ВЕСТ НА ДЕНОТ: Захариева: Бугарија, во оваа фаза, не може да ја одобри преговарачката рамка за Република Северна Македонија
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка, пренесува СДК.
Захариева, на брифинг со бугарските новинари по видеоконференцијата со колегите од ЕУ, кажа дека Бугарија не ја одобрила рамката за Македонија затоа што не ги одразува бугарските барања, вклучувајќи ги оние за македонскиот јазик и македонското малцинство.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Конференција на ЦИВИЛ за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот
Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во четврток, на 19 ноември во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.
На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија.
Вевчани ќе се украсува со стари украси за новогодишните празници
ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерот за здравство Венко Филипче, смета дека засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.
Од кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски во целост ја демантираат изјавата на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи искажана во емисијата „Клик Плус” на ТВ21.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска.
Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.
Министерството за труд и социјална политика ги продолжува консултациите за иницијативата недела да биде прогласена за неработен ден, во чии рамки денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со претставници на Независната угостителска комора.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Бугарското вето за Македонија доаѓа во многу лош момент за сегашната власт, а и за целата држава. Многу енергија и надежи се вложија околу почетокот на преговорите со ЕУ, иако тој датум, инаку, има само симболична важност за процесот на преговарање – во годините што доаѓаат, сите ќе заборавевме кога и како почнале преговорите, преокупирани со сериозните општествени реформи што ќе требаше да се одвиваат под будното око на ЕУ!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Зимата доаѓа, а којотите ќе дојдат по своето…“.
„Кој крадел, крадел. Ако сега уплати во буџетот на државата 10% од украденото може легално да стане богат и угледен инвеститор во државава. Така отприлика би можело да се преведе изјавата на премиерот Заев кој гласи:Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем. Што е под истрага, што е кривично гонето и дали воопшто постојат такви постапки премиерот не кажа. А ние добро знаеме колкав е обемот на сивата економија во системот и колку пари се одлеани од Македонија кон даночните егзотични земји кои се воедно и даночни раеви. Се разбира постои и голем капитал кој е во земјава и е надвор од системот“, пишува Перо Наумовски во колумната „Даночна(фискална) амнестија, лоша идеја“
А. П. .