• Latest
Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Митовите за руската воена моќ: Непостоечки тенкови, прекин на производството и поправките на тенковите и ракетните системи

April 20, 2022
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Митовите за руската воена моќ: Непостоечки тенкови, прекин на производството и поправките на тенковите и ракетните системи

Се чини дека пропагандата е единственото вистински моќно оружје произведено во Русија.

April 20, 2022 06:30
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Митот за руската воена моќ е веројатно еден од најстарите и највнимателно креираните во каталогот на руската пропаганда. Употребата на оваа клучна дезинформација е и за меѓународни и за домашни цели, за измама на потенцијалните непријатели и за самозалажување, односно зајакнување на моралот на армијата и домашното население.

Руската воена слабост обелоденета на бојното поле во Украина

Постојат многубројни анализи на тврдењата на руската пропаганда, која лажно ја претставува воената моќ на Русија како гигантска. Меѓутоа, анализите, разузнавачките информации и извештаите од боиштата низ минатите децении го докажуваат спротивното. Инвазијата на Авганистан (1979-1989) даде доказ за бројните слабости на советската воена технологија.

Постсоветската ера не е многу поинаква. Се чини дека пропагандата е единственото вистински моќно оружје произведено во Русија. Воената интервенција во Грузија во 2008 година, двете војни во Чеченија (1994-1996 и 1999-2009) и другите воени авантури на Руската Федерација прикажуваат една навистина депресивна слика за руската воена машинерија.

Најеклатантните докази за вистинската (не)моќ на руската војска беа обезбедени веќе во првата недела од агресијата против Украина. Необучени, недоволно опремени и слабо вооружени, украинските војници и цивилните доброволци го претворија самопрославуваното „незапирливо“ руско вооружување во урнатина. Што се случува?

Непостоечки тенкови и прекин на производството и поправките

Спектакуларно најавуваниот нов руски тенк „Армата“ беше опишан како технолошка револуција. Програмата „Армата“ требаше да биде сосема поинаква од претходните тенкови во советски стил. За прв пат беше прикажан во мај 2015 година на таканаречената „Парада на Денот на победата“ во Москва. Оттогаш, освен за паради, овој тенк не беше виден во акција, а секако не на бојното поле во Украина.

Ако за ништо друго, сјајната „играчка“, Т-14, е прескапа за да се користи на бојното поле, каде што Украинците жестоко се борат да ги одбијат агресорите, а бескрајните тенкови колони ги претвораат во пепел. Наводно, еден Т-14 тенк чини 3,7 милиони долари, што е 20 пати повеќе од цената на противтенковската ракета „Џавелин“ од американско производство, која чини околу 175.000 долари.

Рускиот тенк T-14 од програмата „Армата“, снимен на парадата во Москва, 2015 г. (Wikimedia Commons)

Понатаму, неколку извештаи тврдат дека поради недостаток на увезени компоненти, индустрискиот гигант Уралвагонзавод го прекинал производството и поправките на сите тенкови од својата производна линија. Од компанијата соопштија дека работниците се отпуштени „до следното известување“.

Во руските медиуми, прекинот беше објаснет со „ресетирање на производството и испраќање на вработените во фабриката на одмор“. Сепак, поверојатно е дека затворањето на фабриката е последица на санкциите од Јапонија, Велика Британија и ЕУ, кои се главниот извор на компоненти за производство на тенкови во Уралвагонзавод.

Запре и производството на ракетни системи

Руското производство на ракети земја-воздух (САМ), исто така, запре поради санкциите. Според тврдењата на Украинската управа за разузнавање (ГУР), на 17 април, фабриката за машини во Улјановск, производител на САМ, радари и опрема за противвоздушна одбрана го запрела своето производство и поправки.

Ракетни системи со среден дострел 9K37 Бук, на подготовките за парадата во 2010 г. (Wikimedia Commons)

Објектот се наоѓа во Улјановската област која беше основана во Советскиот Сојуз во 1960-тите. Се користи за производство на голем број различни модели на ракетни системи, како што е 9K37 Buk, означен од НАТО како SA-11 Gadfly и 2K22 Tunguska, означен од НАТО како SA-19 Grison.

Меѓутоа, со затворените фабрики, на работниците им се дава еден од двата избора: да одат на неплатено отсуство или да се приклучат на руската армија за нејзината инвазија на Украина, по можност како оператори на ракетните системи и да добијат месечна плата од 50.000 рубли (околу 600 долари).

Повеќето од електронските компоненти на руската војска беа набавувани од Германија, но тоа престана поради санкциите.

(продолжува)


Дополнителни информации и извори: CEPA, Ukraine’s Office for Euro-Atlantic Integration, The Jerusalem Post, Ukrainian Intelligence Directorate, Fortune, RT, Rostec.ru, Ukraine Armed Forces, 19fortyfive, SofRep.com, The Moscow Times, The National Interest, Nr.12, 1988 , Ulyanovsk Mechanical Plant, Uralvagonzavod, Britannica, Wikipedia, DTIC, NPR, CSIS, T&F Online, US Army War College, etc.

Оригиналниот текст е објавен во Civil Today, на 19 април 2022.

Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ