• Latest

Буџет 2023: Ќе се позајмува само за финансирање на инвестициските проекти

December 19, 2022
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Буџет 2023: Ќе се позајмува само за финансирање на инвестициските проекти

December 19, 2022 15:26
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако ги помина комисиските филтри дополнетиот предлог Буџет за 2023 година е на пленарна собраниска седница. Ова  е нов интегрален текст во кој Владата ги вградила прифатените амандмани. Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма, а дел од предлагачите ги повлекоа своите амандмани.

 

Предложениот Буџет за 2023 година е во согласност со златното правило во јавните финансии – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит, односно ќе се позајмува само за финансирање на инвестициските проекти.

-Реализацијата на буџетот ќе се раководи според принципот вредност за вложените пари, при што ќе се внимава парите на граѓаните да се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот, рече министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го дополнетиот предлог-буџет на Република Македонија за 2023 година на почетокот од денешната собраниска седница.

Предлог-буџетот за 2023 година, посочува министерот, е реален, ги лоцира приоритетите и алоцира соодветно средствата на граѓаните и фирмите. Во текот на 2023 година планирано е континуирано подобрување на системот за планирање на Буџетот, преку подобра контрола на трошоците и преземање на одредени предлог мерки на приходната и расходната страна.

– Вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарди денари и истите се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или 42,7 милијарди денари, појасни Бесими.

Проекциите за приходите на Буџетот за 2023 година се базираат на следните претпоставки – реализација на приходите во тековната 2022 година, очекувања за економскиот раст и подобрување на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи.

– За остварување на проекциите на приходите планирани се мерки и активности во насока на подобрување на постојната даночна регулатива; намалување на даночната евазија; воведување на напредни технологии; модернизација и автоматизација на работните процеси; зајакнување на капацитетите на институциите за прибирање на приходи; зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи; како и зајакнување на институционалната координација, наведе Бесими.

Вкупните даночни приходи, кои ги опфаќаат приходите по основ на данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите, увозните давачки и другите даночни приходи и сопствените приходи на буџетските корисници, во Буџетот за 2023 година се проектирани во износ од 162,6 милијарди денари, што, како што рече, е за 13,6 отсто над износот на приходи планиран со Буџетот за 2022 година. Истите учествуваат со 17,7 проценти во БДП за 2023 година, што е приближно еднакво на учеството во претходната година.

– Најголем пораст е проектиран кај приходите од данокот на додадена вредност кои со Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 78,5 милијарди денари, а што се должи на очекуваниот пораст на финалната потрошувачка и пролонгираните инфлаторни движења во економијата. Приходите по основ на данокот на додадена вредност учествуваат со 48,3 отсто во вкупните даночни приходи за 2023 година и со 8,5 проценти во БДП, изјави министерот.

Додаде дека вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година.

– Проекциите на расходите на Буџетот за наредната година се подготвени врз основа на следните претпоставки – усогласеност на проекцијата на приходите со планираните движења во економијата, обезбедување на фискална консолидација, економско заздравување и забрзан раст, редовно и непречено извршување на сите законски обврски, континуитет во спроведување на дисциплинирана буџетска политика и зајакната контрола на јавните трошења, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании и приоритетот за интегративните процеси на Република Северна Македонија во ЕУ и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и друго, образложи Бесими.

Тековните расходи за 2023 година се планирани во износ од 276,1 милијарди денари или за 7,7 отсто повеќе во однос на 2022 година, се наменети за редовна исплата на плати на вработените во јавниот сектор, навремена и редовна исплата на пензии, гарантиран минимален приход и останати социјални права, исплата на субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и поддршка на енергетскиот сектор.

– Целта на предлог-уџетот за 2023 година е да помогне во ублажувањето на последиците од енергетската криза, да обезбеди непречено финансирање на евроатлантските интеграции, исполнување на НАТО стандардите, но и да постави основа за економско заздравување и да обезбеди забрзување на економскиот раст. Овој Предлог-буџетот е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување на фискална одржливост – додаде Бесими.

Капиталните расходи се планирани на ниво од околу 48,8 милијарди денари или за околу 51,8 отсто повисоко во однос на планот за 2022 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми. Планираното ниво на капитални расходи за 2023 година учествува со 5,3 проценти од БДП.

Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски во текот на дискусијата на пленарната седница истакна дека „овој предлог-буџет е историски највисок, нереален, надуен балон којшто е во прашање кога ќе експлодира“.

– Најголемиот буџет досега што во една реченица би се опишал како буџет за склучување на договори во четири очи – нагласи Стојановски.

С.Т.

 

Tags: БесимибуџетпензииплатиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ