• Latest

И Заев и Мицкоски очекуваат победа на локалните избори, ДИК ги објави кандидатурите и отфрлените листи, Алијанса за Албанците одржа прес во Тетово

September 20, 2021
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

И Заев и Мицкоски очекуваат победа на локалните избори, ДИК ги објави кандидатурите и отфрлените листи, Алијанса за Албанците одржа прес во Тетово

September 20, 2021 22:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања на ТВ дуел, анкетата на „Брима“ денес главна точка на партиските препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ го промовираше изборниот слоган, Алијансата за Албанците излезе со нови обвинувања на пресот од седиштето во Тетово. Државната изборна комисија (ДИК) ги објави верификуваните кандидатури за градоначалници и советници.

ТВ ДУЕЛ

Лидерите на владејачката СДСМ, Зоран Заев и на опозициската ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерниот ТВ ДУЕЛ на Канал 5 си разменија низа обвинувања за состојбата во земјата. Заев изјави дека заврши времето кога од ВМРО-ДПМНЕ беа и извршители и судии и обвинители, додека Мицкоски, освен морална, побара и кривична и политичка одговорност.

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.

-Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел.

Мицкоски, пак, истакна дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена под знак прашање. ВМРО-ДПМНЕ, според него, ќе освои поголоем број градоначалници од СДСМ и повеќе гласови и на советнички листи, а коалицијата со Села и Гаши, како што додаде, е коалиција против корупција.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски на ТВ дуел

РЕАКЦИИ ЗА АНКЕТАТА НА БРИМА

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  повторно ги вкрстија копјата и излегоа со дијаметрално спротивставени видувања за објавените резултати од анкетата на Брима, во низа партиски  реакции и меѓусебни обвинувања. 

ОБЈАВЕНИ КАНДИДАТУРИ

Државната изборна комисија (ДИК) потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за советници, Има отфрлени две листи за градоначалници, по една во Охрид и Струга и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Алијанса на Албанците на прес конференција од партиското седиште во Тетово, изнесе низа обвинувања за последните случувања во Тетово, и повторно побара одговорност од власта.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ПОТСЕТНИК: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д.Мишев

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ