• Latest

Сафет Бишевац: Живееме во медиумско ропство

May 5, 2016

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сафет Бишевац: Живееме во медиумско ропство

May 5, 2016 12:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите прашавме повеќе видни новинари од земјата што мислат за состојбата со медиумите кај нас. Според Сафет Бишевац, поранешниот уредник во А1 телевизија и поранешен пратеник, Македонија буквално живее во медиумско ропство.

–  Што да мислам за слободата на медиумите во земја која според сите мерења е земја во редот на неслободни земји. Веќе и на најголемите „неутралци“ им е јасно дека ѓаволот ја однел шегата и дека Македонија има голем проблем. Неслободата на медиумите значи и неслобода на граѓани-нот, а неслободата на граѓанинот значи дека некој свесно не’ бута во ропство – економско, медиумско, политичко, во какво сакате. Тоа е целта на режимот на Никола Груевски, да ги владее луѓето како во феудално општество. Тој да биде суверенот, а ние да бидеме поданиците и робовите.

На прашањето дали ситуацијата со медиумите е подобра или полоша од порано, Бишевац вели:

Тоа е неспоредлива ситуација, навистина. Ако пред доаѓањето на оваа гарнитура, односно во првите години на раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2008, сме биле во првите 50 земји по слободата на медиуми, го поминавме патот од делумно слободни земји и сега сме во послед-ните 4 земји заедно со Северна Кореја, Белорусија, Русија, земји за кои светот утврдил дека нем-аат слобода на медиумите. Ние сме во група на такви земји и тоа сигурно не им служи на чест ниту на оние кои управуваат со земјата, ниту на оние кои дозволија да дојдеме во ваква ситуација. Добрите луѓе дозволија злото да се прошири и да метастазира во целото општество.
За Бишевац ваквата ситуација ги загрозува и помалите етнички заедници во Македонија, кои немаат услови за вистинско информирање. Без медиумска слобода за поголемите, нема слобода ни за помалите етнички заедници:

Ако генерално може да се каже дека сите живееме во земја која не е слободна за медиумите можете да замислите како поголема заедница, во каква позиција се помалубројните етнички заедници во оваа држава. Тоа е правопропорционално со  слободата што ја имаме како граѓани. Ако како граѓани не сме слободни тогаш сигурно сме уште помалку слободни како помалубројни етнички заедници. Се’ она што и’ се случува на државата и на големите етнички заедници е мулти-плицирано кога станува збор за помалите етнички заедници кои немаат дури ни елементарни права и услови за вистинско информирање.


ЦИВИЛ – Центар за слобода покани неколку експерти и уредници да дадат свое мислење за состојбите со слободата на изразувањето и медиумските слободи. Овој серијал е дел од проектот за изборен мониторинг – Напред!, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Tags: избориМакедонијаМедиуминовинарствополитичка кризаслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ