• Latest

Градоначалникот на Кочани за ЦИВИЛ: Нема да дозволам да се нарушат меѓуетничките односи, секој проблем ќе го решаваме со дијалог и разговор

April 22, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Градоначалникот на Кочани за ЦИВИЛ: Нема да дозволам да се нарушат меѓуетничките односи, секој проблем ќе го решаваме со дијалог и разговор

April 22, 2021 13:23
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од тимот на ЦИВИЛ оствари средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, на која се разговараше за меѓуетничките односи, соживотот, толеранцијата, европските перспективи… По средбата, градоначалникот Илијев даде интервју за ЦИВИЛ Медиа за последните случувања во населбата Трајаново Трло.

Тој вели дека го осудува секое насилство, разбојништо, несогласување и непочитување на законите и додава дека случајот со тепаното дете во кочанско „Трајаново трло“ (на 11 април) е изолиран случај и не е поврзан со протестот каде што група граѓани на 8 април протестираа да престанат кражбите и нападите во нивните домови. Но, тие протестираа и да не се изгради нова населба до нивната каде би требало да бидат сместени лицата кои нелегално живеат во Старата касарна во Кочани.

„Во тоа маало граѓаните постојано се жалат дека има кражби. Поради тоа во Трајаново Трло самите жители се самоорганизираа да се штитат од провали и кражби. Јас остварив средба со дел од иницијативниот одбор и началникот на полиција во Кочани за да изнајдеме решение како да се стави крај на кражбите, како и да се спречи загадувањето на воздухот и да не се создаваат депонии“, вели тој.

Градоначалникот на Кочани вели дека веќе е одобрен проект за изградба на типски куќи за 28 семејства кои се социјално загрозени.

„На 8 април на Меѓународниот ден на Ромите сакавме да поставиме камен темелник за отпочнување на изградба на типски куќи каде е планирано да се сместат сите 24 семејства кои живеат во Старата касарна во Кочани и уште неколку други семејства кои се социјално загрозени, без разлика на нивната етничка припадност. Меѓутоа, на 7 април добивме писмо од непознати нарачатели преку кое бевме известени дека локалните жители на Трајаново Трло нема да дозволат да се изгради до нив нова населба. На 8 април жителите на Трајаново трло организираа мирен протест, но на протестот беше истакнат и транспарент „Само преку нас мртви“ кое јас го осудувам и тоа не треба да ја отсликува сликата за соживотот во Кочани“.

Изградбата на станбени објекти во месноста Пресечена Скала во Кочани коишто ќе бидат наменети за сместување на социјално ранливите семејства од Старата касарна, претставува еден од најзначајните проекти во Кочани со кој се решава прашањето на домувањето на лица од ромска националност, коишто живеат во супстандардни услови. Поради реакција на жители од Трајаново Трло, почетокот на работите на изведувачот се одложува додека Советот на Општина Кочани повторно не се произнесе по ова прашање. Тој вели дека следната седница треба да се одржи следната недела во четврток, бидејќи петок е нереботен ден.

„Противењето да се градат планираните објекти за социјалните семејства коишто живеат во супстандардни услови во Старата касарана во Кочани, доаѓа откако е завршена целата урбанистичка постапка, обезбедени се финансиски средства и е избран изведувач на работите. Но, јас нема да делувам спротивно на барањата на граѓаните, ќе се обидам преку дијалог и разговор да најдам решение од кој ќе бидат задоволни сите“, вели Илијев.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев во претходен разговор за ЦИВИЛ Медиа истакна дека по протестот на жителите на Трајаново Трло против изградбата на станбените објекти за домување на семејства во социјален ризик, на 9 април, по петочната молитва (џума) Ромите сакаа да протестираат пред општината, меѓутоа протестот се откажа по неговата средба со дел од граѓаните од ромска припадност на која ги слушна нивните ставови и видувања за ова прашање.

„Се соочивме со огромно незадоволство и револт кај претставниците на ромското население. Тие беа подготвени за мирен протест бидејќи се огорчени од пораките што беа испратени од претходниот протест, со кој група граѓани се противат на градбата на живеалишта за семејствата во социјален ризик. Сепак, со конструктивен разговор во кој заеднички се согласивме дека нема потреба од зголемување на тензиите, тие го откажаа најавениот протест, бидејќи за секој проблем постои мирно решение“, вели градоначалникот Илијев.

Тој упати апел до сите граѓан(к)и да живеат сложно како и досега, да нема енички тензии, несогласувања и поделби, додаде, дека за секој проблем решение мора да има преку конструктивен дијалог и разговор.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ