• Latest

Таки Фити: Кризата со Ковид-19 иако краткорочна, предизвика најсилен пад на економијата

January 30, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Таки Фити: Кризата со Ковид-19 иако краткорочна, предизвика најсилен пад на економијата

January 30, 2023 16:26
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалната економија поминува низ тешка состојба, оцени академик Таки Фити за време на годишната конференција „Година за нови можности“. Според него кризата со Ковид-19 иако била краткорочна, предизвикала најсилен пад на економската активност, а исто така и актуелната енергетска криза, што довело до состојбата економиите да се справуваат со сериозни предизвици.

„Се намалуваат прогнозите за растот на светските пазари. Со последниот извештај на ММФ, светскиот раст беше проектиран на 2,7%, наспроти 3,2% какви што беа претходните предвидување. Скоро една третина од светските економии ќе влезат во рецесија“, рече Фити.

Тој додаде дека и ЕУ и нашиот најголем трговски партнер, Германија, се соочуваат со сериозни проблеми.

„Тоа има силен импакт врз македонската економија, поради таа синхронизираност на бизнис циклусите во Европската унија со состојбите во економијата во Македонија“, кажа професорот Фити.

Според него, ако домашните фирми обезбедат квалитет странските компании ќе бидат заинтересирани за вложување.

-Веќе се работи на Стратегија за развој на земјата за наредните 20 години  заедно со финансиска поддршка на амабасадата на Британија, односно Фондот за добро управување, Министерството за финансии на Словачка, со поддршка на УНДП и Владата.

-Владата како координатори задолжи двајца економски министри, тоа се вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими. Работата на оваа програма започна во 2021 година и тогаш МАНУ не беше вклучена и во тој период наши експерти изготвија осум базични студии за одделни области – образование, економски развој, јавни финансии и фискална политика, туризам, рамномерен регионален развој, пазар на труд, социјална политика и пензиски систем, како и здравство, рече Фити.

Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година правела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците.

-Направивме и базични студии за научни истражувања, за јавните институциите и за економскиот развој и зелената економија, со креирање „зелени работни места“, кажа Фити.

Тој истакна дека се изготвувале консолидирани документи за социјалната инклузивност, дигитализацијата, отпорност од кризи, владеењето на правото, родовата еднаквост и друго.

-Сето тоа е завршено и веруваме дека во втората фаза МАНУ ќе ја врши работата. Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвизи и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевавнтни чинители во Македонија, кажа Фити.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: економска кризаковид кризастратегијаТаки Фити
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result