• Latest

Глутницата на Груевски и Мицкоски

February 10, 2020

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Глутницата на Груевски и Мицкоски

Партиската милитантна глутница на Груевски и Мицкоски ги тероризира пратениците што сакаат да гласаат за Законот за јавно обвинителство. Јавноста мора да дознае што се случува. Неказнивоста и дивеењето мора да престанат еден ден.

February 10, 2020 09:53
in КОМПАС, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Групата на Мицкоски е во засилена секојдневна координација, поточно, под команда на „азилантскиот шатор“ во Будимпешта. Во сета врева и скандали што се секојдневно ги продуцираат турбо-фолк (техничките) министерки и министри во владата, веќе уморната јавност не успева да препознае што ѝ се случува пред носот, а за подземјето и да не говориме.

Но, јавноста има право да знае! Пратеничките и пратениците во македонскиот парламент се под напад од криминалните структури. Важни се сите сознанија за гротескните и подеднакво насилнички постапки и скандалозно однесување и злоупотреби на националистите и турбо-фолкерите. Но, уште поважно е како сето тоа ќе заврши и дали државата ќе успее да се извлече од продолжената серија удари под појасот што ги добива правосудниот систем.

Јавноста, македонските граѓанки и граѓани имаат право да знаат што се случува со нивната држава. Намерно или ненамерно, јавноста „пропушти“ да види дека во тек е подземен атак на правната држава. За што се работи?

Како што дознавме деновиве, се разгорува подземната кампања чија мета е парламентарниот состав – да не се изгласа Законот за јавно обвинителство. Не е важен бројот на пратеници што се нападнати. Еден нападнат пратеник е како да е нападнато целото Собрание. Не е важно дали некој ги сака или не ги сака, се работи за напад врз демократијата. Пратениците кои сакаат да бидат тоа што се, избраници на граѓанките и граѓаните, чиј фундамент е обврската и правото да гласаат по своја волја, се под невидени закани – тоа е важно. Тие не се под притисок на јавноста или лоби групите што би се обиделе да ги убедат да гласаат вака или онака, туку се нападнати и се соочуваат со теророт што е под диктат на будимпештанскиот азилант.

Дознавме дека во тек е кампања со секојдневни телефонски повици и пораки со закани по животот на пратениците, но и со гнасни закани по имотот, честа, безбедноста и животот на нивните семејства. Ете, тоа ни се случува! Заканите со крвава одмазда можат да се видат и на социјалните мрежи, на графитите што се пишуваат во непосредна близина на домовите на пратениците на македонското собрание. Телефонските повици и пораки се најдиректниот атак со кој се соочуваат луѓето од кои се очекува да ја зацврстат правната држава со својот глас за Законот за јавно обвинителство.

Началството на партијата што ја држеше македонската држава под тешко заробеништво, во изолација, сиромаштија и страв, со криминал и насилство, не сака да оди в затвор. Тоа е единствениот мотив, тоа е императив на целокупното политичко дејствување овие години.

Неспоредлив е теророт што го спроведува политичкото радикално и антизападно подземје на чело со Груевски и Мицкоски деновиве со оној пред една година, кога се обезбеди македонската иднина во НАТО и ЕУ, по усвојувањето на уставните измени соодветни на историскиот договор за надминување на грчко-македонскиот спор со кој нашата земја се врати на мапата на светот. Што значи тоа? Се разбира, јасно е дека името и не им значело ништо, ниту пред една година, ниту било кога во минатото. Ниту името, ниту идентитетот и јазикот им биле важни. Но, паничниот страв од одењето в затвор и осудите за нови судски предмети за тешките криминали, ги покрена структурите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да посегнат по директни и индиректни, но секако тешки и нечовечни закани по пратеници кои одлучиле да гласаат за законот што ќе го крене правосудството од мртвите.

На луѓето на Груевски и Мицкоски мора да им се застане на патот. Тоа е исто како да кажеме дека на криминалот, насилството и распадот на државата мора да им се застане на патот. Неказнивоста и дивеењето мора да престанат еден ден.

Добро утро.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Tags: ГруевскизаканиЗакон за ЈОМицкоскипарламентправда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ