• Latest

Грковска: Справувањето со дезинформациите претставува општествена одговорност

December 13, 2022
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Грковска: Справувањето со дезинформациите претставува општествена одговорност

December 13, 2022 12:57
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кога зборуваме за дезинформациите и начинот на којшто се справуваме со нив, одговорноста не е само на Владата или само на институциите, тука тоа е општествена одговорност и сите ние мора заеднички да работиме и заеднички да се справуваме со дезинформациите како негативна појава, бидејќи одговорноста е заедничка, нагласи вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешната конференција „Кревање на завесата: Справување со политички дезинформации преку зголемена институционална транспарентност“.

Осврнувајќи се на социјалните медиуми, таа рече дека сите сме сведоци оти таму многу често се пласираат лажни информации, се преземаат и споделуваат без претходно да бидат проверени.

– Унапредувањето на транспарентност на институциите е една од алатките за справување со дезинформации и затоа со цел навремено, точно и објективно информирање на јавноста, но и со цел зголемување на контролата врз работата на институциите, Владата од 2017 година до денес интензивно работи на унапредување на транспарентноста. Ме радува што се повеќе се препознаваат напорите на оваа Влада за отворање на институциите, потенцираше Грковска.

Таа информираше дека нејзиниот Кабинет, заедно со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и Центарот за управување со промени, направил анализа за најчесто побарувани податоци согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

– Врз основа на таа анализа подготвивме упатство за институциите од јавниот сектор кое е детално поделено по области и кое им дава прецизни насоки на институциите, кои податоци треба да бидат јавно достапни и како да ја подобрат нивната транспарентност. Преку информација до Владата, институциите ќе бидат задолжени да имаат обврска овие информации да ги објавуваат на нивните веб-страници. На овој начин информациите ќе бидат јавни, полесно достапни и доволна ќе биде само посета на официјалната веб-страна на конкретната институција, наместо да се постапува според предвидената законска процедура која најчесто одзема многу време. Целта беше да ја подигнеме активната транспарентност кај институциите, врз основа на анализата, наведе Грковска.

Вицепремиерката рече дека таа мерка е само преоден чекор за она што сакаат да го постигнат на крајот, а тоа е целосно отворање на институциите, односно доведување до степен сите податоци и сите информации да бидат јавно достапни, освен оние што се класифицирани поради личните податоци на граѓаните.

– Ваков регистар е неопходен и е едноставно предуслов за да можат да бидат дигитализирани сите институции и сите податоци. На тој начин се зголемува и транспарентноста и комплетната отвореност на институциите, рече Грковска.

Весна Шопар, истражувачка од Институтот за комуникации, што ја организира денешната конференција, осврнувајќи се на прелиминарните резултати од истражувањето „Транспарентноста на институциите како предуслов за спречување на ширењето дезинформации и шпекулации во Северна Македонија“, истакна дека во актуелниот наратив на владините институции доминира поимот на активна транспарентност што подразбира дисеминација на слободни и редовно обновувани информации без некој тоа да го бара од нив.

Таа потенцираше дека мерењата, односно индексите на транспарентност покажуваат тренд на подобрување. Шопар додаде дека некои министерства имаат многу високи рејтинзи на активна транспарентност, но има и такви кои се со слаби резултати.

– Сепак транспарентноста не може да се ограничи само на прес-конференции, ажурирање на веб-страници и работа на портпароли. Транспарентноста е системски проблем и потребен е системски пристап. Освен пласирање и достапност на информации, таа подразбира и обврзувачки, јасен, отворен и разбирлив процес на донесување на одлуки на власта, но и механизми за корекција. Ако овие три аспекти не се паралелно застапени тогаш нема транспарентност, односно не е системски одржлива независно од индексите и рејтинзите, заклучи Шопар.

Tags: ГрковскадезинформацииШопар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ