• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти бара поголема посветеност од ЕУ и САД за договорот со Србија, Интерпол ја демантира Брнабиќ, Бериша ќе го „руши“ Рама

January 13, 2023
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти бара поголема посветеност од ЕУ и САД за договорот со Србија, Интерпол ја демантира Брнабиќ, Бериша ќе го „руши“ Рама

January 13, 2023 12:26
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска во фокусот на албанските медиуми во регионот е решението за договор помеѓу Србија и Косово, а во продолжение се содржините од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешните теми опфатени во медиумите.

РЕПОРТЕРИ -Курти: Состаноци во Брисел требаше да се одржуваат секој месец, ЕУ и САД  треба да вршат притисок врз Белград

„На 18 август минатата година се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец. Во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германскиот предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија поддржан од Франција и Германија, а средба немаше до 21 ноември. Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност на меѓународната заедница, особено на Европската унија и Соединетите Американски Држави, со цел да се изврши поголем притисок врз Белград, изјави косовскиот премиер Албин Курти во однос на обидите и решеноста за договор со Србија, пренесува косовскиот медиум Репортери.

ЗЕРИ -Интерпол  ја  демантира Брнабиќ: На средбата со неа не било разгледувано прашањето за апликацијата на Косово

„Српската премиерка Ана Брнабиќ, во средата изјави дека ИНТЕРПОЛ  ги затворил вратите за Косово.  Таа рече дека добила гаранции од претседателот на Интерпол, Ахмед Насер ал Раиси, дека потенцијалната апликација на Косово за членство во Меѓународната организација за криминална полиција нема да биде на дневен ред за време на неговиот мандат.

Но, во одговорот од ИНТЕРПОЛ велат дека на тој состанок не било разгледано прашањето за каква било потенцијална апликација за членство.“, пренесе  косовскиот медиум Зери.

ПАНОРАМА: Ќе има ли протести пред изборите на 14 мај?

Падот на Рама е алтернатива во секое време. Ова е револуција. Тие што не разбираат грешат. Овој ги има сите алатки на теренот. Кампањата, битката, може да има протести една недела и две недели. Мисијата е да се урне монистички систем, изјави Сали Бериша во интервју за Сури. Нет, пренесе албанскиот медиум Панорама.

ФАКС ВЕБ – СП ја отфрла иницијативата за истражна комисија против Рама за 137 чартер летови

Социјалистите во четвртокот на Конференцијата на претседатели го одбија барањето на пратениците од опозицијата, за парламентарна истрага за трошоците за патувањата со чартер авион на премиерот Еди Рама, како и предупредија на законски измени за формирање истражни комисии, пренесе албанскиот медиум Факс Веб.

ЕПОКА Е РЕ -Историјата ги проколнува оние што газат врз крвта на хероите на нацијата!

„Од 1878 до 1881 година со геноцид е извршено етничкото чистење на Албанците од  Нишкиот санџак  и Топаница. Што остана денес од тие земји, од тие луѓе, каде се и каде останаа? Малкумината што ја избегнаа смртта се некаде низ светот, во Турција, во САД, во Европа, но повеќето од нив не зборуваат албански, не знаат албански, ниту пак се сеќаваат што им се случило.“, извадок од колумната „ Историјата ги проколнува оние што газат врз крвта на хероите на нацијата!“ од универзитетскиот професор Нусрет Плана објавена во косовскиот дневник Епока е Ре.

Д. Тахири

Tags: БелградБеришаБриселБрнабиќизбориИнтерполКуртиРамаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ