• Latest
Џевдет Хајредини (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Хајредини: Зад национализмот се крие корупцијата

September 3, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Хајредини: Зад национализмот се крие корупцијата

Oчигледна e тенденција на одредени политички структури во земјата, меѓутоа и надвор од неа, кои се насочени кон континуирано опструирање на процесите, па и дестабилизација на Република Северна Македонија, токму преку јакнење на национализмот. Национализмот го гледаме како алатка во политчката борба и сѐ почесто го гледаме и во медиумскиот контекст, во јавната комуникација и на социјалните мрежи, но и преку јавните настапи на политичари, членови на академијата, експерти, интелектуалци... Хајредини доаѓа до една важна констатација, а тоа е дека национализмот е само маска за корупцијата и ништо друго!

September 3, 2020 10:43
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Џевдет Хајредини (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Џевдет Хајредини (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за национализмот, од различни аспекти. Негов став е дека национализмот е само маска за корупцијата и ништо друго. Контекстот во кој разговаравме со Хајредини е очигледната тенденција на одредени политички структури во земјата, меѓутоа и надвор од неа, кои се насочени кон континуирано опструирање на процесите, па и дестабилизација на Република Северна Македонија, токму преку јакнење на национализмот. Национализмот го гледаме како алатка во политчката борба и сѐ почесто го гледаме и во медиумскиот контекст, во јавната комуникација и на социјалните мрежи, но и преку јавните настапи на политичари, членови на академијата, експерти, интелектуалци…

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали можете, според вашите искуства, анализи и размилсувања, да опишете каква е ситуацијата во РСМ, сега во овој период, во поглед на национализмот и во поглед на меѓуетничките и верските односи?

ХАЈРЕДИНИ: Кога ми најави дека на оваа тема сакаш мое изнесување пред камера, ми текна да цитирам една мислам на Шарл де Гол, меѓу другото знаеме кој бил Шар Де Гол, тој бил познат, истакнат историчар покрај другите негови особини. Тој одамна, еднаш кажал дека е убеден дека единствена движечка сила на меѓународната сцена е нацијата, а не идеологијата, и тој дава ред примери и од историјата на 19 век на односите меѓу големите сили во Европа и Русија и во 20 век. Тој кажува и докажува дека идеологијата апсолутно не била во прашање, туку нацијата, дека со фашизмот бил маскиран германскиот национализам, со словенскиот комунизам бил маскиран нивниот национализам. Но, да не ширам многу, тој ги давал примерите од историјата, а јас би го додал и постоењето на Југославија и пред Втората светската војна. И во комунизмот, освен како доминантни словенски нациии, внатре во неа и во рамките на таа Југославија, била маска на српскиот национализам и во текот на комунизмот, а не идеологијата.

На Сталин кога му било тесно по почетокот на Втората светска војна, тој ги повикал поповите, за да го покрене чувството на национализам кај Русите и со помош на црквата против фашизмот и мислам дека овој факт не може никој да го побие, дека е идеологија. Сега се враќаме, имајќи го предвид ова што го кажав, дали кај нас и пред доаѓањето на плурализмот и после дури можам да кажам и за состојбите во Македонија пред и после 90-та година, овие 30 години. Сите проблеми, бидејќи викаме дека тоа било идеологија, братство и единстсво, рамноправност на јазикот, на работничката класа итн., тоа било само маскирање на национализмите кај народите. Затоа сакам да ја заокружам оваа идеја, за да ја имаме  предвид и при оценувањето на актуелните настани, а особено на овие 30 години, состојбата со меѓуетничките односи во Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во денешен контекст национализмот има тенденција да подели и да сее страв меѓу различните заедници во земјата, имаме две големи зааедници кои по многу прашања се спротиставени, и тоа токму националистичките групации во рамките на тие етнички заедници се најгласни во тоа антагонизирање. Дали навистина и во контекст на тоа што го слушнавме до сега, меѓутоа и во контекст на актуелните процеси, дали етничките Македонци имаат право да се плашат, односно дали имаат право да кажат дека се загрозени од албанскиот национализам?

ХАЈРЕДИНИ: Тоа дали Македонците се плашат или не, е нивен проблем. Ако не знаат како да ги решат проблемите, ќе се плашат ама секогаш тоа од кое се плашиш се случува. Тие треба да бидат на ниво, да ги решат националните интереси, стандард, тоа што денеска светот го бара да го решат, сами.

Откако зборував, денеска национализмот овде кај нас, за жал после сето тоа стана маска на корупцијата и кај едниот и кај другиот, бидејќи решени се крупните стратешки интереси, сега национализмот, а зад него прибежише наоѓаат корумпираните политички елити, особено кога збориме за Албанците и елитите во Албанија и на Косово и овде во Македонија,  за да се одржи на власт во 20-30 години со исклучивии мотиви, да го присвојат народниот имот, да се збогатат, необразовани и стручно неспоснобни итн., и ама  апсолутно неидеолошко чисто корупциски мотивирани однесувања.

Корупцијата се маскира зад национализмот, како што зборувавме, за идеологиите на нациите во минатото, сега зад тоа е само корупцијата и ништо друго.

Џабир Дерала
обработка на текст: Мелиса Муриќ
камера и монтажа: Ариан Мехмети 

 


Ова интервју се подготви како дел од Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ во кој говорат и пишуваат истакнати активисти и експерти, како и заинтересирани граѓанки и граѓани кои во своите обраќања до Организацијата даваат свој придонес кон повикот за граѓанско учество во креирањето на политиките во нашата земја. Една од темите на Граѓанскиот форум е и национализмот за кој се говореше и на дводневната сериоја настани на 18 и 19 август 2020 г.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ