• Latest

Миронски: Дезинформациите се опасни и можат да бидат погубни за луѓето и општеството

May 28, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Миронски: Дезинформациите се опасни и можат да бидат погубни за луѓето и општеството

May 28, 2022 11:35
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Дезинформации имаме секојдневно, во сите области и во сите медиуми. Сметам дека често ги мешаат пропагандата и дезинформациите. Пропагандата е повеќе платена како дејност и се врзува со рекламата, додека дезинформацијата се дел од секаков вид на вести и од секакви области и тие обично немаат во себе лажни податоци. Најчесто со сите точни информации, се пренесува на начин да дезинформираат, односно да дефокусираат“, изјави професорката Јасмина Миронски во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на тема дезинфомрации и пропаганда во нашата земја.

„Намерно пласираните дезинформации можат да бидат многу опасни за луѓето, за општеството. Се пласираат по потреба, за да заштитат некола политичка елита или за да исфаворизираат некого., во политика или економија. Има многу дезинформации што се организаирани, особено по Фејсбук, Твитер, од одредени центри за присутност на одредени информации за да постигнат некаква цел,“ вели Миронски додавајќи дека не секогаш општеството добро се справува со дезинформациите поради недостиг на препознавање на истите.

Зборувајќи за подготвеност на граѓанското општество, јавноста и медиумите да се справат со  дезинформациите и пропагандата Миронски вели дека МИМ веќе десет години зборува и работи на медимуската писменост како дел од борбата со дезинформациите.

„Многу често ме прашуваат што со тоа медиумска писменост, тоа медиумите треба да се описменат. Не. Треба луѓето да ги разбираат содржините на медиумите, да се описменат, за да ги разликуваат и да изградат критички однос кон содржините во медиумите што се пласираат, а особено кон пораките што се пренесуваат до нив. Секога треба да си го поставиме прашањето: кој и зошто ги пласира тие информации. Треба да работиме на развој на свесноста од една страна дека постојат дезинфомрации, а од друга страна како да ги распознаваме. Тоа е нешто од што треба да тргне и невладиниот сектор, а медиумите исто така треба да имаат свој придонес на начин на кој што ќе си ја вршат својата основна задача, а тоа е да ги проверуваат вестите што ги пласираат во јавноста“, смета Миронски, додавајќќи дека ако на крајот на деност ја занемаруваме вистината, таа може многу да не чини.

Зборувајќи колку дезинформациите и пропагандата можат да влијаат на безбедноста и стабилноста на една држава, Миронски вели ако информациите ги земаме здраво за готово, без да размислиме за нив, без да ги провериме или да имаме развиена критичка свест, може многу погубно да влијаат.

„Сум била сведок кога во кризни и воени ситуации на овие простори, кога се сервираат лажни информации и како нрезултат на тоа имало војна, убиства, луѓе гинеле заради лажна информација. Тоа е многу опасна работа. Особено во денешно време поради брзината со која вие ги пренесувата тие вести, а луѓето ги примаат здраво за готово… Опасна работа е информацијата, убиствена, во денешно време во секој поглед“, вели Миронски.

Кога станува збор за институциите и нивниот начин за справување со дезинформациите, Миронски смета дека тоа што го работат не е доволно и треба посериозен пристап, посериозна анализа да се направи, да се види кои институции би биле надлежни или секоја институција да тргне од себе, со оглед дека од секоја ние примаме информации од најразличен карактер.

„Ние имаме дезинформации и внатре во институциите. Самите институции не знаат кој што работи или како работи, а тоа не е добро затоа што се рефлектира и надвор кон јавноста и се испраќа лоша порака“, вели Миронски.

Миронски смета дека медиумската писменост која може да помогне во борбата со дезинфомрациите треба да биде дел од образовниот систем.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ