ВЕСТ НА ДЕНОТ
ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“, посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Учесници на панелот беа Бобан Карапејовски, Александар Николиќ Писарев и новнарот Зоран Ивнанов. Настанот го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
На 28 јули, Украина го одбележува Денот на Украинската Државност. Тој е воспоставен со Указот на Претседателот на Украина бр. 423 од 24 август 2021 година. На 28 јули украинската нација ги одбележува традициите стари повеќе од илјада години на градењето на украинската држава, кои датираат од основањето на градот Кијив и кои процветаа за време на владеењето на кнезот Володимир Великиј.
*
Украинските бранители прават се што е можно за руските окупатори да немаат логистички можности на нашата земја, изјави во своето видео обраќање претседателот Володимир Зеленски, коментирајќи го мостот Антонивка и другите премини во регионот Керсон, погодени од вооружените сили на Украина
*
Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, во говорот на отворањето на фестивалот во Салцбург изјави дека Украинците кои се борат против руската агресија се борат и за „нашите вредности, мир и слобода“, пренесува Укринформ.
„Нашата слобода и целиот модел на нашиот соживот се ставени на тест. Нашата демократија е нападната. Со висока агресивност и деструктивност. Имаме уште една војна во Европа. Жени, мажи, деца, семејства се убиени“, рече тој.
*
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги интензивира контраразузнавачките мерки во областите што граничат со Украина во регионите Чернихив и Суми, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.
*
Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза на навивачите на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Динамо Загреб
ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство и смрт кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е инцидентот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, кои заедно со навивачката група „Бед Блу Бојс“ на „Динамо Загреб“ извикуваа повици за смрт на припадниците на српската етничка заедница, на (26 јули) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а претходно и на стадионот „Максимир“ во Загреб, (на 19 јули 2022 година).
Институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци што шират омраза и повикуваат на насилство е повикот кој ЦИВИЛ континуирано го упатува со години наназад, без оглед на тоа од која страна доаѓа омразата. Говорот на омраза нема место на трибините!
Писарев: Лингвистите, Институтот, катедрата се како заспана убавица што се бави со наука
Јас не сум лингвист, и начинот на кој го разгледувам ова прашање малку се разликува од гледиштата на соговорниците, бидејќи јас не сум Македонец. Во народот постои една изрека, кога некој прави пишлиќ у какиќ, води бугарска политика, вели Александар Николиќ Писарев, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: Меѓу национализмот и ЕУ“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СТРАТЕГИЈА Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, како и директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвување на стратешките документи, ќе се формира Мрежа составена од претставници на институциите и граѓанското општество, која активно ќе учествува во процесот на подготовка на националната Стратегија „Едно општество за сите“.
ПОЖАРИ Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет.
РЕАКЦИЈА Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите, за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“, ја информира јавноста дека, согласно Програмата за работа на Владата на РСМ за 2022, предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 % за сите три категории на корисници на ова право, а измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот
ЕНЕРГЕТИКА Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја, велат од ЕСМ.
СТАВ
„Ви благодарам професорке д-р Улчар за вниманието и за можноста со неколку зборови да Ви се обратам на страницата на која сте ми посветиле внимание: Прво, констатирам дека ништо не демантиравте, ништо. Со тоа што нема што да демантирате само го потврдувате мојот исказ во врска со документот што македонската влада преку МНР го испратила во Брисел. Ништо не спорите, ниту еден факт што е содржан во таа таканаречена дипломатска нота, значи нота, а не научна студија за македонскиот јазик“, вели новнарот Зоран Иванов во отворен одговор до проф. Елка Јачева-Улчар „Факти, професорке, факти! Не инсинуации, претпоставки, веројатности…“
Б. Јордановска












