• Latest

Жил Штрифлер, Балкан Форум: Политиката служи за да се поделат луѓето и да се трупа капитал

December 1, 2022

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жил Штрифлер, Балкан Форум: Политиката служи за да се поделат луѓето и да се трупа капитал

December 1, 2022 13:49
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународни искуства беа споделени на дводневната работилница на LogEx која се одржа во Скопје, во врска со предизвиците и можностите кои треба да се применат во земјите од Западен Балкан во однос на транзицијата кон циркуларната економија.

Целта на заедничката работилница беше да се споделат знаењата за различните теренски практики на циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.

Исто така, една од значајните поенти беше значењето на циркуларната економија од деловна гледна точка во претприемништвото, имплементацијата на политиките и енергијата. Не само од бизнис (приватен сектор) гледна точка, туку и улогата на Владите во овој процес.

Покрај тоа, дискусијата за значењето на обновливите извори на енергија и достапните обновливи ресурси не само како дел од циркуланата економија, туку и како исполнување на други социјални проблеми, како што е намалувањето на сиромаштијата.

Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, покрај главната тема- циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите…

Загадувањето и Балканот

„Работам како истражувач за регионалната невладина организација „Балкан форум“. Се фокусирав на Циркуларната економија, но и на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. Токму затоа ја оформивме оваа алијанса Logex, која е конзорциум на организации од сите шест земји од Западен Балкан, обединети со иста волја за унапредување на циркуларната економија во регионот“, вели Жил Штрифлер.

Тој појаснува дека минатата година бил организиран и настан наречен „Недела на циркуларна економија на Западен Балкан“, каде што разговарало за патоказот кој треба да го следат овие земји за да се подобри и економијата и животната средина.

Многу често земјите од Западен Балкан се наоѓаат и на листата на најзагадени во светот, а токму борбата за чист воздух е една од целите кои треба да ја исполнат за да се приближат кон „Зеленото сценарио“

„Живеев во Сараево, па Скопје и сега Приштина и затоа имам малку искуство со загадувањето на воздухот. Минатата недела бев во Берлин на Форумот за граѓанско општество, во рамките на Берлинскиот процес. Таму ги слушнав бројките за жртвите за загаденоста на воздухот во регионот и тоа е фрапантно. Мислам дека промената ќе дојде – се разбира дека ќе го дадеме нашиот придонес, но мислам дека оставаме подвижна точка затоа што треба доволно да се справиме со средината, односно граѓаните во однос на квалитетот на воздухот или во однос на управувањето со отпадот“, вели Штрифлер.

Се надевам Русија ќе се ослободи од криминалецот Путин

Тој по потекло е Французин, но извесен период веќе ги следи состојбите на Балканот и како што вели националистичките чинители на овие простори го прават својот бизнис од тешкотиите на луѓето.

„Мислам дека политиката служи да се извлече максимумот од поделбата, да се поделат луѓето и да се трупа капитал. А  срамно е на овој начин на постапување  затоа што луѓето само сакаат мир, стабилност и да живеат во хармонија еден со друг. И мислам дека секој друг, кој проповеда за поделба на заедниците, за вртење едни против други, е криминалец, додава тој коментирајќи ја политичката состојба на Балканот“, вели Штрифлер.

Тој вели дека не е дел од процесот на одлучување, но приоритет на „Балкан форум“ е зачувувањето на мултиетничкото косовско општество и дека потпалувачката реторика треба јасно да се остави зад себе, и секоја страна која тврди дека прибегнувањето кон насилство е решение наместо мирен дијалог е криминал.

„Прво, сакам да наведам, да ја пофалам храброста и издржливоста што ја покажаа украинскиот народ, владата и војската. Ако оваа војна заврши, секако посакувам – мојата најсилна желба е дека некое време, што е можно поскоро, Украина повторно ќе биде мирна, обединета и ќе го врати својот целосен суверенитет вклучувајќи ги Донбас и Крим, а за Русија посакувам дека ќе се ослободи од криминалецот Владимир Путин затоа што прави грозни работи. Тој е срам за своите граѓани, за Европа и за светот“, вели тој.

Скопје е како различни парчиња пита од јаболка

„Секој град има свои врвни моменти, Сараево на пример  со Башчаршија која е една од ваков вид, со оваа комбинација на австроунгарска архитектура и оваа комбинација на бруталистичка архитектура и на пример, а Скопје има многу добра разновидност во однос на населбите. На пример Кисела Вода, Градски парк, Чаир сите се како разни парчиња вкусна пита со јаболка“, вели тој.

Според него Приштина е навистина, како го извлекува максимумот од програмите за промоција.

„Мислам на пример за програмата Манифеста, која траеше 100 дена и привлече меѓународно внимание. И она што можам да го кажам беше навистина извонредно во ова е тоа што го стави акцентот на прикажување на локални уметници. Тоа беше изданието Манифеста со најсилен процент на локални уметници како дел од оваа рамка. Значи, Западен Балкан нема да биде целосен без Косово, нема да биде целосен без Северна Македонија, нема да биде целосен без Босна и Херцеговина“, вели тој.

Што е LogEx?

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од  Западен Балкан и дијаспората во регионот.

Како разновидна заедница, LogEx работи на решавање на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот и го олеснува заедничкото учење и соработка и работи на градење човечки капитал, зајакнување на кружната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.

Исто така LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркулатната економија и безбедноста и развива стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат за да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани, но најмногу да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија, бидејќи ова е еден нов концепт кој допрва треба да се развива на Балканот.  Сите здруженија од земјите од Западен Балкан имаат сличности околу заедничките цели, но и проблеми со кои се соочуваа.

Затоа средбата во Скопје, послужи како добра основа за дискусија и трасирање на патот напред кон подобрување на состојбите во регионот преку стратегии кои ќе ја понудат циркуларната економија како едно од решенијата. Покрај претставнци на организациите, на средбата на LogEx беа присутни и претставници од универзитети и експерти во областа.

Соња Танеска

камера и монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Војна во УкраинаПриштинаУкраинациркуларна економија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ