• Latest

Дали проработи „стапот или морковот“ на ЕУ кон Србија?

January 25, 2023

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Дали проработи „стапот или морковот“ на ЕУ кон Србија?

January 25, 2023 15:41
in АНАЛИЗИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапот на Србија кон нормализација на односите со Косово по се изгледа доби нова динамика, по пристигнувањето на петтемина дипломати прво во Косово, а потоа и во Србија.

Србија ризикува изолација од Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД) доколку не се согласи да соработува во реализацијата на француско-германскиот план за нормализација на односите со Косово, соопшти српскиот претседател Александер Вучиќ на прес-конференција што ја одржа по учеството на владиниот состанок.

Тој рече дека странските дипломати му кажале дека доколку не го прифати француско-германскиот план, Србија ќе се соочи со блокада во евроинтеграциите, забрана за инвестиции и сеопфатни мерки, во политичка и економска смисла.

„За нас нема напредок доколку не соработуваме по ова прашање. Кога ќе бидеме пред конечните барања, Собранието на Србија и народот ќе се изјаснат“, рече Вучиќ, признавајќи дека француско-германскиот план е нова преговарачка рамка за Србија.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак во Приштина на 20 јануари рече дека заедничката посета со американскиот дипломат Габриел Ескобар и советниците од Франција, Германија и Италија „сам по себе е сигнал дека сме посветени на нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Експертот за политички прашања, универзитетскиот професор Милазим Красниќи од Приштина, за ЦИВИЛ Медиа истакна дека Европската Унија вложила многу напори, но најмногу со она што го нарекуваме технички дијалог и резултатите не биле добри, дури и оние договори кои се постигнати и потпишани не се целосно имплементирани.

„Досега Европската унија дејствуваше со техниката на добри зборови, но не го користеше „стапот или морковот“ и поради тоа страните не мрднаа. Ова е првпат стапот да се користи против Вучиќ во овој случај и практично бил принуден да го смени ставот од отфрлање на француско-германскиот предлог во прифаќање на нацртот. Неговото претставување пред јавноста покажува дека имало закани со санкции и изолација, дури и со повлекување на европските инвестиции од Србија“, истакна Красниќи.

Тој по натаму истакна дека ние сме во фаза кога процесот се забрзува, каде што притисокот се зголемува и во овој аспект верувам дека капацитетите на Европската унија и САД се доволни за да ги принудат Александар Вучиќ и Албин Курти кон договор, кој не само што ќе ја де- ескалира ситуацијата, туку всушност би создало основа за конечен договор во иднина.

Главниот уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала, во својата денешна колумна истакна дека Вучиќ уште еднаш покажа дека одлично ја познава меѓународната и балканската политичка реалност. И уште повеќе, ја покажа својата извонредна способност да се прилагоди на таа реалност.

„Да бидеме реални, спремноста на Вучиќ за реализација на планот за нормализација на односите со Косово е голем плус за Србија, но и за целиот регион. Но не е големо изненадување. Сигналите за тоа дека Вучиќ веќе ја скроил својата европска капа беа тука и порано. Има бројни примери за тоа како Вучиќ успешно еквилибрира меѓу различните публики во својата земја и различните центри на моќта надвор од Србија“, напиша Дерала.

„Притоа, Вучиќ рече и дека „нам ни е потребен мир со Албанците и одговорен пристап“. Европски. Просечен балкански националист (српски, албански, македонски или некој друг) сигурно има проблем да го препознае Вучиќ во овој и низа други ставови што ги кажа по состанокот со претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија“, се наведува меѓу другото во колумната.

Амбасадорите на Германија и Франција во Србија, Анке Конрад и Пјер Кошар истакнаа дека целта на француско-германскиот план за Косово е да се надмине конфликтот што трае со години во корист на регионот и населението, а дека не се зборува за казнени мерки или санкции во случај тоа да не биде прифатено.

Назми Абдурахмани

Tags: Александер ВучиќГабриел ЕскобарМилазим КрасниќиМирослав ЛајчакСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ