• Latest

Потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ, мора да се одземе национализмот во партиите, како на пример во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

January 13, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ, мора да се одземе национализмот во партиите, како на пример во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

January 13, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

До ноември може многу да се направи, потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ

Не сум човек кој дошол на позиција за некого да убедува или разубедува, туку за да спроведува поставените стратешки цели. До ноември може да се направи многу, но секој треба да биде одговорен и на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Меџити: Министрите на ДУИ се без легитимитет на граѓаните

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и дел од таканаречената „огнена група“, веќе подолго време јавно го изнесува незадоволството од начинот на кој работат министрите кои доаѓаат од ДУИ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија користи осуденици за принудна работа во воениот производствен сектор

Рускиот воен производствен сектор со голема веројатност прибегнува кон користење на принудна работна сила од осуденици во обид да ги исполни барањата за производство во време на војна, соопшти британското Министерство за одбрана во најновото разузнавање објавено на Твитер, пренесува Укринформ.

СВЕТ

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како меѓу најтешко погодените среде тековните глобални епидемии кои се „распространети и смртоносни од нормалните”, пренесува Washington Post.

Акција против криминални групи во онлајн инвестициска измама во Германија, Србија, Кипар и Бугарија.

Полициски и судски власти од Германија, Србија, Кипар и од Бугарија, поддржани од Европол и Евроџаст, презеле акција против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:
И денеска во фокусот на албанските медиуми во регионот е решението за договор помеѓу Србија и Косово, а во продолжение се содржините од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешните теми опфатени во медиумите.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“

Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје. Од „Усје“ ги демантираа овие обвинувања.

МУЛТИКУЛТУРА

Атанасов: Мора да се одземе национализмот во партиите, како на пример во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Замислете во претседателството на ДУИ и во претседателството на ВМРО-ДПМНЕ да им внесете во ДУИ еден од ВМРО Македонец, на двочасовен состанок на кој ќе се одлучува за значајни работи и кај ВМРО-ДПМНЕ еден Албанец во нивните органи , којшто е образован и политички поткован. Нека го примат кога Мицкоски ќе зборува за меѓуетничките односи. Ако ова успееме да им го одземеме, ние ќе направиме општество и држава за сите, рече Атанасов.

Имери: Загрижува што интелектуалците се движат на линија на помал отпор, дури и во осуда на војната во Украина

Загрижува што интелектуалците не реагираат на говорот на омраза, оцени аналитичарот Луан Имери, зборувајќи на конференцијата „Различностите – благодаат или проклетство“. Според него академската јавност во моментов функционира на линија на помал отпор.

Тренчевска: Ако децата од мали ги учиме дека различноста е богатство, кога ќе пораснат ќе бидат поприфатливи кон различностите

Ако од најмали нозе ги учиме децата дека различноста е богатство, а не причина за некој да е исклучен, потоа формираме личности кои прифаќаат различност, не се плашат од непознатото“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“.

Мемети: Со подобрувањето на системот за услуги на сите граѓани, неколкукратно се подобрува состојбата и кај ромската заедница

Целокупниот сервис на услуги што го нуди државниот апарат не претставува таргетирана политика, оценува советникот во Владата за инклузија на Ромите, Елвис Мемети, во гостувањето на трибината „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил.

Смаиловиќ: Институциите не одат во чекор со жртвите, треба повеќе храброст

Активистката Мерсиха Смаиловиќ на конференцијата „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил, сподели лични искуства од борбата со институциите кога против неа била поднесена пријава дека шири говор на омраза.

Забрчанец: Спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаа само демонстративно практикување на мултикултурализам, а помеѓу тоа имавме тепачки во автобус и организирање на контрапротести. Не само по етничка линија, тој апарат имаше проблем со сите типови на различности, рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата на Цивил, „Различностите, благодат или проклетство“.

Земон: Постои мултидисциплинирана дискриминација која може да се надмине само со нов пристап

Во општеството постои мултиплицирана дискриминација, оценува аналитичарот Рубин Земон, говорејќи на конференцијата „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил. Тој сподели и пример со што се соочува една жена Ромка.

СЛОБОДНА ЗОНА

Пишувајќи за Нова година новинарот Недим Сејдиновиќ, уредник на порталот „Автономија“ од Војводина констатираше дека од една во друга календарска година минуваме како од една лоша во друга лоша бесконечност., пишува Љубомир Косовски во колумната Западен Балкан: Години на лошата бесконечност.

Откриено е што треба да направат македонските граѓани за да бидат фини како Финците, најсреќниот народ на светот во 2022 година

Во толкувањето за овие критериуми, познатиот економист, професот на Универзитетот Колумбија и директор на Центарот на одржлив развој при овој универзитет Џефри Сакс, како еден од членовите на бордот на „Извештајот за светската среќа“, се осврнува на последниот критериум посебно и вели дека „луѓето се посреќни кога се дарежливи и кога како такво го доживуваат и општеството“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ