• Latest
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ, 22 години бескомпромисна заложба за човекови права, слобода и демократија

November 26, 2021

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

ЦИВИЛ, 22 години бескомпромисна заложба за човекови права, слобода и демократија

November 26, 2021 15:32
in ЕДИТОРИЈАЛ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

По неколкугодишна работа на иницијативи и активизам за човекови права, промоција на мултикултурализмот, слободата и еднаквоста во нашата земја, решивме да ја основаме организацијата на која ѝ дадовме едноставно име: ЦИВИЛ. Во периодот пред основањето, посебно би сакал да го издвојам неколкудневниот фестивал „Мултикултура“ во 1996 година каде што учествуваа уметници, поети и музичари и од БиХ и Велика Британија.

На 25 ноември 1999 година, една група македонски граѓанки и граѓани и една Македонка, американска граѓанка, ги удрија темелите на, како што велат некои, а ние, без лажна скромност, го повторивме во соопштението: една од најпознатите организации на граѓанското општество во Република Северна Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода. Групата основачи беше составена од интелектуалци, уметници, новинари, еден бизнисмен и еден работник.

Дваесет и две години подоцна, можеме да констатираме: без калкулации, доследни и бескомпромисни, влеговме во сите битки на македонското општество за демократија и човекови права. Помагавме, колку што можевме и на другарките и другарите во регионот. Не изостана нашето учество ниту во глобалните иницијативи. На секој предизвик одговараме со акција, на секој проблем му спротивставуваме решение.

За дваесет и две години, организацијата спроведе повеќе од 100 проекти во повеќе критични области од општествено-политичките процеси во земјата. Беше пионер на процесот за мир и помирување во 2001 година, една од најпознатите организации која се бореше против нелегалното оружје, водеше големи национални кампањи посветени на мултикултурализмот, човековите права, слободата и демократијата. Популарноста на ЦИВИЛ далеку ги надминува границите на нашата земја и во моментов е една од најреспектабилните граѓански организации на Балканот.

Секој 25-ти ноември е голем ден за нас. Тоа е потсетник за нашата посветеност, доследност и цврстина. Другарки и другари, ви посакувам уште многу успеси во работата и во граѓанскиот ангажман за јакнење на демократијата, владеењето на правото, европските и зелените вредности, мултикултурализмот, социјалната правда, мирот, безбедноста и човековите права и слободи во земјата и во светот.

Благодарни сме за несебичната поддршка и огромната доверба која ни ја подаруваат граѓанките и граѓаните.

Во името на ЦИВИЛ и во свое име, им благодарам и на сите донатори во текот на овие 22 години. Нивната помош е драгоцен придонес кон нашите заложби за подобро утре на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на целиот свет.

Се гордеам што сум дел од ЦИВИЛ. И знам дека моите другарки и другари, сите прогресивни граѓанки и граѓани, со целосна доверба, ќе продолжат со својата поддршка на идеите на нашата организација која изградена на тој начин што е сопственост на прогресивната јавност, на сите правдољубиви и мирољубиви луѓе во светот.

Ќе останеме доследни на принципите и ставовите за кои говоревме од првиот ден на постоењето на ЦИВИЛ. Борбата продолжува.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ