• Latest
По заканата со бомба, блокирана улицата и испразнета гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во центарот на Скопје, 27 октомври 20222 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Повторно закани со бомби во скопските училишта, струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија, Болсонаро конечно го призна поразот

November 2, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Повторно закани со бомби во скопските училишта, струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија, Болсонаро конечно го призна поразот

November 2, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
По заканата со бомба, блокирана улицата и испразнета гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во центарот на Скопје, 27 октомври 20222 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

По заканата со бомба, блокирана улицата и испразнета гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во центарот на Скопје, 27 октомври 20222 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нови закани за бомби во „Никола Карев“, учениците евакуирани

Учениците на средното училиште „Никола Карев“ се евакуирани поради нова закана за бомба, а евакуирани се и други средни училишта поради безбедносни причини.

-Мејловите од кои е испратена новата закана за бомба се со слична содржина од преходно, но од различен испраќач. Во најбрз рок ги евакуиравме учениците, по инструкции на полицијата и сега се вршат проверки, вели , за „ЦИВИЛ медиа“ директорот на училиштето Андреј Манолев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ДЕОКУПИРАНИ 568 НАСЕЛБИ ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ  Украинските сили веќе ослободија 568 населени места од руските окупатори во областа Харкив, изјави  заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на брифинг,. Според Тимошенко, во регионот Харкив биле формирани 21 воена управа со цел навремено решавање на прашањата и донесување одлуки.

УКРАИНСКОТО МНР ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПРЕКИНУВАЊЕ НА НЕКАЗНИВОСТА НА ЗЛОСТОРСТВАТА ПРОТИВ НОВИНАРИТЕ  Од февруари 2022 година, во текот на осум месеци агресија од големи размери, Русија извршила 457 злосторства против новинари и медиуми во Украина, според податоците од мониторингот на Институтот за масовни информации. Заклучно со октомври, руските окупатори убија повеќе од четириесет украински и странски новинари.

ЕНЕРГЕТСКАТА ВОЈНА НА ПУТИН  Украинците во моментов се подготвуваат за она што веројатно ќе биде најтешката зима во модерната историја на земјата. Со поразот на Русија на бојното поле, Кремљ прибегна кон тактиката на тотална војна и се обидува да ја уништи цивилната енергетска инфраструктура на Украина. Десетици милиони се соочуваат со изгледите за продолжено затемнување, заедно со потенцијално смртоносно нарушување на основните услуги за вода и греење, пишува Арсениј Јацењук, поранешниот премиер на Украина за Атлантскиот совет.

ДОГОВОР ЗА ТРАНСПОРТ НА УКРАИНСКОТО ЖИТО Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на својот турски колега дека Москва се согласила да се врати во договорот кој со посредство на Турција и ОН овозможи транспорт на украинско жито преку Црното Море, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

СВЕТ

БОЛСОНАРО ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ Два дена по поразот на претседателските избори во Бразил, Жаир Болсонаро, актуелниот претседател, вчера се согласи на транзиција на власта, притоа не признавајќи дека го изгубил гласањето или дека изборите биле слободни и фер, пренесува Њу Јорк Тајмс.

„Претседателот Болсонаро ме овласти – кога ќе биде побарано, врз основа на законот – да го започнам процесот на транзиција“, изјави неговиот шеф на кабинет, Чиро Ногуеира.

САУДИЈЦИТЕ ВТОРИ ПО ГОЛЕМИНА ИНВЕСТИТОРИ НА ТВИТЕР Саудиската компанија Kingdom Holding Company (КХЦ), заедно со приватната канцеларија на принцот Алвалид бин Талал, ќе ја продолжат сопственоста на акциите на Твитер во вредност од 1,89 милијарди долари по преземањето на компанијата за социјални медиуми од страна на Илон Маск, што ги прави втори по големина инвеститори, според на изјавата на саудискиот принц.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈА, ФОНДАЦИИ Собранието денеска на продолжение на 88-та седница донесе измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за Законот за политички партии, на предлог на СДСМ, по скратена постапка. За измените на Законот за здруженија и фондации „за“ гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани, а ист број пратеници гласаа „за“ и за Законот за полититички партии, без ниту еден против и воздржани.

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС Премиерот Димитар Ковачевски ќе предводи владина делегација на средбите на лидерите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

ОСТАВКИ ВО ЗДРАВСТВО По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти Министерството за здравство.

МЕРКИ ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ Бизнисот апелира Собранието што поскоро да ги усвои антикризните мерки што ги предложи Владата. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет, покрај мерките за директна финансиска помош кон одредени категории на граѓани, во место тапка и помошта за стопанството како што анализираше Цивил медиа, со која се очекува да се стабилизира ценовниот удар на енергенсите како инпут во производството.

ЕНЕРГИЈА, КРИЗА АД ЕСМ вчера произведе 11.036 мегават часови електрична енергија, од кои во термоелектраните се произведени 8.780, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци” 2.256 мегават часови, информира Владата.

ТРЕТ ДЕН ХАОС ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес” и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје” и Град Скопје. Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје. Веќе трет ден автобусите од „Макекспрес” не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

ЗАГАДЕНА ПОЧВАТА НА НОВИОТ МЕГА ПАРК ВО ВОЛКОВО? Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска отиде да се фотографира и да покаже дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров, но немаше време да одговори на прашањата на ЦИВИЛ Медиа дали почвата на која се планира овој голем парк е загадена или не?

СЛОБОДНА ЗОНА

Додека сите регионални и светски лидери стравуваат од глад и недостиг на енергенси, грчевито се борат да ја стабилизираат економијата и да обезбедат ресурси за својот народ за престојната најстрашна зима после втората светска војна, бегалецот од правдата, паднатото диктаторче од удопството на азилот во Будимпешта дури и се исмејува со сопствениот народ. На пастирот од Пешта му е смешно кога премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има доволно храна и струја во Македонија. Во обид да биде малициозен, во фејсбук статус го нарекува премиер на Етиопија или Африка, пишува Ана Василевска во колумната „ Лидерите што зборуваат за храна биле Африканци, европски е да се зборува за мермер и бронза„

Љубомир Костовски

Идниот премиер, кого ќе го нарекуваат Дуче (Водач) нанесе толкаво зло на човештвото што тоа и денес, на многу начини, сѐ уште ги вида раните иницирани од споменатиот настан. Но тој, Мусолини, како зачетник внесе и еден вирус во општествените уредувања, што, како парадокс се повторува токму на 100-годишнината од триумфот на една маргинална група низ имитаторска партија, која, во комбинација со уште две други десничарски партии, одново седна на тронот на власта во Рим, пишува Љубомир Костовски во колумната „ 100 години од инаугурацијата на фашизмот како владеачка идеологија“

Еден од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку денови, ни се жали дека некои „маскирани типови“ го нападнале во населбата Карпош во Скопје. На тоа, ни вели советникот, претходела расправија преку синекурите од „врвната глава“ на партијата, што значи, советникот ја критикувал својата партија за погрешните политики, па кога виделе дека ги критикува своите – му ветиле исплата на сите паушали и повлекување од Советот во Општина Карпош, плус, редовно вработување, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „ Бонусот за насилство е истечен“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ