ВЕСТ НА ДЕНОТ „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“, порачува Владaта
„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ е мотото на новата кампања на Владата за подигање на свеста на граѓаните за препознавање корупција. Кампањата, која на денешната прес-конференција ја промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Апостол Симовски: Драго ми е што најголемите политички субјекти дадоа поддршка за пописот
Драго ми е што најголемите политички субјекти дадоа поддршка за пописот, и јас сум многу благодарен за тоа, меѓутоа, толку. не ни треба повеќе од тоа, бидејќи ова е сепак една стручна операција, професионална, којашто ние како институција треба да ја спроведеме на најпрофесионален можен начин.
ЕДИТОРИЈАЛ
Граѓанското општество се залага за вредности. Тоа е исклучително важен инструмент во рацете на граѓанките и граѓаните, да ги артикулираат и одбранат своите права и слободи, своите потреби и интереси, да поставуваат барања и да учествуваат во креирањето на политиките и практиките на локално и национално ниво. Граѓанските организации и иницијативи се суштински важни за граѓанското учество во процесите на донесување на одлуките и нивното спроведување, пишува Џабир Дерала во својата анализа „Кој тоа „пере’’пари ‘’
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНИ Одржливиот концепт и циркуларната економија станува дел од речиси секој аспект на секодневието и на граѓаните и на бизнисите. Тоа е тесно поврзано и со иднината и начинот на образование на младите. Тие кои ќе треба да бидат главните носители на борбата со климатските промени мора да се едуцирани
Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека огревното дрво останува главниот енергенс што граѓаните го користат за затоплување на нивните домови во грејната сезона.
ОБРАЗОВАНИЕ Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на втори септември, меѓу учениците, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар
АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА Отакако зачестија случаите на дискриминација од страна на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во наредниот период ќе им одржат обука за дискриминација со цел сензибилизација на возачите, контролорите и други вработени во работата со најразлични маргинализирани групи.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори.
СТРАТЕШКИ СОВЕТ Тоа што се случува во Авганистан, но и сите други геополитички поместувања покажуваат дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план. Исправна е одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, бидејќи сме членка на НАТО и е важно во исцртување на нашата меѓународна позиција
КОВИД 19 Од Министерството за здравство информираат дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.
МУЛТИКУЛТУРА
#НaправиРазлика #ПочитувајГирРазличностите
Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти.
СЛОБОДНА ЗОНА
Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја избриша спонзорираната содржина од својот Фејсбук налог, со која ширеше верска и етничка нетрпеливост, со тоа што ја побара довербата од охриѓан(к)и за, ако случајно победи на локалните избори, да може да го сруши минарето на охридската Алипашина џамија, пишува во својата колумна „ Пиши-бриши „патриот ‘’ Дерхан Муратов.
Д.Мишев












