• Latest

Референдум за и против ЕУ членство, за Пендаровски референдумот е антиевропски, Апелација ги потврди доживотните за Смилковско

September 6, 2022
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Референдум за и против ЕУ членство, за Пендаровски референдумот е антиевропски, Апелација ги потврди доживотните за Смилковско

September 6, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Референдум – за и против членство во ЕУ 

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне постапка за граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување на задолжителен референдум. Референдумското прашање, како што изјави вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски, ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој Заев го склучи со Борисов, како „извор и почеток на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции

„Референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?, изјави Мицкоски по завршувањето на седницата на ИК на партијата, којшто го усвоил референдумското прашање.

Мицкоски порача дека наредната недела ќе соберат најмалку 100 квалификувани потписи, по што иницијативата ќе биде доставена до Собранието, а првопотпишан ќе биде тој.

Раскинувањето на овој договор, според него, ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но, не поддржува асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

*

СДСМ излезе со соопштение по повод започнувањето на постапка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за задолжителен референдум за укинување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, во кое укажуваат дека референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее и дека ова е погрешен начин на Мицкоски за спас на својата фотелја.

Од СДСМ набројуваат неколку факти кои потврдуваат колкаво е лицемерието и неискреноста на Мицкоски.

  1. Токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.

  2. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

  3. Про-европското крило во ВМРО-ДПМНЕ станува се посилно, не се согласува со Мицкоски и сака да продолжи европскиот пат на земјата.

  4. Мицкоски бараше референдум и за Преспанскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа.

  5. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски не гласаа во македонското Собрание туку избегаа, сега сакаат одговорноста да им ја префрлат на членовите на партијата.

Референдум против членство во ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее. Државата нема да застане, се вели меѓу другото во соопштението од СДСМ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Ако дадете поддршка на таков референдум – класичен антиевропски со прашањето, нема потреба понатаму да го менувате Уставот

„Освен што такво нешто е крајно неморално  и никој нормален тоа не го размислува да го направи, исто така едното го исклучува другото.

Вие ако дадете поддршка на таков референдум – класичен антиевропски со прашањето, нема потреба понатаму да го менувате Уставот. Едното го исклучува другото. Накратко, она што го очекувавме тоа и го добивме. Добивме прашање со кое во суштина македонските граѓани ги прашуваат или ќе ги прашаат – дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ. Тоа е прашањето“, изјави претседателот Стево Пендаровски денеска во одговор на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АПЕЛАЦИЈА Петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година останува терористички акт, а Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Според објавената пресуда на сајтот на Апелација, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија.

ПРАВДА Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово поради отсуство на дел од обвинетите и истото се презакажа за 14 октомври во 10 часот.

ОЈО Тетово на 27 јули поднесе обвинителен акт до Основниот суд Тетово, со кој  ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

ЕКОНОМИЈА Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Република Северна Македонија и Република Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата.

ЗДРАВСТВО Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Од „денацификација“ на Украина до деколонизација на Руската Федерација

„Дали Советскиот Сојуз ќе опстане до 1984 година? праша дисидентот Андреј Амалрик во својата книга. Дали Русија ќе опстане до 2024 година? – тоа е прашањето сега, пишува писателот и публицист Денис Ветров во „Февруарско утро.“

Пред некој ден Москва се сети на преговорите. Медиумите на Руската Федерација ги нарекуваат „можни“, Песков – „неопходни“. Што има за дискусија? Ахх, „наши услови“. Оние кои не се променети. На крајот на краиштата, „целите на Русија и специјалната операција ќе бидат постигнати“. Но, Кремљ има проблем: Украина е против такви преговори.

*

Руската војска дојде на украинска територија, не очекувајќи никаков отпор, но ќе избега од земјата, немајќи друга надеж за спас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

*

Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, 236 деца се сметаат за исчезнати, се огласи на Фејсбук прес-службата на Канцеларијата на Народниот правобранител , пренесува Укринформ.

*

Силна експлозија го потресе привремено окупираниот град Енерходар во областа Запорижја, изјави градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов во објава на Телеграма, пренесува Укринформ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Освен за политичките идеи и постапки, публиката сака да знае кога детето на Груевски, пардон, Мицкоски тргнува на првиот училиштен ден. Не мора да значи дека „ние, медиумите“ градиме култ кон авторитарните личности, та нели сме „балансирани до коска“? Власта е власт, треба секогаш да се критикува, дури и тогаш кога ја обезбедува европската иднина на земјата. Дајте да видиме што за тоа вели опозицијата и нејзините „добри познавачи“ и „аналитичари“! Тоа е балансирано новинарство!“, прочитајте во ЕS-PRESS-O -то „Балансирани до коска“ од Џабир Дерала.

Војо Маневски

„Да ја оставиме големата политика и да си го погледнеме нашето лозје и вино. Со комшијата имаме по две три лози кои ги насадиле уште нашите предци и мака мачиме да ги дочуваме до крајот на август. Те ги кроиме, те ги филизиме, прскаме двапати до Преображение и слаба фајда од нашите напори. Некаде од средината на август ги фаќа некоја болест, која половината род ни го однесе. Едноставно, грозјето пред да узрее се скапува. Деновиве ги береме последните гроздови со просечна тежина и правиме стратегија како да постапиме идната година.“, пишува Војо Маневски во колумната „Изметнување“.

Дијана Тахири

„Референдумското прашање за кое очигледно на осмислувачите им требало многу време да го формулираат, е повеќе од несериозно, што упатува „сериозната“ намера и желба на Мицкоски и не знаеме уште кој од партијата, или од Будимпешта, или можеби посеверно, од некоја руска кабина, за исправување на „кривите дрини“ во однос на веќе започнатиот, а во последно време и продуктивен процес во однос на работата во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.“, прочитајте во ставот од Дијана Тахири “Референдум за „напуштање“ или утринска тривија со кафе“.

Д. Тахири

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ