје, со почеток од 21 часот. Со Пеце Николовски разговараме за нивната музика, ситуацијата со културата во Македонија, како и за човековите права.

ЦИВИЛ МЕДИА: Иако препознатливи по оригиналноста, Фолтин не застануваат на тоа. Секој албум – нова трансформација, речиси како рок-камелеонот Дејвид Боуви на кој и му оддадовте почит со трибјут. Многу музичари би се држеле до одреден звук, печат, проверен рецепт со кој ја заинтересирале публиката. Како е да се биде постојано во потрага по нов израз?

ФОЛТИН: Најчесто така функционираат работите, наоѓаш одреден звук којшто успева и се држиш до тоа. Да, ако ти е тоа идејата, да правиш песни и тие песни на сите да им се допаѓаат. Таа формула е тешко и да се фати. Веројатно, ако ја фатиш треба да се држиш до неа и да ја развиваш. Но, многу е важно и каква цел имаш во однос на она што го креираш. Ние најчесто не ни тргнуваме да направиме идеална песна која сите ќе ја сакаат и ќе им биде преубава на сите. Некогаш целта е да кажеш и нешто друго. Нашиот порив не се заснова толку на правење песни. Сакаме да имаме малку поширок избор на идеи за трагање, коишто не секогаш значат само музика, туку малку поопширно за на крајот да завршат во форма на музика и звук. Тоа трагање е многу повозбудливо и поинтересно, затоа што секогаш е поврзано со поопширни приказни, во многу поопширен контекст. Тоа ќе биде повозбудливо и поизненадувачко како за авторот, така и за публиката, отколку да бараш формула за идеална песна.

Тука некаде лежи и нашата врска со камелеонството, ако така повеќе сакате. Може да се сфати како камелеонство, но и не мора да значи дека е така. Еве, тоа нека биде интересното во нашата музика, затоа што сè е на некој начин различно. Без разлика колку нешто е различно од претходното, секогаш нè препознаваат, што значи дека и не е многу различно. Тоа е исто како кога различно се облекуваш, или имаш различно расположение, а сепак си ти. Не можеш секогаш да кажуваш вицови, некогаш сакаш да споделиш и тажна приказна, или нешто весело, или љубовно… Најчесто нашите приказни се, да, љубовни, но во нив може да се препознае и нешто друго.

ЦИВИЛ МЕДИА: Не е првпат да настапувате на настан на Цивил, а сте учествувале на повеќе концерти поврзани со човековите права, во хуманитарни акции. Велат дека е полесно пораката за вакви теми да допре до луѓето преку музиката. Кој е вашиот впечаток од овие настани и атмосферата што ја доживувате на нив?

ФОЛТИН: Хуманост, човечност, споделување на човечност… Дали сè ова допира повеќе преку музиката? Можеби музиката ќе предизвика некакви чувства, нежност, возбуда и веројатно е дека може да ги изиритира слушателите да обрнат повеќе внимание на хуманост. Да, веројатно.

Меѓутоа, јас мислам дека прашањето со човековите права е малку покомплексно и ако го разгледуваме како општествена појава, тогаш може да кажеме, да човековите права се општествена појава, нешто што треба да му следува секому. А нашето учество на некој хуманитарен настап не го гледаме како борба за човекови права, туку како нешто човечко односно хумано… Тоа не е нешто општествено, ами е дел од личната природа на човекот. Ние не размислуваме дали ќе предизвикаме хуманост, а самото тоа дружење на ваквите настани, заради одреден повод, е всушност хуманост. И сметам дека за неа не треба да се зборува, туку треба да се практикува. А во однос на тоа каква е улогата на музиката во целиот тој процес, не знам, не сум сигурен. Веројатно може да ја разбуди човечноста, сепак е некаква магија, може да предизвика чувства коишто можат да предизвикаат поголем стимул на човечноста во нас.

ЦИВИЛ МЕДИА: Многу од уметниците се жалат на функционирањето на културата во нашето општество, лоши услови, малку пари, мал пазар, непочитување на авторските права. Кои се најчестите препреки за музичарите/уметниците? Магични решенија нема, но од некаде треба да се почне.  Што да се направи најитно за подобра иднина за нашите уметници?

ФОЛТИН: Па, еве ги кажавте најголемите препреки. Кај нас, да, пазарот е мал. Во светот ретко кој чека од државата пари за уметност. Прво би рекол дека државата најверојатно не е таа којашто треба да ја плаќа културата. Но да ја стимулира во секој случај. Што значи тоа? Јас не би очекувал државата да ми дава пари за да се занимавам со уметност, но би сакал да стимулира продукција, односно производство на уметност. И истата таа уметност потоа да се нуди, како готов продукт.

Кај нас со државни средства, се стимулираат балкански изведувачи. Имаме разни свечености во текот на целата година по градски плоштади, по домашни фестивали… Јас не велам дека не треба да имаме странски изведувачи пред домашната публика. И нашите уметници треба да учат од некои поголеми изведувачи, но кај нас има наезда од балкански турбо- фолк кој ни се сервира како преку медиуми, така и и преку сите можни плоштади и летни сцени. Јасно е дека не можеме да имаме комплетно домашна продукција, меѓутоа треба да биде многу поголема од онаа која ја имаме, затоа што немаме никаква! Тука може да се вложат државни средства, за да може да расте квалитетот на домашната сцена, до година да биде подобра, па наредната уште подобра и сите тие настани да се исполнат со домашни артисти. Мора сето тоа покомплексно да се искреира, за да може некој да почне да се надева дека може да живее од уметност. Тука реално не може да се живее од уметност!

ЦИВИЛ МЕДИА: Сигурно е дека уметноста е ваша главна преокупација, но кои прашања најмногу ве преокупираат како граѓани кои живеат во општество, со многу предизвици?

ФОЛТИН: Сигурно е дека нè тангираат многу предизвици. Живееме во една таква средина која е многу тмурна и воопшто не е весела. Постојано бришеме и се надеваме дека кога ќе го избришеме валканото ќе излезе чисто, но наместо тоа откриваме дека под него има друг слој којшто е уште повалкан. И цело време е тоа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ваша порака за 10 декември – денот на човековите права?

ФОЛТИН: Кога станува збор за човекови права, не смее да има никаков компромис!

Ангела Петровска
обработка на текст: Маја Ивановска
фотографија: Константин Зајков

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ