• Latest

Петков во посета на земјава, Бугарија го поддржува самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија, Бубевски именуван за шеф на скопското обвинителство

January 18, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Петков во посета на земјава, Бугарија го поддржува самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија, Бубевски именуван за шеф на скопското обвинителство

January 18, 2022 16:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски – Петков: Бугарија целосно го поддржува самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија

По средбата на премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на денешната заедничка прес-конференција во Владата соопштија дека Бугарија прифатила да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Северна Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Многу сум среќен што можам да кажам дека оттука натаму добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати. Јас многу се радувам за напредокот што беше постигнат денеска и што можам мирно да кажам Северна Македонија“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков, по средбата со Ковачевски.

Тој најави дека за два месеци реалност ќе биде и авиолинијата Скопје-Софија, како уште еден чекор напред во унапредување на соработката.

„Во договорот за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот и во тој правец апсолутно го поддржуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија како и употребата на сите јазици како што се опишани во Уставот. Имаме полно разбирање за тоа и ќе продолжиме да ги третираме сите прашања во тој конструктивен дух, рече бугарскиот премиер Петков.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОДДРШКА Поранешниот германски министер за Европа , и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг, Михаел Рот на својот Твитер налог ја поздрави средбата на македонскиот и бугарскиот премиер во Скопје и истовремено побара признавање на македонското малцинство во Бугарија.

ИНТЕГРАЦИИ Европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите кандидати за членство, така и на членките на Европската Унија, се согласија на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска, која е дел од високата владина делегација на Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, што денеска престојува во официјална посета на земјава.

ДЕМАНТ Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

ОЈО Гаврил Бубевски е избран за нов шеф на Скопското обвинителство, одлучи денеска на Советот на јавни обвинители откако, подолго време ова место е празно, објави Телма.

ЕНЕРГИЈА АД ЕСМ од четврток 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

ОДЛУКА Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

ТЕМА НА ЦИВИЛ

Реакции: Итно потребна е доработка на законот за прогласување на денот недела како неработен ден

Законот за прогласувањето на денот недела за неработен ден сè уште е предмет на дискусии, нејаснотии и различни толкувања. Според ЦИВИЛ, тоа е закон со кој се дава значаен придонес кон унапредување на работничките права, но потребна е доработка.

Се чини дека освен кај Синдикатите, овој закон не наиде на одобрување токму кај оние за кој е наменет, работниците, а особено кај малите сопственици вклучени во  трговијата на мало со овошје и зеленчук. Овој закон отвора неколку прашања поврзани со работничките права, социјалната правда и еднаквоста, за што ЦИВИЛ веќе пишуваше и побара одговори од надлежните институции.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Иако Македонија, де факто, води една од полибералните здравствени политики во Европа во однос на вакцинацијата и генералните ковид-ограничувања, и кај нас квалификациите како „фашисти“, „диктатура“, „терористи“ и слични и понавредливи глупости се редовни епитети во фејсбук-пресметките со здравствените и медиумските професионалци“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Паранојата се лечи, побарајте стручен совет!“.

„Криминалот во Македонија нема партиска, етничка, ниту верска боја. Тој е мултикултурен, мултипартиски и мултиконфесионален. Криминалот е испреплетен меѓу оние кои се моментално на власт, тие кои биле претходно на власт и тие кои се спремаат да дојдат на власт. Тоа овозможува водење божемни процеси, кои имаат за цел само да ја дефокусираат јавноста од очигледната поврзаност на интересите и начинот на делување на навидум спротивставените групи“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Зошто цвета државниот криминал во Северна Македонија?“.

„Иако Ковачевски пред гласањето за новата влада им се заблагодари на пратениците кои го поддржуваа во дводневната расправа, како и за искажаните критики со зборовите:  „Легитимитетот на Владата е неспорен, и со зголемената поддршка на мнозинството, таа е одржлива во следните две и пол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но во 2024 година“ чинам дека и самиот тој по гласањето не верува во искажаното. Посебно мислам дека не е сигурен во делот на одржливоста на тенкото мнозинство. Лично сметам дека многу е тешко да се одржи мнозинство од само 1-2 пратеника плус од неопходниот минимум, а како тоа функционира, видовме во минатото“, пишува Јове Кекеновски во колумната „62 е многу помалку од 64“.

„Како тоа новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија? Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години“, се прашува Никола Груевски од Будимпешта.

Ха, е каде де.

Нема Македонци во Бугарија?

Е, па, нема.

И нормално ќе нема кога силна струја во неговата партија две, три децении во својата ментална матрица, на сметка на националното промакедонство, го негува и го форсира анационалното пробугарство“, пишува Зоран Иванов во БРЗА ПОШТА, „Паднале од Марс“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ