Во нашиот образовен, училишен и политички дискурс не смее да има простор за говор на омраза. Социјалните медиуми се преплавени не само со невистини, туку и со многу омраза. Мултиетничка држава нема луксуз да толерира говор на омраза. Затоа што како и со сите нешта, омразата е збор. Мултиетничка држава нема луксуз да има учебници каде што едната етничка припадност се смета за супериорна пред другата. Мултиетничка држава нема луксуз да толерира интелектуалци со богати академски кариери кои сеат страв кај народот и наметнуваат фашистички тези на етно-националистичката и јазичната надмоќ. Една мултиетничка држава не може да дозволи различностите да се третираат како хендикеп наместо да бидат универзално признати како приоритети, како суштинска вредност на постоењето во овој свет.
Беса Арифи
9 ноември 2020 година
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.