• Latest

Важноста на меѓународните организации (НАТО и ЕУ) во време на глобална криза и закани

December 23, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Важноста на меѓународните организации (НАТО и ЕУ) во време на глобална криза и закани

December 23, 2022 11:25
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АСТРИТ ИСТРЕФИ

Извршен директор на Балкан Форум, Косово

Нашиот дел од светот, каков што го знаеме од распадот на Советскиот Сојуз и падот на Берлинскиот ѕид, сега е сериозно загрозен од руската агресија врз Украина. Огромното насилство на нападот, ужасите што се случуваат секој ден на украинска почва и злонамерниот дискурс од руската страна што го придружува овој напад ги погодуваат општествата и просторите надвор од Украина.

Навистина, оваа агресија, во 21 век, длабоко го потресе современиот светски поредок, безбедноста и стабилноста на европските општества во некои региони кои веќе беа кревки, како што е Западен Балкан. Слични ужаси се случија на нашите простори пред само три децении. Регионот на Западен Балкан, каде што општествата сè уште се поделени по етнички линии, сè уште не е помирен и лесно може да се активираат безбедносните закани.

Влијанието на руско-украинската војна и реакцијата на светот на неа, особено на Западот, може да се види низ три перспективи.

  • Државните разлики во однос на нивниот вредносен систем излегоа на површина, преку која страна избраа да ја поддржат – отворено или на камуфлиран начин, и нивните преференции за тоа како тие реагираат на оваа закана за безбедноста и стабилноста на прагот на Европа. Дали овие избори се водат само од нивниот вредносен систем или ќе бидат поттикнати и од барањата што произлегуваат од околностите? Веројатно, второто се чини дека ја надминува зголемената закана за нивната национална безбедност и безбедност во другите делови на светот. Острата разлика меѓу вредностите на тој начин се разоткрива, зајакнувајќи ги наративите кои предизвикуваат поделби, поттикнувајќи ја недовербата меѓу завојуваните страни денес и во минатото и поткопувајќи ги меѓународните и домашните напори за мир и просперитет.
  •  Политиките на усогласување и неутралност на европските земји. На Западен Балкан, Србија е единствената земја која сè уште нема воведено никакви санкции против Русија; голем дел од јавноста е наклонета кон Русија, и нејзиниот државен дискурс ги пренесува истите чувства. Од друга страна, земјите како Финска, Шведска и Австрија мораа да се дистанцираат од нивните политики на неутралност, што има директно влијание врз нивните воени и одбранбени буџети.
  • Така што, улогата на меѓународните организации во ситуации на кризи и глобални закани станува поважна. За Западен Балкан, ова е од особено значење во духот на тековниот дијалог Косово-Србија; процесот на европска интеграција и членство во ЕУ како долгорочна аспирација на земјите од Западен Балкан; аспирациите за членство во НАТО што ги имаат сите освен Србија, и кревката политичка ситуација во Босна и Херцеговина.

Така, овој нов геополитички контекст е можеби одлучувачки момент во историјата на организациите (НАТО и ЕУ) и на човештвото, во однос на нивниот избор за рекалибрирање на ресурсите и одговорите. Во вакви моменти, важноста на меѓународните организации како НАТО и ЕУ доаѓа до израз и преку нивниот координиран одговор, придонесуваат за кохезија, мир и помирување во регионите и општествата погодени од војните.

На оваа елаборација, можеме да го додадеме и стремежот на земјите како Украина, Грузија или Молдавија да станат дел од поширокото семејство на ЕУ и НАТО алијансата. Нивниот избор доволно зборува и ја зајакнува оската на моќ која е позиционирана на вистинската страна на историјата. Навистина, она што секоја земја се стреми да го постигне во 21 век, може да се сумира во овие три клучни аспирации: економски напредок, здрава демократија и безбедност.

Затоа, проширувањето на меѓународните организации како што се НАТО или Европската унија главно е поттикнато од индивидуалните избори што ги прават земјите во текот на нивните напори да ги исполнат овие аспирации. Во време на длабоки безбедносни кризи, како онаа со која се соочува светот денес, како резултат на агресијата на Русија против Украина, дури и историски неутралните земји како Шведска или Финска разбираат дека членството во такви организации придонесува за мирот и стабилноста во Европа и на земјината топка.

Како што изјави поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон, доколку Русија успее во нападот врз Украина, тоа би било „на крајот катастрофално, не само за демократијата и независноста на земјите, туку и за економската стабилност. Одбраната на Украина е цена што вреди да се плати за демократијата и слободата“.

 

 

 

 

Tags: безбедноствојнагеополитикаЕУЗападен БалканНАТОРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ