• Latest

Откривањето на македонските, регионалните и светските „Перспективи 2023“ започнува в четврток, во 11 часот

December 27, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Откривањето на македонските, регионалните и светските „Перспективи 2023“ започнува в четврток, во 11 часот

December 27, 2022 12:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Перспективи 2023“ е специјален мултимедијален и медиумски прилог кој тимот на Цивил и интегрираната редакција на ЦивилМедиа го организира од 2017 година. Извонредно богатство од изјави, интервјуа, анализи и ставови се собираат, на едно место, на крајот од декември и почетокот на јануари секоја година. На тој начин, Цивил дава придонес кон општествено политичкиот дијалог во земјата и ги одредува главните насоки, препораки и прогнози за годината пред нас, а воедно дава оценка и за годината што ја оставаме зад нас.

ДВЕ ПРАШАЊА

И оваа, шеста година по ред, „Перспективи 2023“ ќе ги обедини ставовите и оценките на релевантни претставници на граѓанското општество и медиумите, аналитичари, јавни личности, и креатори на политиките и практиките за најважните прашања во изминатата и перспективите за претстојната година. Тие одговараат на две, навидум едноставни прашања:

  • Како ќе ја оцените годината што изминува?
  • Кои се перспективите во претстојната година?

ВРЕМЕ: ЧЕТВРТОК, 11 ЧАСОТ, ОНЛАЈН, 100 МИНУТИ

Откривањето на македонските, регионалните и светските „Перспективи 2023“ започнува в четврток, 29 декември, со истоимениот онлајн настан на Цивил, со почеток во 11 часот. За 100 минути, пред камерите на ЦивилМедиа ќе се појават најмалку 12 учеснички и учесници кои во динамичната агенда ќе добијат по 2-3 минути да ја оценат годината зад нас и да ги претстават своите прогнози за перспективите во текот на претстојната 2023 година.

Настанот ќе биде емитуван во живо, на видео каналот Youtube и на Фејсбук страницата на Цивил.

ПОКАНЕТИ ПОВЕЌЕ ОД 30 УЧЕСНИЦИ

Деновиве, Цивил испрати покани до повеќе од 30 релевантни претставници на политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот, да учествуваат во „Перспективи 2023“ во видео и текстуален формат.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖАТ ДА УЧЕСТВУВААТ

Од Цивил соопштуваат дека сите заинтересирани можат да испратат свој прилог во видео или текстуален формат во кој ќе ги изнесат своите ставови и оценки за изминатата 2022 година и перспективите во 2023 година. Прилозите можат да се испратат на civil.macedonia@gmail.com.

Следете го ЦИВИЛ 

Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм

 

Tags: анализидебатајавно мислењеонлајн настанПерспективи 2023политика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ