• Latest
Фото: Главниот рабин на Украина, Јаков Дов Блих со украинскиот претседател Володимир Зеленски Фотографија објавена на Твитер од рабинот Блајх.

Главниот украински Рабин го урива изговорот на Путин за „денацификација“ на Украина

March 2, 2022

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Главниот украински Рабин го урива изговорот на Путин за „денацификација“ на Украина

Еврејската заедница е составен дел на Украина и стои со украинскиот народ, влада и вооружени сили во одбрана на Украина. Владата на Украина стои на страната на еврејската заедница откако Украина стана независна во 1991 година.Таа ја бранеше и се спријатели со еврејската заедница. Не треба да ве потсетувам дека претседателот и поранешниот премиер на Украина се Евреи.

March 2, 2022 11:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Главниот рабин на Украина, Јаков Дов Блих со украинскиот претседател Володимир Зеленски Фотографија објавена на Твитер од рабинот Блајх.

Фото: Главниот рабин на Украина, Јаков Дов Блих со украинскиот претседател Володимир Зеленски Фотографија објавена на Твитер од рабинот Блајх.

Share on FacebookShare on Twitter

Јаков Дов Блих, главниот Рабин на Украина, издаде соопштение во кое ја потврдува солидарноста на украинската еврејска заедница со владата и вооружените сили на Украина во одбраната на Украина. Моќни пораки на солидарност, меѓу другите, Имаше и од главниот муфтија на Украина и од Меџлисот на кримскиот Татар, пренесува порталот на групата за заштита на човековите права Харков „Човекови права во Украина“.

Изјавата на главниот Рабин Блајх, сепак, има дополнително значење, со оглед на лагите со кои рускиот лидер Владимир Путин повторно се обидува  да ја оправда агресијата врз Украина. Кремљ тврди дека руската инвазија на Украина има за цел, таканаречена „демилитаризација“ и „денацификација“ на земјата.

Иако директно не ја спомна оваа наводна „цел“ на руската агресија, главниот рабин Блајх не можеше да биде поконкретен Тој на Твитер напиша:

„Еврејската заедница е составен дел на Украина и стои со украинскиот народ, влада и вооружени сили во одбрана на Украина.

Владата на Украина стои на страната на еврејската заедница откако Украина стана независна во 1991 година“.

Тој потоа додаде: „Таа ја бранеше и се спријатели со еврејската заедница. Не треба да ве потсетувам дека претседателот и поранешниот премиер на Украина се Евреи“.

Скриншот од Твитот на главниот Раин на Украина, Јаков Дов Блих

Русија прво се обиде да ја оправда својата инвазија на Крим и воената агресија во Донбас пред осум години, кога Путин тврдеше дека главната грижа на Русија била „оргијата на националистите, екстремистите и антисемитите на улиците на Киев“. Во 2014 година, ваквите тврдења беа многу јавно отфрлени од украинските еврејски верски и граѓански водачи, вклучувајќи го и главниот рабин Блајх. На почетокот на март 2014 година, тој истакна дека антисемитските инциденти во Украина се ретки и дека првиот чин на антисемитски вандализам на Крим се случи два дена откако руските трупи ја презедоа контролата.

„Очекуваме провокација. Очекуваме дека Русите ќе сакаат да ја оправдаат својата инвазија на Украина. Тие веќе во медиумите тврдат дека приврзаниците на Бандера трчаат и напаѓаат синагоги, но ништо од тоа не се случува. Може да има провокација – некој може да се облече како украински националист и да почне да го тепа еврејскиот народ. Не се плашам да направам таква аналогија – ова го правеа нацистите за време на австрискиот Аншлус“, додаде тој

Во интервју за израелскиот весник Хаарец, кримскиот рабин Миша Капустин изрази слични стравови и многу силно го поддржа украинското единство, изразувајќи ја својата желба да живее во демократска Украина.

Хаарец, исто така, објави дека „еврејските лидери цврсто се усогласиле со владата и против руската инвазија. Главниот рабин на Украина, Јаков Блих, потпиша – заедно со другите украински верски водачи – отворено писмо во кое ја повикува Русија „да ја прекине својата агресија врз Украина“ и да ја повлече својата војска од Крим. Во писмото се повикуваат Русите и Украинците да „не веруваат во пропагандата што го разгорува непријателството меѓу нас“.

И покрај таквите многу јавни отфрлања на лажните тврдења на Кремљ, Путин избра да ги повтори, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ,како папагал, послушно ги повторува. Ова, и покрај фактот што претседателот Володимир Зеленски, кој е Евреин, доби изборна поддршка од над 70% од гласачите во 2019 година. (Видете исто така: Фактите за антисемитизмот во Украина кои Русија не сака да се знаат)

Украина има среќа што има многу извонредни верски и граѓански водачи кои жестоко го потврдија единството на Украина и покажаа солидарност со оние кои се соочуваат со прогон на украинска територија под руска окупација.

Во мај 2016 година, соочени со зголемениот прогон на Кримските Татари, кои јасно ја покажаа својата идентификација со Украина, главниот Рабин Блих им се придружи на другите религиозни и кримските татарски водачи во сеќавањето на жртвите на Депортацијата на целиот кримски Татар во 1944 година.

Тој зборуваше елоквентно, предупредувајќи дека „светот не смее да ги игнорира страдањата на Кримските Татари како што некогаш ги игнорираше нашите“.

Репресијата на Русија беше насочена против сите Украинци во окупираниот Крим со изразена граѓанска и проукраинска позиција, но Кримските Татари несомнено најмногу страдаа. Иако тие го сочинуваат мнозинството од 120-те украински политички затвореници кои се држат на окупираниот Крим или во Русија, во Киев живеат и голем број истакнати кримски Татари кои би биле блиску до врвот на руската „листа за отстрел“ доколку најлошото би се случило и Киев падне во рацете на  руските напаѓачи.

Во пресрет на руската инвазија, Саид Исмагилов, муфтија на Духовната управа на муслиманите на Украина, упати потресен апел до сите Украинци да застанат, обединети, во одбрана на Украина.

Токму тоа единство, како и безобразното отфрлање на лагите на Москва, го демонстрираат Украинците веќе три дена, бидејќи Русија тврди дека ја „демилитаризира“ и „денацифицира“ Украина со пукање и бомбардирање на амбулантни возила; градинки,  станбени области и храбри војници кои стојат во одбрана на својата татковина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој и самиот има евројско потекло, осврнувајќи се на вчерашниот руски напад врз Бабин Јар – местото на масакрот на Евреите од Втората светска војна од страна на германските окупаторски трупи и украинските помошници, ги повика Евреите ширум светот да го осудат ракетниот напад на територијата на Меморијалниот комплекс на холокаустот Бабин Јар во Киев.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ