• Latest

На ЕУ и треба нов приод за Македонија

May 5, 2016

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На ЕУ и треба нов приод за Македонија

May 5, 2016 16:33
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ да го преточи Извештајот на Прибе и Итните реформски приоритети во акциски план за „владеење на правото“, како нов приод за рано отворање на поглавјата 23 и 24 од преговорите за членство на Македонија, поврзани со судството, темелните човекови права, правдата, слободата и безбедноста, а механизмите на ЕУ во однос на проширувањето да се стават во функција на извршување притисок врз земјите – кандидатки кои го прекршуваат принципот на владеење на правото. Ова се клучните препораки од документот за политики кој беше претставен денеска од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на тркалезна маса одржана во Скопје, на која освен претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, учествуваа и екс-амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере, поранешниот посредник во политичките преговори во земјава, Питер Ванхауте, и новинарот и поранешен потпретседател на белгискиот парламент, Лоде Ваност.

Ванхауте, изнесувајќи го свој став за сегашната состојба и за чекорите во иднина, истакна дека учеството на граѓаните и граѓанскиот сектор е неопходно за да се создаде повторно баланс на силите, бидејќи, според него, во преговорите има една силна страна, и три далеку послаби.  „Изборите на 5 јуни се далечен сон“, категорично поентираше Ванхауте, додавајќи дека граѓанскиот сектор треба да го добие своето место на масата на која се решава судбината на земјата.

Отворени критики кон пристапот на ЕУ спрема Македонија изнесе поранешниот амбасадор на Унијата во земјава. „Млаките реакции на ЕУ создадоа чувство на неказнивост, го намалија влијанието на ЕУ“, посочи Фуере, додавајќи дека ЕУ не смее повеќе да дозволува дискусии од типот „мелење на воденица“, како и дека решението и преговорите не смее да се одвиваат во некоја задна соба надвор од земјава, туку во Македонија, за да има поголема транспарентност и поголемо вклучување на граѓаните.

Белгискиот новинар и поранешен пратеник Ваност рече дека треба да се работи и на запознавање на европската јавност со проблемите со кои се соочува Македонија, која не е воопшто високо на агендата на приоритети на земјите – членки на ЕУ. Според него, за тоа што се случува во Македонија воопшто не се запознаени граѓаните на многу европски земји, а соработката со угледни медиуми и притисокот на јавноста во тие земји кон своите влади може да донесе промена во пристапот кон Македонија.

Освен авторите на текстот на документот, Бојан Маричиќ и Андреа Стојковски од МЦЕО кои ги претставија препораките и наодите на документот, на тркалезната маса говореше и извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова – Пановска, која ги аргументираше барањата кои произлегоа од протестите кои веќе трета недела се одвиваат на улиците на повеќе градови во Македонија.

 

Tags: Извештај на ПрибеМакедонијаполитичка кризареформиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ