• Latest

ЕУобсервер: Претстојните санкции на ЕУ ќе ги погодат руските про – воени медиуми

December 12, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУобсервер: Претстојните санкции на ЕУ ќе ги погодат руските про – воени медиуми

December 12, 2022 19:25
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Деветтиот круг санкции на ЕУ против Москва ќе ги погоди про – воените руски медиуми виновни за „сериозно искривување и манипулирање со фактите“, како и популарни ТВ водители и писатели кои „западот и Украина ги поврзуваат со безбожност и ѓавол“, објави онлајн весникот ЕУобсервер .

Дозволата за емитување на три руски ТВ канали – НТВ/НТВ Мир, Росија 1 и РЕН ТВ – треба да биде одземена, додека 144 лица, меѓу кои и ТВ водителките Борис Корчевников и Марина Ким, треба да се појават на новата црна листа на ЕУ, вели ЕУобсервер.

Меѓу поединците вклучени во нацрт-црната листа на ЕУ беше Сергеј Михеев, кој ја промовираше антиукраинската пропаганда на Кремљ.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 7 декември, кога ги откри деталите за деветите нацрт-санкции на ЕУ, рече дека ќе ја таргетира „руската пропагандна машина со отстранување на четири дополнителни канали од етерот и сите други дистрибутивни платформи“. Таа не даде повеќе детали.

Официјалниот претставник на ЕУ тогаш рече дека предложената листа за санкции е проширена за „речиси 200 поединци и ентитети“, која ќе ги вклучи руските вооружени сили, индивидуални офицери и одбранбени компании, како и политички партии и министри.

„Две ќерки и една братучетка на чеченскиот воен лидер Рамзан Кадиров“ се исто така меѓу целите, пренесува ЕУобсервер.

Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, минатата недела ја повика ЕУ да „воведе строги санкции врз руското ракетно производство и се што се користи за лансирање смртоносни ракети кон Украина.

„Онлајн весникот, сепак, рече дека нацртот може да се прилагоди со министрите за надворешни работи на ЕУ поради одржување на разговори на 12 декември.

Како што пренее Би-би-си,  на 3 декември, по неколкумесечни преговори на западните сојузници, земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел. Кон ваквото ограничување се приклучија и земјите од Г-7, како и Австралија. САД сметаат дека новото ограничување на цената на руската нафта веднаш ќе го намали најважниот извор на приходи на Путин што ги користи за војната во Украина.

ЕУ го одобри својот осми пакет санкции на 5 октомври, по што беа воведени нови трговски ограничувања за да се ограничат приходите на Русија за финансирање на војната против Украина. Главен фокус на овој пакет е ограничувањето на трговијата со руска нафта за трети земји, надвор од ЕУ.

подготви: Д. Мишев

Tags: ЕУруска агресијаруски медиумисанкции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ