• Latest

Алити: Злоупотребата на балансерот може да се стопира со нови Закони

November 28, 2022

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Алити: Злоупотребата на балансерот може да се стопира со нови Закони

November 28, 2022 18:46
in АНАЛИЗИ, ГРАЃАНСКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржa јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“, во Прес студиото на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка.

На панелот се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“  кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити истакна дека балансерот е злоупотребен, но истото може да се среди со нови Закони.

-Средувањето е во стопирањето на злоупотребата на балансерот. Сите знаеме дека оваа алатка се злоупотребува во одредени институции. Понекогаш тоа се прави можеби и од самиот министер, или директор или првиот човек на институцијата, но повеќето од случаите се правени од кандидатот. Имаме слуаеви каде кандидатот во еден одреден конкурс на три работни места аплицира под три различни националности. Со мојот тим имаме разговарано за овој проблем, имаме разговарано и со премиерот, значи сакаме да ја стопираме оваа злоупотреба, изјави на Панелот, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Според министерот ова може да се направи со новите Закони.

-Тоа се Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, каде ќе ја задолжиме Агенцијата за администрација, во нивниот софтверски систем, како што е сега полето ЕМБГ затворено, исто така да биде затворено и полето националност, вели Алити.

-Ние како министерство мислиме дека со ова би се средил делот на злоупотребата. Балансерот сметам дека треба им служи на сите граѓани, без оглед на која етничка заедница припаѓаат. Тие треба да имаат аксес во сите институции, бидејќи ние се уште имаме статистики каде што гледаме дека одредена зедница нема ниту 1% застапеност во одредени институции, додава Алити.

Дамјан Варошлија
Камера: Александар Ризински
Реализација: Ариан Мехмети

 

Tags: балансермултикултура мултикултураОПШТЕСТВО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ