• Latest
Фото: Радио МОФ

Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз за сите средношколци

March 13, 2023

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз за сите средношколци

March 13, 2023 16:25
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: Радио МОФ

Фото: Радио МОФ

Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци (ССРСМ) денеска до Собранието достави предлог-измени на Законот за средно образование, со кои се бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните училишта, тие кои живеат на помало растојание од 2.5 километри од училиштата, учениците со попреченост и учениците кои посетуваат феријална пракса. Тие очекуваат измените да се донесат по кратка постапка, со поддршка од сите пратеници. Доколку предлог-законот не се донесе во рок од најмногу 2 месеци, Сојузот најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за да се оцени уставноста на сегашните одредби, пренесува Радио МОФ.

Средношколката Сара Тошева од Американска гимназија Скопје, која е и претседателка на Ученичкиот совет, на брифингот посочи дека тоа што учениците од приватните училишта немаат право на бесплатен јавен превоз, е огромна дискриминација

„Нашите родители ги плаќаат истите даноци, истите такси, а притоа нашите права се оспорени и оневозможени, и сметаме дека ова треба да се смени, иако веќе имаме некоја иницијатива покренато, сепак не се донесува некој закон кој би го решил овој проблем. И затоа ве повикавме денеска и вас, за да делуваме поефективно и да може конечно да се стави крај на тој проблем. Бидејќи освен за одење во училиште, се разбира имаме и други активности како курсеви, итн…“, рече Тошева на денешниот прес на Сојузот.

Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, повтори дека воглавно проблемот е за учениците од приватните училишта, кои се вкупно 2.000 од 71.000 средношколци во Македонија.

„Значи е мала бројка во споредба, но нашиот закон што го предлагаме до Собранието веќе цела година, не се однесува само на приватните училишта, бидејќи ние сакаме да го решиме и тој проблем. Меѓутоа размислуваме и за учениците кои живеат на помалку од 2.5 километри од училиштата, а немаат право на превоз, размислуваме за учениците од стручните училишта државни, кои имаат феријална практика во текот на летниот, односно зимскиот распуст, а поради сегашните законски одредби, иако одат на пракса да работат за училиштата, и тоа им е дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат и немаат право на бесплатен превоз за феријална практика“, рече Павиќевиќ.

Тој истовремено додаде дека во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ) утврдиле дека и учениците со попреченост, односно, со посебни образовни потреби, кои што се сместени во државните домови, исто така го немаат ова право.

Панде Ефтимов од МОФ истакна дека организацијата активно се залага за лицата со посебни образовни потреби и дека веќе неколку години работат на решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат тие.

„Сметаме дека тие треба да ги уживаат можностите и правата еднакво, како и сите други средношколци во нашата држава. МОФ ја поддржува оваа законска регулатива и сметаме дека ќе го намали јазот помеѓу средношколците и јавните услуги. Ова е многу важна мерка за сите млади луѓе, но особено за лицата со попречености, бидејќи едноставно овие лица се дискриминирани на секој начин, па да не придонесеме да бидат дискриминирани и на овој начин, каде што им е оневозможен јавниот транспорт“, рече Ефтимов.

Потпретседателот на Сојузот, Филип Најдовски истакна дека оваа иницијатива и заложба за бесплатен јавен превоз ја започнале уште во 2021 година.

„Со сигурност можам да кажам дека неуморно работевме на решавање на проблемот. Во текот на изминатите неколку месеци, тимот на Сојузот вложи безброј часови анализирајќи, изготвувајќи предлог закон кој што ќе овозможи бесплатен јавен превоз за сите средношколци. За таа цел одржавме средби со клучните чинители, односно со надлежните – со градоначалничката на Град Скопје, со координаторката на мнозинската советничка група во градот Скопје, Клубот на млади пратеници и исто така и со вицепремиерката за политиките за добро владеење“, рече Најдовски.

Павиќевиќ во меѓувреме смета дека овој закон е консензуален и компромисен, откако ги интегрирале сите забелешки кои произлегле од средбите во предлог текстот, па така, очекуваат тој да биде прифатлив за сите пратенички групи во Собранието.

Доколку не се донесе за период од најмногу 2 месеци, Павиќевиќ истакна дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за истиот да ја оцени уставноста на сегашниот закон.

„Знаеме дека слична иницијатаива поднесоа и претставниците на студентите од приватните факултети, и судот мислам дека во тој случај одлучи дека Законот за високо образование, по тој аспект е неуставен, бидејќи правото на превоз, правото на пристап до образование им следува на сите“, заклучува Павиќевиќ.

Инаку, на денешниот настан беше емитувано и кратко документарно видео со кое ученици од приватните училишта зборуваа за нивната потреба од јавен превоз.

Tags: бесплатен превоззаконСобраниеСојузот на средношколцисредно образование
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ