• Latest

Спасовски: Постојат структури кои не сакаат мирно чествување и сакаат тензии на утрешниот ден

February 3, 2023
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Постојат структури кои не сакаат мирно чествување и сакаат тензии на утрешниот ден

МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот

February 3, 2023 22:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ги анализираме сите информации и сите податоци со кои располагаат службите, а разменуваме и податоци со колегите од бугарското МВР. Постојат структури кои не сакаат мирно чествување и би посакувале тензии на утрешниот ден. Таквите радикални структури тоа го прават за некакви сопствени потреби“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека сведоци сме на повици од одредени радикални структури, навивачки групи, патриотски институти и слично за некакво чување, но повтори дека тоа е обврска на секој граѓанин и на институциите.

„Да не дозволиме да имаме некаков инцидент, никакво нарушување на мирот и стабилноста и никакво чествување во кое ќе се нарушат чувствата на македонскиот народ и македонската држава“ рече Спасовски.

Министерот апелираше да се смират тензиите, бидејќи нема потреба од тоа и кажа дека постои оперативен план врз основа на кој ќе работи полицијата.

„Не може да има собирања во зоната која се обезбедува. Не може да дозволиме да се организираат собири или било што друго во моменти кога имаме зголемени тензии“ рече Спасовски.

Спасовски нагласи дека во МВР се подготвени да забранат влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот

„Никој не смее да го навредува македонскиот народ, граѓаните на Северна Македонија и државата. МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот“ рече министерот  Спасовски на Алсат М.

Тој додаде дека повеќето навреди минатиов месец доаѓаат од надвор и повика на национално единствно и сплотеност за зачувување на нашиот идентитет, народ, јазик, култура и традиција.

„Државата нема да дозволи некој на било кој начин да го навредува македонскиот народ и македонската држава. Ако е чествување, тогаш нека биде достоинствено“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека е ирелеватно дали Џамбаски ќе доаѓа или некој друг, туку е важно тој што сака да влезе во државата мора да ги почитува македонскиот народ и македонската држава.

Ц. М.

Tags: безбедностзабранет влезМВРОливер Спасовскирадикални структуритензиичествување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ