• Latest

Забрчанец: Спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите

January 13, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Забрчанец: Спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите

January 13, 2023 14:25
in МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаа само демонстративно практикување на мултикултурализам, а помеѓу тоа имавме тепачки во автобус и организирање на контрапротести. Не само по етничка линија, тој апарат имаше проблем со сите типови на различности, рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата на Цивил, „Различностите, благодат или проклетство“.

Тој додаде дека Владите од 2017 наваму работат на поправање на штетата и градење на едно општество за сите, што било унишувано претходните 10 години.

„Владите од 2017 година наваму воведоа помош за најранливите, повеќекратно зголемување на социјалната помош, беше донесен Законот за антидискриминација, усвоена Истанбулската конвенција, како и дадена помош на ЛГБТИ заедницата и преку законот против дискриминација и со обезебдување на услови за организација на парадите и прајдовите“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека освен тоа, Владите од 2017 година наваму се грижат и за работниците со недела неработен ден и растот на минимална плата, а значително е поправен и односот кон граѓанските организации со запирање на процесот на „десоросоизација“ започнат од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Отворен Балкан емитува соработка, иако е поставен на економска основа, подразбира соработка на различните. Тој е одлична шанса за потиснување и контратежа на конфликтот меѓу Србија и Косово“ додаде тој.

Тој додаде дека иницијативата Отворен Балкан има потенцијал да биде искористен и во економска и политичка смисла како контратежа на ризиците кои доаѓаат од несоработката и непочитувањето на балкански начин.

Отворен Балкан е пример дека мултикултурализмот може да биде популарен. Оваа иницијатива има поддршка од речиси 80 отсто од популацијата во земјава и го поддржуваат сите етнички заедници“ рече Забрчанец.

Тој рече дека Договорот од Преспа и иницијативата Отворен Балкан се силни за да го одржат регионот на вистинската патека со меѓусебно почитување.

Предизвик за мене се случувањата во соседството, сериозна закана за мултикултурализмот и спроведувањето на стратегијата се тензиите помеѓу Србија и Косово, како и недобрососедската комуникација меѓу Србија и Хрватска и Србија и Босна и Херцеговина. Од друга страна и спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите“ вели Забрчанец.

Тој додаде дека наспроти ова го имаме добриот однос на Северна Македонија со Албанија и Грција, како и иницијативата Отворен Балкан.

„Отворен Балкан е пример дека мултикултурализмот може да биде популарен. Оваа иницијатива емитува соработка, поставена е на економска основа, но подразбира соработка на различните“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека Отворен Балкан е шанса за потиснување и контратежа на конфликтот меѓу Србија и Косово доклку е искористен, освен во економска и во политичка смисла како пандан на ризиците од несработувањето и непочитувањето.

Подготви: Соња Танеска

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски

Tags: БугаријаМултикултураОтворен Балканспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ