• Latest

Оцука: Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

February 24, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Оцука: Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

February 24, 2023 14:05
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ова војна започна во 2014 година кога, Русиjа незаконски го окупираше Крим и го поддржа воениот конфликт во регионот на Донбас, изјави јапонскиот амбасадор . Н. Е Казуја Оцука на денешна  конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

https://youtu.be/G7p7fadTBrk

„Се сеќавам на фотографиите на паднатите херои во тоа време кои ги видов во Киив на ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина во руско-украинската војна. На денот на независноста и Денот на украинските бранители, видов многу убави цвеќиња, главно жолти сончогледи и сини цветови. Таму се собираа семејствата и пријателите на загинатите херои. Посакував да не се зголеми бројот на паднатите херои, бидејќи тоа веќе беше премногу за мене. Како што знаете, сепак, на 24 февруари 2022 година, претседателот Путин нареди да се изврши инвазија во Украина. Бројот на жртвите брзо растеше и насобраната трагедија ме обзема“.

Амбасадорот Оцука уште подвлече и дека постапките на Русија се јасно и флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Тој на конференцијата ја сподели главната порака на министерот за надворешни работи Хајаши како претседавач со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Меѓу другото во пораката се нагласува дека не смее да има неказнивост за воените злосторства и другите злосторства, вклучително и нападите врз цивилното население и инфраструктурата, како и присилните депортации на украинските цивили во Русија.

„Членките на Г7 се обврзани да ги повикаат на одговорност сите одговорни, вклучително и претседателот Путин и руското раководство, во согласност со меѓународното право. Членките на Г7 останаа посветени на одржување и интензивирање на санкциите кон Русија кои ги ограничуваат нејзините воени напори. Тие ги повикаа третите страни да ја прекинат помошта за руската војска и нејзините поврзани сили, или ќе се соочат со сериозни последици“.

Јапонскиот амбасадор Оцука рече дека руската инвазија на Украина служи како потсетник за потребата од солидарност наспроти неволјите.

„Меѓународната заедница мора да работи заедно на зачувување на мирот и безбедноста, бидејќи ова не е предизвик само за една нација, туку за целиот свет“.

Тој на конференцијата ја сподели главната порака на јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши како претседавач со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Меѓу другото во пораката се нагласува дека не смее да има неказнивост за воените злосторства и другите злосторства, вклучително и нападите врз цивилното население и инфраструктурата, како и присилните депортации на украинските цивили во Русија.

„Членките на Г7 се обврзани да ги повикаат на одговорност сите одговорни, вклучително и претседателот Путин и руското раководство, во согласност со меѓународното право. Членките на Г7 останаа посветени на одржување и интензивирање на санкциите кон Русија кои ги ограничуваат нејзините воени напори. Тие ги повикаа третите страни да ја прекинат помошта за руската војска и нејзините поврзани сили, или ќе се соочат со сериозни последици“.

Јапонскиот амбасадор Оцука рече дека руската инвазија на Украина служи како потсетник за потребата од солидарност наспроти неволјите.

„Меѓународната заедница мора да работи заедно на зачувување на мирот и безбедноста, бидејќи ова не е предизвик само за една нација, туку за целиот свет“.

Н.Абдурахмани

Камера: Атанас Петровски/Александар Ризински

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: јапонски амбасадорконференцијаруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ