• Latest

НЕДЕЛЕН ПРЕСЕК: Граѓаните очекуваат реформи, власта манипулира со граѓаните

August 1, 2016

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

НЕДЕЛЕН ПРЕСЕК: Граѓаните очекуваат реформи, власта манипулира со граѓаните

August 1, 2016 18:12
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката битка за враќање на демократијата, одржување предвремени избори и излез од долготрајната политичка криза во македонското општество продолжи и изминатата недела. Фокусот на политичката активност се одвиваше главно во Собранието.

Monika Taleska
Пишува: Моника Талеска

Пакетот закони договорени од партиите потписнички на Договорот во Пржино, (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) беше изгласан со 90 гласови. Пратениците ги донесоа измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик и Законот за Влада по скратена постапка. Со измените на Законот за внатрешни работи одземените ингеренции на министерот за систематизација на работните и раководните места ќе важат одложено, од први јануари 2017 година. Министерот  ќе може да смени 15 раководни лица по вертикала и 10 отсто по хоризонтала.

Сто дена пред изборите ќе се формира преодна влада со двајца министри и тројца дополнителни заменици од опозицијата, којашто ќе си поднесе оставка истиот ден, кога ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите. МРТВ ќе основа канал со програма на албански јазик, а уредникот на информативната програма на јавниот сервис ќе го именува опозицијата. Во рамки на Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги ќе се формира петочлено ад-хок тело за набљудување на медиумската работа за време на изборите и нема казнување за искажано мислење од новинар или медиум. Имплементацијата на овие закони ќе ја оценат лидерите на 31 август и ќе одлучат дали има услови за кредибилни избори.

Овој политички компромис меѓу партиите будно го следи експертската јавност. А, медиумските експерти не очекуваат никакви суштински промени во работата на провладините медиумите. Според нив, тие не покажуваат дистанца од партијата на власт, а работата на опозицијата им е постојано, предмет на критика. Формирањето на ад-хок  тело кое што треба да ја оценува работата на медиумите во предизборието, со членови предложени од политичките партии и без учество на еснафските здруженија и граѓански организации, без учество на парламентот и според претставниците на граѓанското општество е спротивно на препораката за регулаторни тела од Советот на Европа. Оттука сомнежот дека овие измени се во корист на професионалното новинарство и објективното информирање.

Во прилог на ова оди и фактот што македонските медиумски провладини гиганти, токму во пресрет на законските измени стартуваат со нови отказни решенија на новинари – брендови на македонската фела. Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика медиумите на почитување и доследна примена на новинарските стандарди и начела за објективно и балансирано информирање, како еден од темелите на развиеното граѓанско општество.

Министерот Чавков тврди дека полицијата не тепала, снимките покажуваат насилство

Изјавата на актуелниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој на собраниска седница деновиве тврдеше дека не е употребена физичка сила, ни полициски овластувања во настаните при изборот на студентски лидер, повторно влева сомнеж во работата на политичките функционери од владејачката партија и кога би биле дел од преодната влада. Наспроти изјавата на Чавков стои  македонската јавност која беше сведок на видео снимките, на кои полицијата насилно ги исфрла студентите од Студентскиот пленум, истиот ден кога Студентскиот парламент врши незаконски избор на нов лидер. За ова сведочат и изјавите на студентите за ЦИВИЛ Медиа.

Проблематично продолжение на ревизијата на Избирачкиот список

Во тек е процесот на верификација на спорните записи на 39.502 граѓани по теренските проверки на Избирачкиот список. ЦИВИЛ ги набљудува процесите и активностите во доменот на изборниот процес и ревизијата на Избирачкиот список. Голем број случаи кои говорат за очигледни манипулации со Избирачкиот список беа објавени во публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, а нови случаи кои говорат за сериозни недостатоци на овој документ пристигнуваат секојдневно.

На почетокот на минатата недела, ЦИВИЛ ги понуди своите ресурси на Државната изборна комисија (ДИК) да помогне во процесот на прочистување на Избирачкиот список. Одговор сѐ уште нема.

Screenshot 2016-08-01 18.10.17Од  Институтот за истражување на политики  и добро владеење и од Центарот за демократија и развој бараат ДИК да преземе обврска за идентификување и контактирање на граѓаните од листата со спорни гласачи. Според здруженијата, овие лица најголем број  граѓани од албанска националност без никакви аргументи се ставени на листата, која според нив е обид да им се укине правото на глас.

Движењето Беса бара Уставниот суд да се изјасни за уставноста на одлуката на ДИК за бришење на овие гласачи, а Народниот правобранител да реагира на, според нив, дискриминацијата што се врши, негирајќи им го правото на гласање и задолжувајќи ги да потврдат дека не се фантомски или фиктивни.

Сомнеж кон ревизијата на Избирачкиот список покажаа и некои политички партии, кои не се потписнички на Договорот од Пржино.

Во меѓувреме од спорните 39.502, до вчера 595 гласачи извршиле проверка на податоците и доставиле соодветна апликација. Следниве 18 дена спорните гласачи со државјанство треба да докажат дека имаат неспорно право на глас. Но, без валидни документи, тие нема да гласаат.

Сенка на овие реформи фрла и фактот што меѓу спорните е името на професорката Мирјана Најчевска, раководителка на Институтот за човекови права, жител на општина Центар. Таа на овој список, го открила и името на својот сопруг, но на листингот има имиња и на други јавни  личности.

Македонските војници бараат повисоки плати, а полицајците не се безбедни

Во време на коренити општествени промени, потреси и граѓански протести и македонската армија се охрабри, и го крена гласот за остварување на своите социјални права. Вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија најавија штрајк. Независниот синдикат на професионални војници и Синдикатот на одбрана и безбедност на надлежните им дадоа рок од месец, за да ги решат напластените проблеми.

Наспроти констатацијата дека социјално најбезбедни се вработените во МВР, се случи инцидент со фатална завршница. Кумановски полицаец го загуби животот при интервенција по пријава за семејно насилство. Сторителот на убиството на полицаецот е растроен маж, кој се лечел во психијатриска болница. Оваа трагична драма е само илустрација за големите проблеми во системот.

Проектите финансирани од ИПА фондовите се одлагаат, Груевски ја крие вистината

Туристите на Попова Шапка пиеја загадена вода со Ешерихија коли (Escherichia coli) поради нередовна дезинфекција на резевоарите за вода. А, фекалните води од струшките села: Радожда и Враништа и натаму ќе го загадуваат Охридско езеро, зашто Брисел на Владата и одзеде 8.5 милиони евра од ИПА 1 фондовите за изградба на колекторски систем, доделени речиси пред  една деценија. И додека Македонија во многу региони е налик на заостанатите африкански држави, каде сè уште трае битката за чиста вода за пиење, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски деновиве најавува изградба на колектори со пари од ИПА фондовите на ЕУ. Тој и натаму, обидувајќи се да заработи што повеќе предизборни поени кај гласачите, ги крие санкциите што доаѓаат од ЕУ, токму поради неуспешната реализација на Договорот од Пржино и инволвираноста на политичари од владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, во предметите на СЈО, поврзани со кривични дела, криминал, корупција, злоупотреба на функцијата и државниот буџет.

Шарената револуција во мирување, власта продолжува со „шарените лаги“

Шарената револуција и продемократската македонска јавност очекуваат радикални општествени промени и враќање на човековите права и слободи, како услов за слободни и кредибилни избори. Граѓаните ги прекинаа протестите, со надеж дека најавените реформи со измените на законските регулативи успешно ќе се реализираат, иако останува сомнежот за доследна реализација на Договорот од Пржино.

Но, владејачката партија и нејзините актери продолжуваат со „шарените лаги“ за економски бум, кој само што не почнал. Јавноста секојдневно се „бомбардира“ со текстови и видео записи од терен, на кои Груевски и претставници на актуелната власт најавуваат отворање на нови работни места, домашни и странски инвестиции и инфраструктурни проекти речиси и во најмалите рурални средини, што се посетуваат само за избори, и каде се манипулира со граѓаните. Останува нејасно во кое својство го прави сево ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и од каде се средствата за оваа кампања.

Во одбрана на граѓанските права и слободи, во насока на будење граѓанската свест, ЦИВИЛ го продолжи Караванот за слобода во Струга, со настап на Теута Ајдини Јегени, Елена Пренџова и Биљана Јордановска, проекција на видео прилози од граѓански новинари и видео арт филмот „Жнејачот“ на Џабир Дерала и музички настап на Петрит Сарачини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: брифингГруевскиизбирачки списокКараван на слободатанабљудувањеЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ