• Latest

31 јануари: Мицкоски на тапет, разобличено ВМРО-ДПМНЕ, рокови за Законот за ЈО, на чекор до избори…

January 31, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

31 јануари: Мицкоски на тапет, разобличено ВМРО-ДПМНЕ, рокови за Законот за ЈО, на чекор до избори…

January 31, 2020 19:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Дескоска постави рок за поднесување амандмани за Законот за Јавно обвинителство до утре на пладне

По двочасовната средба на работните групи на политичките партии денеска во Собранието, утре до 12 часот е рокот за поднесување на амандмани. Во понеделник, најверојатно во понеделник ќе се одржи нова средба на која ќе се разговара за тоа кои амандмани се прифатливи. На средбата присуствуваа министерката за правда Рената Дескоска, како и претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дескоска рече дека ВМРО-ДПМНЕ на средбата не дале амандмани, туку прочитале забелешки од различни експерти што произлегоа од јавната расправа.

„Ние отворивме и дебата за толкувањето на определени ставови на експертите и видовме дека има различно читање на одредени ставови, така што се побара од нив да подготват амандмани исто како и другите политички групи што доставија и тоа да го направат до утре до 12 часот“, рече Дескоска.

Антонио Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ предложи Министерството за правда да ги повика правните експерти кои дале мислење на расправата за законот и со нив да изготват амандмани. Тој рече дека се подготвени за нови средби.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера да изигрува експерт и затоа предност им дава на правните експерти. Смета дека амандман подготвен од експерти е подобар од амандман подготвен од политичка партија“, изјави по средбата Милошоски.

БЛИЦ: Времето тече, циркузантите со лоши фори и фазони

Џабир Дерала: Министерката за правда, Дескоска, ја притисна стоперицата и почна да одбројува секунди до истекот на рокот за поднесување амандмани за законот за јавното обвинителство. И, како тинејџери пред првиот „судар“, Милошоски и неговите другарчиња се стаписаа и почнаа да редат гафови.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Герберих: Политичарите да не се однесуваат како државата да не им припаѓа на граѓаните

„Се надевам дека претстојните избори ќе  се одржат во демократска, фер и слободна атмосфера. Политичарите треба да престанат да се однесуваат како државата да не им припаѓа на граѓаните туку на политичките партии кои ги претставуваат. Овој начин на однесување  води до поделба на општеството и ги заплашува граѓаните“, изјави амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих на “Билатерални Канцеларии за Младинска Соработка помеѓу Северна Македониja и Грција“.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Злоупотреба на службената положба на МВРО, 100.000 објекти чекаат избори, отпадни „дилеми“, родова еднаквост на кандидатските листи…

Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беше во работна посета на СВР Штип. Но, истовремено, техничкиот министер ја злоупотреби службената посета, користејќи службени возила, придружба и обезбедување. Во текот на работното време, по службените средби во СВР Штип, тој одржа и координативна партиска средба. Според граѓанските пријави што стигнаа на адреса на ЦИВИЛ, Чулев ја искористи службената посета на Штип за организирана партиска средба со активисти и раководители на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и за блокирање на целиот град поради неговата посета.

„Граѓаните вчера го почувствуваа режимот во Штип на еден ден. Пред некое време имавме цела влада овде, а градот тоа не го ни почувствува. Вчера цел град блокиран, на секое ќоше полиција и полициски коли, блокирани улици, на автопатот исто. Велат, имаат протокол министрите, не знам на колку метри да има полиција, ама ова било надвор од контрола. Полиција, полициски коли со ротациони светла на страната по улиците паркирани…“, се вели во една од пријавите на граѓаните.

*

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, СДСМ одлучи до крај да ја застапува родовата еднаквост и изборот на кандидати за пратеници да биде 50-50.

„Процесот на избор за кандидати за пратеници, утврден на 14-тата седница на Централниот одбор на СДСМ ќе биде транспарентен, инклузивен и професионален со цел да се одберат одговорни, чесни професионални личности, кои уживаат углед и доверба во професиите и во местата на живеење“, соопштуваат од партијата.

Во меѓувреме СДСМ, како партија на власт, може да се пофали и со намалување на државниот долг. Според Министерството за финансии, јавниот долг е стабилизиран, умерен и изнесува 48,9 отсто од БДП. Јавниот долг од 2008 до 2016 година скокнал од 23 на 48,8 отсто од БДП.

Кога е во прашање економијата, и актуелниот премиер Оливер Спасовски, не пропушти, следејќи го трендот што го наметна неговиот претходник Зоран Заев, да се пофали на Фејсбук: „По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт“.

*

Судбината на околу 100.000 објекти по се изгледа дека станува неизвесна до завршувањето на парламентарните избори. Пред овој период нема надеж дека поднесениот закон од  Владата ќе се изгласа во Собрание. ВМРО-ДПМНЕ не дава сигнали за отстапка од 1000 амандмани со кои го блокирал Законот за легализација на објекти изградени после 2011 година до 2019 година. И покрај повиците на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, за решение на проблемот на 100.000 домаќинства, од собраниските колоари се дознава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите со кои дискусијата би траела со години.

*

Од граѓанските активности денот го одбележа протест пред Собранието, со кој се бара гласање на закон за забрана на отпад. Учесниците на протестот велат дека сакаат да извршат притисок врз Собранието да се изгласа законот. Порачуваат, како што велат, дека нема да бидат тивки се додека не се реши ситуацијата со отпадот, и потенцираат дека се потребни конкретни активности за значително намалување на аерозагадувањето.

*

Здружението Еко Герила на прес конференција ја повика Владата да ја проследи одлуката на експертите да ја прогласат Шар Планина за Националниот парк, пред пратениците во Парламентот, со цел да се официјализира оваа одлука и да ги почитуваат оценките и заклучоците на експертите за внатрешното зонирање на паркот.

*

Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ: АНТИКОРУПЦИЈА

„Извештајот на индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година од Транспаренси Интернешнл е пресметан врз база на 7 извори на податоци од 7 независни институции специјализирани во областа на управувањето како и анализа на бизнис климата и дека резултатот се формира врз основа на показатели од последните две години, односно врз основа на проценета корупција во јавниот сектор“, изјави денеска на прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ивановска изнесе дека генералните забелешки утврдени на глобално ниво соодвестуваат и со забелешките за нашата држава, а кои се однесуваат на високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работењето на јавниот сектор и управувањето со судирот на интереси како и недоволен капацитет и неефикасност на контролните и регулаторните тела.

Што се однесува до претстојните избори, Ивановска изјави дека во деновите до почетокот на изборите и за време на изборите, засилено ќе ги следат сите информации кои се објавуваат во медиумите, но и на сите останати начини кои ќе пристигнуваат до нив и дека доколку постои и најмал сомнеж за основно коруптивно однесување, ќе отворат постапки по „допрен глас“, со цел да се испита постапувањето и работењето на политичките партии, како и сите избрани и именувани функционери.

Ивановска истакна дека по утврдувањето на датумот на предвремените парламентарни избори, сведоци се на сè помасовно објавување на огласи за вработување во месец јануари, што иако не е ограничено со Изборниот закони и ЗКССИ, сепак според нив остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО…

Особено интересен настан за јавноста беше оној на Младинскиот Сојуз од Крушево – “Билатерални Канцеларии за Младинска Соработка помеѓу Северна Македониja и Грција“. На настанот се обратија Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, американската амбасадорка, Кејт Мери Брнс, германскиот амбасадор, Томас Герберих, грчкиот амбасадор, Димитрис Јанакакис и пратеничката од грчкиот парламент, Катарина Нотопуло.

Настанот вклучи повеќе од 200 активни млади луѓе од двете соседни земји, Северна Македонија и Грција, а главна цел е културна размена и промоција на важноста на соработката помеѓу младите луѓе од двете земји во духот на помирувањети и градење на добрососедски односки како предуслов за ЕУ интегративните процеси на нашата земја.

*

Во Собранието, пак, попладнево започна третиот дијалог во рамки на процесот „Жан Моне“ на кој учествуваат европратениците Илхан Ќучук, постојан известувач за земјава во ЕП, Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и Марион Валсман, потпретседател на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет.
„Наша цел е да се зајакне улогата на Собранието, и убедени сме дека овој дијалог нуди вистинска можност да се стави Собранието не само во центарот на градење консензус во врска со законодавството за поддршка на реформската агенда на ЕУ, туку и да ja предводи реформската агeнда, употребувајќи ja сета своја важна демократска легитимност, контролна и легислативнa надлежност затоа што се познати нашите стратешки определби, односно членството во НАТО и ЕУ, а за тоа се потребни функционални институции, функционално Собрание“, истакна Џафери.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ интензивно продолжува со своите активности на терен. По успешниот семинар во Гостивар, ЦИВИЛ организира семинар за Југосточниот регион кој ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

СЛОБОДНА ЗОНА

И Брисел и Вашингтон пак, сега предизборно, го кажаа своето. Овој пат за Законот за обвинителство. И нивното настојување пак не е во прилог на притиснатиот Мицкоски. И тој повеќе нема простор за маневри. Дотуркан е до ѕидот, заклучува, од корнер Зоран Иванов.

Тој додава дека: Не е до тронот, до личноста е

„Речиси исклучиво оваа „Римска курија“ е секогаш задолжена – urbi et orbi! – за толкување на „Светото правно писмо“ во Македонија! Тие се и Инквизиција и Опус Деи и Главната канцеларија на Светата конгрегација за евангелска пропаганда, со подеднаков број на машки и женски „Папи“ истовремено, независно од политичката „сезона“ на власт, па иако се меѓусебно скарани и поделени како „шиити“ и „сунити“, не им пречи „здружено“ да владеат со македонското право како расприкажани попови и, особено, попадики, кои мрсат секој петок (и четврток и вторник и сабота и понеделник и недела и среда)!“ – Добро утро со Сашо Орданоски и со „Папската курија“ од Правниот факултет во Скопје“

Ништо не упатува на тоа дека Мицкоски, иако формално е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, има било каква контрола врз партијата. Тој останува тоа што беше уште во мигот кога се дозна за неговата номинација за претседател – марионета на бегалецот од правдата, неговиот ментор и идеолошки стопан. Веројатно, нема ништо повеќе од тоа. До вчера и формално почесен претседател на партијата, Груевски ги влече сите конци, цврсто закачени на сите зглобови на Мицкоски, вели Џабир Дерала во денешниот рафал „Законот за ЈО, последниот тест за Мицкоски“.

Биљана Јордановска

во соработка со: Маја Ивановска, Ангела Петровска, Дијана Тахири, Арбен Зеќири, Зоран Иванов, Сашо Орданоски, Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ