• Latest

ХОПС бара нов закон за „легализирање на канабисот за медицинска употреба”

February 10, 2016
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ХОПС бара нов закон за „легализирање на канабисот за медицинска употреба”

February 10, 2016 14:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата на Министерството за здравство дека законски ќе се „легализира марихуаната за медицинска употреба”, и откако со Предлог – закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции беше предложено регулирање на медицинската употреба на деривати на канабис, здружението ХОПС (Опции за здрав живот – Скопје), како експертска организација која две децении работи во сферата на употребата на дроги, веднаш реагираше.

Иако не биле повикани активно да се вклучат во јавните расправи, активистите од ХОПС се обидоа да укажат на недоследностите, на кои предлагачите на законските измени досега воопшто не реагирале. .

Затоа, ХОПС денеска одржа прес-конференција пред Собранието на Република Македонија, на која беше повторен ставот оти конкретниот начин на регулирање, нема да придонесе за поголема достапност на канабисот и на неговите деривати до луѓето со одредени медицински состојби, на кои им е и најмногу потребен

На прес-конференцијата зборуваа активистите Христијан Јанкуловски, Влатко Деков и Хајди Симоновиќ – Штерјова, подржани од триесеттина активисти и од Давор Ангеловски и Миша Симоновиќ, кои дадоа изјави за личното, позитивно искуство со употребата на канабисот и за неговото влијание.

Извршниот директор на ХОПС Јанкуловски рече дека е проблематично ограничувањето, според кое, продуктите од канабис може да ги препишуваат само четири специјалистички насоки – невролози, инфектолози, радиолози и онколози, а не е вклучен поширок круг стручни лица. Според него, иако канабисот се употребува над 20 години за очен притисок, на пример, офталмолозите нема да може да го препишуваат, како ни реуматолозите..

Здружението ХОПС затоа смета дека со предложените законски одредби ќе се ограничи листата на болести за кои би можело да се користи канабисот во медицински цели, воведувајќи премногу строги критериуми и бара повлекување на Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции од собраниска процедура, и во најбрз можен рок изработка на посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабис, а во кој, фокусот ќе биде ставен врз правата на пациентите и достапноста на канабисот до сите на кои им е потребен.

Давор Ангеловски потенцираше дека пробал за да види дали ќе му помогне канабисот: „Кај мене помага, така што, јас се прашувам – дали треба да чекам и да ризикувам затвор за оние да решат дека за болка помага и дека треба да ми се помогне?“.

Давор Ангеловски
Давор Ангеловски

Мишел Симоновиќ, кој боледува од Кронова болест, побара при донесување на законски измени да се консултираат засегнатите страни: „Во светски рамки има докази дека (канабисот) помага во нашата состојба. И ние би сакале да бидеме опфатени во групата, за да можеме легално да го користиме. Апел до Владата и органите да подразмислат и да бидеме контактирани, да донесеме правилен закон каде ќе можат повеќе групи да бидат опфатени за користење на придобивките од конопот“, рече Симоновиќ.

Здружението ХОПС изготви и Анализа на Предлог-законот од која произлегуваат и следните заклучоци.

– Иако цел на предложените измени на Законот е регулирање на медицинската употреба на конопот, произлезе дека предложените одредби не и служат на најавената цел, туку напротив фаворизираат финансиски моќни правни лица кои ќе го контролираат пазарот со канабис и неговите деривати;

– Поради предложените одредби со кои се уредува начинот на производство, чување и преработка на канабисот, со кои се става голем финансиски товар на правните лица кои би ја работеле оваа дејност, очекувано е крајниот производ да биде со висока цена, а со тоа недостапен за најголемиот дел од луѓето на кои им е потребен;

– Алармантен е предлогот за воведување на казнени одредби во овој закон, со кои се криминализира личната употреба на канабисот, што претставува дополнително регулирање на материја која веќе е регулирана со Кривичниот законик, што е спротивно на Уставот и предизвикува правна несигурност на граѓаните на Македонија.

Агнеса Чаволи

Tags: Агнеса ЧаволиболестВлатко ДековДавор АнгеловскиМакедонијамарихуанаМинистерство за здравствоМиша Симоновиќопојни дрогиУставХајди Симоновиќ – ШтерјоваХОПСХристијан ЈанкуловскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ