• Latest

Новакоски: Залудни обиди да се врати довербата на граѓаните!

July 21, 2016
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Новакоски: Залудни обиди да се врати довербата на граѓаните!

July 21, 2016 16:41
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога не функционираат регулаторните тела кои се надлежни за изборите, тогаш лидерите на политичките партии одлучуваат за сите прашања, за секојдневниот живот… Со последниот договор, политичките партии ја презедоа улогата во работи во кои не смеат да се инволвираат“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Александар Новакоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ и поранешен претседател на Државната изборна комисија, .

„Би сакал да кажам дека е добро што се постигна било каков договор. Врз база на тие детали што ги знам, кои се достапни во јавноста, повторно доаѓаме до точка да правиме измени во законот. Кога не функционираат регулаторните тела кои се надлежни за избори, за организирање, за спроведување на избори, тогаш лидерите на политичките партии одлучуваат за сите прашања, за секојдневниот живот, и ја превземаат работата на тие регулаторни тела и преку нив, го гарантираат или не изборниот процес. Тоа ми дава полно право да кажам дека е подобро истите тие политички партии, со свои претставници да гарантираат и да овозможат да се организираат колку што е можно подобри избори, бидејќи ние сме веќе далеку од фер и демократски избори, имајќи во предвид што се пропушти да се направи во изминатиот период“, смета Новакоски.

Aleksandar Novakoski

На прашањето дали договорот е најдобриот начин за излез од политичката криза, Новакоски, е дециден дека единствен начин за излез од политичката криза, се изборите, но според него, најважна е довербата во институциите.

„Еден од примерите во кои е изгубена довербата е Избирачкиот список, каде од фантомските 500 илјади гласови, ќе се сведе на определен број кој ќе треба да се проверат. Ќе се сведе на тоа – теренската проверка да не е завршена, немаме гаранција, а клучно за секој процес е довербата. На овој начин, довербата тешко се враќа. Според мене, политичките партии ја презедоа улогата и на работи во кои тие не смеат да се инволвираат“, изјави Новакоски.

„Јас од самиот почеток кажувам дека единствен излез од политичката криза се избори. Друг начин за излез од кризата која се пролонгира долг период – не постои, ниту теоретски, ниту светската пракса знае друг начин, но проблемот е како ќе се спроведат тие избори. Повторно ќе се преземат сите активности во краток рок, се прават обиди да се врати довербата, а кај тие што се надлежни – имаме комплетен молк. Довербата е најважна, а ако кај мене е тешко да се врати довербата, што остана кај тие луѓе кои не ги познаваат процесите. Прво е довербата, а потоа, може да се организираат добри избори“, потенцираше Новакоски за ЦИВИЛ Медиа.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар НоваковскиДИКизбориМедиумиполитичка кризаФантомски 500.000 гласовиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ