• Latest

Преглед на настани: Вето од Бугарија, в четврток конференција на ЦИВИЛ, ЕБОР со сет мерки за земјава

November 17, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Вето од Бугарија, в четврток конференција на ЦИВИЛ, ЕБОР со сет мерки за земјава

November 17, 2020 17:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Захариева: Бугарија, во оваа фаза, не може да ја одобри преговарачката рамка за Република Северна Македонија

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка, пренесува СДК.

Захариева, на брифинг со бугарските новинари по видеоконференцијата со колегите од ЕУ, кажа дека Бугарија не ја одобрила рамката за Македонија затоа што не ги одразува бугарските барања, вклучувајќи ги оние за македонскиот јазик и македонското малцинство.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Конференција на ЦИВИЛ за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во четврток, на 19 ноември во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.

На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија.

ПРИЈАВА ЗА ОНЛАЈН УЧЕСТВО

Кочани ќе се украсува со стари украси, предвидените 400.000 денари ќе се пренаменат за справување со Ковид-19

Вевчани ќе се украсува со стари украси за новогодишните празници

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, смета дека засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

Од кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски во целост ја демантираат изјавата на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи искажана во емисијата „Клик Плус” на ТВ21.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска.

Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.

Министерството за труд и социјална политика ги продолжува консултациите за иницијативата недела да биде прогласена за неработен ден, во чии рамки денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со претставници на Независната угостителска комора.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Бугарското вето за Македонија доаѓа во многу лош момент за сегашната власт, а и за целата држава. Многу енергија и надежи се вложија околу почетокот на преговорите со ЕУ, иако тој датум, инаку, има само симболична важност за процесот на преговарање –  во годините што доаѓаат, сите ќе заборавевме кога и како почнале преговорите, преокупирани со сериозните општествени реформи што ќе требаше да се одвиваат под будното око на ЕУ!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Зимата доаѓа, а којотите ќе дојдат по своето…“.

„Кој крадел, крадел. Ако сега уплати во буџетот на државата 10% од украденото може легално да стане богат и угледен инвеститор во државава. Така отприлика би можело да се преведе изјавата на премиерот Заев кој гласи:Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем. Што е под истрага, што е кривично гонето и дали воопшто постојат такви постапки премиерот не кажа. А ние добро знаеме колкав е обемот на сивата економија во системот и колку пари се одлеани од Македонија кон даночните егзотични земји кои се воедно и даночни раеви. Се разбира постои и голем капитал кој е во земјава и е надвор од системот“, пишува Перо Наумовски во колумната „Даночна(фискална) амнестија, лоша идеја“

А. П. .

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ