• Latest

Царовска за „Едно општество за сите“: Да застанеме зад храбрите чекори и да бараме резултати

December 16, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Царовска за „Едно општество за сите“: Да застанеме зад храбрите чекори и да бараме резултати

December 16, 2021 17:07
in ИНТЕРВЈУ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември 2021 како дел од годинешното издание Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, преку специјално интервју на оваа тема учествуваше и министерката за образование и наука во Владата на Северна Македонија, Мила Царовска.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите и предизвиците? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за 2022 година? Овие прашања им беа поставени на сите учесници на панелот, претставници на институциите и граѓанскиот сектор од неколку ресори и области.

Министерката Царовска смета дека концептот „Едно општество за сите“ е навистина значаен за државата, за да зрееме како демократија и да се создадат генерации што ќе веруваат во тие вредности. Според неа, оваа Влада има можност да го трансформира општеството од конзервативно и затворено во модерно, отворено општество, кое се грижи секој поединец да ги оствари своите права подеднакво и да се чувствува како дел од процесите на градење на државата.

„ За да постигнеме една таква трансформација на општеството е многу значајно образовниот систем да ја поткрепи Стратегијата „Едно општество“. И токму тоа го правиме. Ако го видите новиот концепт за основно образование, за првпат поставува национални стандарди за учење, тие се усогласени со европските и светски национални стандарди за учење, секако адаптирани на нашите потреби“, потенцира Царовска во интервјуто за Конференцијата „Перспективи 2022“.

Царовска објаснува дека во оваа насока со новиот концепт на образование за првпат се поставуваат и три столба.

„Едниот е инклузија – секој да има еднаков пристап. Вториот е родова рамноправност – нели, тие пораки кои што досега се праќаа а се однесуваа на понижување на жената или ставање на второ место – сега да имаме изедначување и позиционирање на момчињата и девојчињата на еднакво ниво и нашите очекувања од нив да бидат подеднакво поставени таму. И, третата е интеркултура, или, навистина, почитување на сите поединци коишто се во оваа држава подеднакво, и давање шанса за секој, независно од својата етничка припадност, да го постигне својот максимум“, истакна Царовска во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Зборувајќи за резултатите во остварување овој концепт, во интервјуто Царовска посочува неколку примери, меѓу кои и тоа дека на сите училишта кои покажуваат дека интеркултурата и учењето за различностите се и нивна вредност, добиваат и грантови од МОН како поттик за нивните активности.

„Имаме доста такви училишта, мислам дека  97 такви грантови се даваат годишно, коишто навистина ми даваат надеж дека нашето општество е возможно да се трансформира во општество за сите, во коешто сите се почитувани и се чувствуваат како дел од процесите за развој“, истакнува Царовска.

Зборувајќи за предизвиците, таа зборуваше и за отпорите кои се јавија за новиот концепт и реформите во образованието.

Според неа, секоја реформа создава поларизација, се отвора за првпат дискусија за некои прашања коишто биле ставани под тепих.

„Ако вие видите дека едни етнички групи учат една историја, други етнички групи учат друга историја, вие треба да дискутирате која е националната, и како тие можат заеднички да ги учат сите факти коишто е потребно да ги знаат 7-мо, 8-мо, деветтоодделенците. Само така може да изградиме Едно општество. Од друга страна, имате училишта кои се една смена еден етникум, друга смена друг етникум. И Кога сето тоа почнувате да го отворате како дискусија, нормално е да имате поларизација. Нормално е да имате сили кои ќе влечат на другата страна“, објаснува Царовска.

Царовска вели дека тие сили постојано нè држат во едно затворено општество што не може да се развива. Не може да сакаме да бидеме дел од европските земји, а од друга страна да се држиме изолирани во нашите затворени кругови, смета Царовска, повикувајќи на отворена дискусија.

„Ние како држава, едноставно, патиме од тоа да имаме храбри чекори од страна на различни функционери. Кога ќе се направат храбрите чекори, треба да застанеме зад нив и така да бараме резултати. Затоа, што, инаку, секој од нас може да раскажува колку се грижи  за Едно општество, но, многу е позначајно да видиме што прави за да постигне Едно општество“, вели меѓу другото министерката за образование Мила Царовска во интервјуто за ЦИВИЛ, во рамки на Конференцијата „Перспективи 2022“.

 

интервјуираше: Петрит Сарачини

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ