• Latest

Прилеп: Директорката на домот – должник селективно ги санкционира вработените

March 10, 2016

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Прилеп: Директорката на домот – должник селективно ги санкционира вработените

March 10, 2016 13:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Нема мобинг врз вработените, зашто јас никому не отидов дома“, категорична е Ирена Стерјовска Локвенец, директорка на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп.

Таа целосно ги демантира обвинувањата на дел вработените за постојано малтретирање кои во текстот на граѓански новинар од Прилеп, ги објави минатиот месец ЦИВИЛ Медиа, како и за вршење класичен мобинг врз дел од вработените, откако седна во жешката директорска фотелја, од која треба да исплати 15 милиони денари, долгови на нејзниот претходник Дарко Рибароски.

Тој пак безбедно си замина на старото работно место, во Секторот за општи работи во Општина Прилеп, откако долговите кон доверителите ги достигнаа овие милионски суми, домот остана без огрев, без квалитетна храна за штитениците кои сами си купуваа лекови, со блокирана сметка и во агонија – колку за вработените, уште повеќе за штитениците, кои побараа помош од медиумите.

ЦИВИЛ Медиа ја објави сторијата на граѓанскиот новинар за случувањата во оваа општинска јавна установа, во којашто, според наводите на вработените, во простории на домот, каде што се згрижени 130-ина штитеници, се одржувале и партиски состаноци во пресрет на Годишното Собрание на Унијата на жени на владејачката партија во Скопје, но и состаноци со инструкции за дел од вработените – членови на ВМРО ДПМНЕ, кои требало да направат списоци со одреден број сигурни гласачи за престојните избори.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=4teRu2mTopk[/youtube]

„За тие вработени кои кажуваат дека има мобинг, тие го отвораат домот во 12 часот навечер, кога не е дозволено примање на приватни посети во домот. Ако мислите на мобинг, јас никому дома не сум отишла, туку побарав од вработените да ги отворат нивните работни шкафови. Мислам и би требало да ве информираат што беше најдено во нивните шкафови, коишто не се нивна приватност, овде. Тие се во рамки на оваа установа. Сигурно сакате да знаете дека имаше течни сапуни, дека имаше паштети во нивните шкафови, црни кеси за ѓубре, хигиенски средства… Тие вработени се опоменати, тоа беше на почетокот од моето поставување-директор на оваа установа. Меѓутоа доколку во нареден период се утврдат такви незаконски активности на вработените, секако дека ќе се преземат и санкции кон истите“, категорична е Стерјовска Локвенец.

За овие вработени директорката најави санкции, но Стерјовска Локвенец, како што вели, не презела никакви мерки против вработениот стражар, којшто неодамна предизвика инцидент, го фрли микрофонот во обид да спречи новинарска екипа да снима репортажа за катастрофалните услови во домот, извикувајќи „СДСМ никогаш нема да дојде на власт“. Иако дозвола за снимање, даде токму Стерјовска Локвенец, а штитениците со коишто е снимена репортажата,беа граѓани, кои што лично ги потпишале договорите за нивен престој во домот.

 „Стражарот работи, од 7 до 15 часот. Јас немам информации дека имало инцидент овде во домот со некоја новинарска екипа. Вие ме информиравте, но вработениот сосема спротивното го тврдеше, така да вие неовластено без негова дозвола сте снимале. Да, јас дадов дозвола. Но, вие треба да знаете дека во нашиот дом има штитеници и за нивно снимање, треба да се добие одговор од овластени лица, за нив потпишале договор со домот“, рече директорката Стерјовска Локвенец.

За вистинската состојба беа објавени стории и во други медиуми, а во една од нив, чиј автор е истотака новинарката на ЦИВИЛ Медиа, соговорниците-штитеници во домот, зборуваат сосема рационално за тешките услови во кои живеат, а ги поддржуваат и нивните резигнирани роднини.

Поради сите проблеми, министерката Фросина Ташевска Ременски, побара од Државниот завод, да изврши ревизија врз финансиското работење на домот и најави инвестиции, за санирање на катастрофалните услови за живот на штитениците, особено на првиот кат од оваа установа.  На нејзина иницијатива за првпат по пет години, ќе се изврши реконструкција на домот.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=kqiWCQk0_cY[/youtube]

Пред десетина години, со инвестиција на претходната влада од СДСМ, во Домот за стари лица во Прилеп, беше изграден вториот кат, обезбедени беа оптимални услови за згрижување на штитениците. Тогаш, со половина од сегашните 41 вработен, им беше овозможена целосна нега и грижа за штитениците.

Денес, пак и со толку вработени, а од нив дваесетина ангажирани како партиски кадри на владејачката коалиција, оваа општинска јавна установа само продуцира загуби. Луѓето во трето доба, кои од својот џеб го плаќаат  престојот овде, живеат во несоодветни услови, купатилата се распаѓаат, од сите страни се шири непријатен мирис.

Но, јавноста ја бара вистината, каде се потрошени парите на граѓаните, кои се слеваат по разни основи во оваа установа. Ревизијата треба да го даде одговорот каде се одливале средствата коишто штитениците ги плаќале од својот џеб, каде се трошени парите од блок дотациите.

Наместо селективен пристап кон вработените и ситни проверки на шкафовите – дали некој зел сапун или чај од кујната (за што треба да се има организирано систем на заштита) раководството треба да ја троши енергијата во откривање на милионските загауби и во реализација на наменски проекти, зашто домот не е приватна, ни партиска своина, туку установа која ја градиме ние со нашите пари, за нашите граѓани.

Моника Талеска

Tags: дом за стари лицаИрена Стерјовска ЛоквенецМоника ТалескаПрилепРеменскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ