„Јас не сум лингвист, и начинот на кој го разгледувам ова прашање малку се разликува од гледиштата на соговорниците, бидејќи јас не сум Македонец. Во народот постои една изрека, кога некој прави пишлиќ у какиќ, води бугарска политика, вели Александар Николиќ Писарев, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: Меѓу национализмот и ЕУ“.
Ако нешто не чини, води бугарска политика. Друг е проблемот. Проблемот е во неукоста на многу што работат по институциите. Кога пишувале, можеле да викнат човек од струка. Ние овде се исцрпуваме и губиме време, а Карапејовски се става во улога на лектор што овде лекторира нешто што тие лошо го напишале, и нормално ги наоѓа тука цаките итн., посочува Писарев во однос на унилатералниот документ на Северна Македонија.
Проблемот не е од вчера, ако ги земеме предвид сите војни, јасна е бугарската политика кон Македонија. Втора работа на што се потпираат Бугарите – на нивните служби кои се сериозни. Нивната теза е: „един јазик, един народ“… Знаете што е решение, македонско –бугарски јазик да направиме и сите ќе бидеме мирни. Кај нас ќе си го викаме македонско-бугарски, кај нив бугарско-македонски.
Друга ми е поентата, вие како лингвисти, Институтот, Катедрата, касните брате, вие сте некоја заспана убавица која се бави со некакква наука. Знаете каде е направен проблемот и каде е изгубен македонскиот јазик? Изгубен е во доцните 90ти години кога вие молчевте, на книжарниците кога станаа book shop – ови, фризерниците – hair style итн.
30 години никој не го потегнува оваа прашање“, вели Писарев.
Б. Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети