• Latest

Перспективи 2023: Муратов со остри оценки за дезинформациите, Тахири ги претстави перспективите на меѓуетничките односи

January 4, 2023
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Перспективи 2023: Муратов со остри оценки за дезинформациите, Тахири ги претстави перспективите на меѓуетничките односи

January 4, 2023 15:02
in ДИСКУРС, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

На мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦивилМедиа „Перспективи 2023“, кој се организира секоја година, почнувајќи од 2017 година, се вкрстија голем број ставови, коментари и анализи на состојбите во 2022 година и перспективите во 2023 година.

Шесте панели на „Перспективи 2023“ се одржаа на 29 декември, а ги водеа Биљана Јордановска и Дијана Тахири. На еден од панелите што ги водеше Јордановска, учествуваа новинарите Дехран Муратов и Дијана Тахири кои дискутираа на две теми: Дезинформациите и меѓуетничките односи.

„Имавме турбулентна 2022 година, не само на полето на дезинформации туку воопшто во целокупниот живот. Токму затоа јас би спомнал само неколку примери за да го освежиме сеќавањето на граѓаните со што се соочувавме цела година за да не ни се повторуваат и во 2023 година“, рече Муратов, меѓу другото, говорејќи за дезинформациите и пропагандата.

Тој потсети на настаните поврзани со студентските протести и вмешувањето на политиката.

Дехран Муратов

„Политичките партии, особено опозицијата, па и Левица се обиде политички да профитира да ги преземе всушност овие протести под свое и да се претстави како заштитник на студентите. Сепак овој обид беше неуспешен, многу брзо беа послушани правата на студентите од страна на власта и беа остварени правата кои ги бараат“, вели Муратов.

Според него дезинформација која ја одбележа 2022 година е популарната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, „Секој може да има по две жени“, што во овој момент можеби изгледа смешно.

„Ова беше кромид-информација која се прошири по медиумите, а граѓаните и денес, иако знаат дека е лажна вест, сепак си ја споменуваат, но тоа е и главниот проблем со лажните информации, остануваат долго во меморијата на луѓето и потешко може да се заборават“, вели Муратов.

Тој потсети и на протестите за францускиот предлог кои беа предводени од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, а пред сè однесувањето на Левица кога Урсула фон дер Лајен беше во Собранието, а тие пробуваа да го пригушат целиот нејзин говор и постојано повторуваа дека Македонија ќе го загуби идентитетот, јазикот итн, а за идентитетот се докажа дека не се ни преговара.

Според Муратов , една од главните „Перспективи за 2023 година“ е граѓаните да почнат да размислуваат слободно и да не посакуваат Груевски да се врати во Македонија на бел коњ, туку да сакаат слобода и демократија.

„Тоа е она што е за жал со последната анкета на ИРИ видовме дека граѓаните сакаат цврста рака, а особено оние пропагандистите кои се љубители на политиката на Путин сакаат и тоа да го донесат во нашата држава, а јас би сакал да се ослободиме и да живееме во слобода мир и добрососедство, не само во Македонија, туку и во околината“, рече Муратов.

Освен проектно, Дијана Тахири говореше дека секој во ЦИВИЛ работи и по лично убедување на аспектите како што се меѓуетничките односи и мултикултурализмот.

„Ги следиме случувањата и процесите на институционално, општествено, локално и секакво ниво, во смисла на придонес за подобрување на состојбите со меѓуетничките односи, каде и да е тоа потребно. Изминатата година работевме на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ и тоа во правец на приближување на нашите ставови, со ставовите на институциите , општеството и политичките чинители, во однос на почитување на различностите, во однос на тоа што значи негување на мултикултурноста, препознавањето на различното, антинационализмот и секако, низ нашата работа низ разговор и со граѓаните низ цела држава. Меѓу другото, ја следевме и работата на новата стратегија ‘Едно општество за сите’, и дадовме наши препораки“, информира Тахири.

Дијана Тахири

Според неа, меѓуетничките односи навидум се мирни, нема некакви тензии какви што имаше во еден одреден период пред години, меѓутоа, има нешто друго.

„Луѓето, не само по етничка основа, туку и интра-етнички се оддалечуваат едни од други. Различната култура не се познава доволно, но полека, се прифаќа. Низ бројните настани, една од темите која ја чепнавме беше и алатката за вработување, балансерот, и злоупотребата на оваа алатка. Колку и да е злоупотребен, а за што добивме гаранции дека ќе се работи на нов механизам кој ќе спречи злоупотреба, преку балансерот се постигна меѓу другото, луѓето да се навикнат на фактот дека на работните места не преовладува една етничка заедница, а се надевам дека во блиска иднина нема да имаме потреба за таква алатка, односно процентуално застапување , туку вработувањата ќе бидат врз други основи и без никаква дискриминација, а тоа е нешто на кое треба сите без исклучок, да работиме заедно“, појаснува Тахири.

Таа вели дека нејзина  лична, но и организациска заложба е во иднина да се поттикне желбата за препознавање на културата на другиот, па потоа доаѓа и почитувањето на таа различност.

Ако постои желбата да се знае како живее другиот, во домашни услови, со друга културолошка подлога, да се следат и медиумите на јазиците на другите етнички заедници, за да се фати ритамот и препознае различноста. Да се дружиме малку повеќе надвор од тоа што е работна обврска. Посебно младите, тие навидум најмалку имаат проблем со другите, но тоа само кога работат заедно, но, кога е градот поделен, кога општината е поделена, кога е поделено селото, тогаш имаат проблем, не се познаваат. Тука треба да поработат првенствено семејствата, институциите, а највеќе образовниот систем, и тоа час поскоро, заклучува Тахири.

Соња Танеска

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Tags: ГруевскидезинформацииКовачевскимеѓуетнички односи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ