• Latest

Жива дискусија на ЦИВИЛ за македонизмот и ЕУ, за Ковачевски опозиција што зборува за референдум е против сите стратешки одлуки на државата, Ден на украинската држава

July 28, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Жива дискусија на ЦИВИЛ за македонизмот и ЕУ, за Ковачевски опозиција што зборува за референдум е против сите стратешки одлуки на државата, Ден на украинската држава

July 28, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ денеска  одржа панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“,  посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Учесници на панелот беа Бобан Карапејовски, Александар Николиќ Писарев и новнарот Зоран Ивнанов. Настанот го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Опозициската партија којашто зборува за референдум, е против сите стратешки одлуки на државата

„Политиката којашто ја водите на штитење интереси на трети држави во оваа држава, е најпогубно нешто што некој може да го прави на граѓаните на Република Северна Македонија. Вие имате проблем. Вие не знаете какво референдумско прашање сакате. Вие сакате прашање дали сте против зачленување во ЕУ со чист македонски јазик и заштитен идентитет и тоа чист македонски јазик потврден, при што веќе се потпишува договор за превод на македонското законодавство со ЕУ, веќе сите видовте на кој превод се работеше целата конференција и скринингот којшто започна… Ако некоја партија беше против членството во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некоја партија беше против релаксирањето на меѓуетничките односи во државата, тоа беше вашата партија. Ако некој е против членство во ЕУ, тоа е вашата партија и тоа се факти. Во едно гласање немате учествувано. Такво бегање, да се излегува, па барем ако сакате гласајте против, седете и гласајте против“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски од собраниска говорница.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

На 28 јули, Украина го одбележува Денот на Украинската Државност. Тој е воспоставен со Указот на Претседателот на Украина бр. 423 од 24 август 2021 година. На 28 јули украинската нација ги одбележува традициите стари повеќе од илјада години на градењето на украинската држава, кои датираат од основањето на градот Кијив и кои процветаа за време на владеењето на кнезот Володимир Великиј.

*

Украинските бранители прават се што е можно за руските окупатори да немаат логистички можности на нашата земја, изјави во своето видео обраќање претседателот Володимир Зеленски, коментирајќи го мостот Антонивка и другите премини во регионот Керсон, погодени од вооружените сили на Украина

*

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, во говорот на отворањето на фестивалот во Салцбург изјави дека Украинците кои се борат против руската агресија се борат и за „нашите вредности, мир и слобода“, пренесува Укринформ.

„Нашата слобода и целиот модел на нашиот соживот се ставени на тест. Нашата демократија е нападната. Со висока агресивност и деструктивност. Имаме уште една војна во Европа. Жени, мажи, деца, семејства се убиени“, рече тој.

*

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги интензивира контраразузнавачките мерки во областите што граничат со Украина во регионите Чернихив и Суми, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

*

Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза на навивачите на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Динамо Загреб

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство и смрт кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е инцидентот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, кои заедно со навивачката група „Бед Блу Бојс“ на „Динамо Загреб“ извикуваа повици за смрт на припадниците на српската етничка заедница, на (26 јули) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а претходно и на стадионот „Максимир“ во Загреб, (на 19 јули 2022 година).

Институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци што шират омраза и повикуваат на насилство е повикот кој ЦИВИЛ континуирано го упатува со години наназад, без оглед на тоа од која страна доаѓа омразата. Говорот на омраза нема место на трибините!

Писарев: Лингвистите, Институтот, катедрата се како заспана убавица што се бави со наука

Јас не сум лингвист, и начинот на кој го разгледувам ова прашање малку се разликува од гледиштата на соговорниците, бидејќи јас не сум Македонец. Во народот постои една изрека, кога некој прави пишлиќ у какиќ, води бугарска политика, вели Александар Николиќ Писарев, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: Меѓу национализмот и ЕУ“. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

СТРАТЕГИЈА Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, како и директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвување на стратешките документи, ќе се формира Мрежа составена од претставници на институциите и граѓанското општество, која активно ќе учествува во процесот на подготовка на националната Стратегија „Едно општество за сите“.

ПОЖАРИ Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет.

РЕАКЦИЈА Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите, за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“, ја информира јавноста дека, согласно Програмата за работа на Владата на РСМ за 2022, предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 % за сите три категории на корисници на ова право, а измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот

ЕНЕРГЕТИКА Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја, велат од ЕСМ.

СТАВ

„Ви благодарам професорке д-р Улчар за вниманието и за можноста со неколку зборови да Ви се обратам на страницата на која сте ми посветиле внимание: Прво, констатирам дека ништо не демантиравте, ништо. Со тоа што нема што да демантирате само го потврдувате мојот исказ во врска со документот што македонската влада преку МНР го испратила во Брисел. Ништо не спорите, ниту еден факт што е содржан во таа таканаречена дипломатска нота, значи нота, а не научна студија за македонскиот јазик“, вели новнарот Зоран Иванов во отворен одговор до проф. Елка Јачева-Улчар „Факти, професорке, факти! Не инсинуации, претпоставки, веројатности…“

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ