• Latest
Конференција „Украина-Година на хероизмот“, 24 февруари 2023/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Македонскиот државен врв едногласен во поддршката на Украина во борбата за слобода

March 10, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Македонскиот државен врв едногласен во поддршката на Украина во борбата за слобода

March 10, 2023 13:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Конференција „Украина-Година на хероизмот“, 24 февруари 2023/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Конференција „Украина-Година на хероизмот“, 24 февруари 2023/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се одржа на 24 февруари, во Домот на АРМ, во организација на ЦИВИЛ и украинската амбасада во Северна Македонија. Конференцијата беше поделена на три сесии.

На првата сесија говорници беа македонскиот државен врз и амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Ларис Дир.

Сесијата ја отвори претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, со повик за едноминутно молчење.

Како говорници на првата сесија се обратија Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и Државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

„Путин својата војна ја нарече специјална воена операција за денацификација и ослободување на Украина и заштита на Русите од геноцид. Но со својот ракетен терор уништи и сѐ уште уништува цивилни домови и инфраструктура, срамни со земјата цели градови, а неговата садистичка солдатеска ограбува, измачкува, силува и убива мажи, жени, деца и возрасни луѓе. Меѓу нив има и Руси“, изјави Џабир Дерала, во воведното обраќање.

Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија

Денес, изминува точно една година од почетокот на бруталната руска воена агресија врз Украина, која го втурна украински народ во невидени страдања, загуба на човечки животи и ужасна деструкција. А, сите нас останатите не соочи со фактот дека во Европа повторно се води крвав конфликт кој предизвикува хуманитарна, економска, енергетска и безбедносна криза. Станува збор за трагедија која влезе во нашите домови и во нашите мисли и пред која немаме право да останеме без зборови.

Талат Џафери, претседател на Собрание на Северна Македонија

Јас сум прв претседател на Собрание од регионот кој што отиде во Украина, за лично и институционално да ја изразам поддршката за украинскиот народ и институции. Со оглед на моето воено минато, човек би рекол дека ништо не може да ме изненади. Меѓутоа, не е така! Човек никогаш не може да биде доволно подготвен за суровоста на другиот човек. Соочен со бројот на загубените животи, разрушената инфраструктура и влегувањето на Украина во една целосно поинаква димензија на егзистенција, се обврзав дека ќе се заложам за помош со сета моја моќ. Истовремено, восхитен од храброста, посветеноста, пожртвуваноста и смиреноста на украинските водачи и граѓани, истрајни во праведната борба за слобода.

Н.Е. Амбасадорка на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир

Храброста на Украинците сега мора да биде поддржана со тенкови, оружје со долг дострел и борбени авиони. Украинците го даваат својот живот не само бранејќи ја својата суверена територија, Украинците ги бранат вредностите според кои демократскиот цивилизиран свет живее.

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Помина точно една година од најавуваната руска агресија врз Украина и од огласувањето на сирените за воздушен напад во главниот град на Кијив. Рускиот напад врз Украина е напад на европските вредности. Затоа ние, како Македонци и како Република Северна Македонија, ни беше многу едноставно да направиме морален избор, да застанеме на страната на Украина.

Славјанка Петровска, министерка за одбрана

Му се поклонувам на украинскиот народ кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот… Ова е година на херојство во која украинскиот народ против целосната руска инвазија на Украина покажа што може за својата татковина. Но и година на единство и сојузништво на европскиот континент.

Филип Тосевски, државниот секретар во МНР

Горди сме на нашите украински пријатели во истрајноста да ја одбранат својата земја и принципите на демократијата и слободата. Истовремено целата меѓународна заедница мора да остане обединета и посветена овие страшни злосторства против украинскиот народ да бидат соодветно и правично процесиурани, а извршителите да одговараат пред лицето на правдата.

 

Подготви: Б. Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Украина – година на хероизмот“Бојан Маричиќдржавен врвконференцијаЛарис ГирСлавјанка ПетровскаСтево ПендаровскиТалат ЏафериФилип ТосевскиЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ