• Latest
Зелената трансформација

Шукова: Прилеп е позитивен пример за селекција на отпад во секое домаќинство, за потребите на општините за селекција на отпадот ќе обезбедиме 7.000 контејнери

March 21, 2023

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шукова: Прилеп е позитивен пример за селекција на отпад во секое домаќинство, за потребите на општините за селекција на отпадот ќе обезбедиме 7.000 контејнери

March 21, 2023 12:29
in ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Зелената трансформација
Share on FacebookShare on Twitter

Цементарница Усје обвинета за најголем загадувач, пречистителната станица во Скопје, надеж гледа во нов грант од ЕУ, дали во Северна Македонија можеме да посочиме место за кое би рекле дека е еколошки чисто, што се случува со селектериањето на отпадот во домаќинствата, се прашања за кои ГринЦИВИЛ побара одговор од Каја Шукова, министерката за животна средина и просторно планирање.

ГринЦИВИЛ: Каде е вистината за Цементарница? Имате ли увид? Од компанијата велат дека имаат вградено филтри и не го загадуваат воздухот, градоначалничката Арсовска пак тврди дека тие се еден од најголемите загадувачи? 

ШУКОВА: Согласно постојната законската регулатива, Цементарница Усје поседува А интегрирана дозвола во која точно се дефинирани услови за работа и начини на мониторирање. Како компанија точно знаат што сѐ треба да има за да го намалат загадувањето на животната средина. Цементарницата се мониторира на две емисиони точки, тоа се ротациона печка 3 и ротациона печка 4. Податоците што ги има Министерството и врз основа на селф-мониторингот на Усје, е дека средно месечните емисиони концентрации од овие две емисиони точки се под стандардите, значи не вршат загадување. Ние само ја следиме интегрираната дозвола во соработка со Државниот инспекторат за животна средина. Од нивната контрола произлегува дека во двете ротациони печки како систем на прочистување се вградени вреќести филтри, што е утврдено и со интегрираната дозвола, со стапка на искористеност од 100 %. Така што тоа што е побарано од нив, тие го исполнуваат.

ГринЦИВИЛ: Тогаш, на што се должи коментарот на градоначалничката Арсовска?

ШУКОВА: Претпоставувам дека се должи на вонредниот надзор што го направи Инспекторатот за животна средина со што се утврди дека од котларата за парно греење на просториите се покажува надминување на азотниот оксид. Веднаш беа задолжени од Инспекторатот да се префрлат на греење на гас. Бидејќи беше изречена казна, согласно правната регулатива се поведе постапка за спогодување, која ја води Министерството. Имаше две седници на кои, за жал, не успеавме да се спогодиме со Цементарница. Согласно законот, најверојатно Државниот инспекторат за животна средина ќе пристапи кон прекршочна постапка, па ќе видиме како ќе се одвива процесот. Секако задолжението да се префрлат на гас останува.

ГринЦИВИЛ: Кога конечно ќе се воведат регулативи за селекција на отпадот од страна на секое домаќинство?

ШУКОВА: Законски се поставени. Од нашите сознанија само Општина Прилеп работи по ова прашање. Јас апелирам до сите да го следат нивниот пример, бидејќи ова не е од скоро, тие неколку години наназад успешно го спроведуваат селектирањето. Во нашите закони постои опцијата, локална е надлежноста. Треба да се постават посебни контејнери, со различна боја во кои точно се знае што ставате од отпадот. Она што ние како држава можеме да помогнеме е од надоместокот за најлонски кеси што го собравме оваа година, ќе распишеме јавна набавка за отприлика 7.000 контејнери со големина 1,1 метар кубен и да ги поделиме на сите општини, согласно нивната големина и бројот на жители.

Има изолирани примери низ годините каде општините се обидуваат да направат примарна селекција на отпадот. Она што е добро што колективни постапувачи се тие што ќе го соберат и транспортираат отпадот што ќе биде собран во овие контејнери.

ГринЦИВИЛ: За кои подрачја во државата може да се каже во моментов дека се еколошки чисти? Може ли да посочите каде се критичните точки на загадувањето во цела држава?

ШУКОВА: Не можеме да истакнеме во моментот, знаете ако, да речеме, одредено подрачје сме го заштитиле, секогаш ќе се јават проблеми што ќе мора да ги надминеме. Во делот на загадувањето на воздухот многу се битни климатските фактори. Се направи доста изминатите години, особено во делот на замена на системите на греење, државата интервенираше во многу јавни установи во соработка со општините. Општините субвенционираа во голем дел и граѓаните да можат да си ги променат грејните тела. Во однос на загадувањето на воздухот се работи за долг процес во кои се потребни големи инвестиции, треба промена во навиките. Треба постојано да ги информираме граѓаните. Јас се надевам дека кога ќе ги спроведуваме кампањите, преку едноставните примери граѓаните ќе можат да разберат и да делуваат.

ГринЦИВИЛ: До каде е процесот со Пречистителна станица Скопје?

ШУКОВА: Јас сум секогаш оптимист. Мислам дека процесот оди во добра насока. Останати се уште некои документи што треба да се потпишат. На 22 март го потпишуваме договорот за грант. Обезбеден е грант од еден механизам на ЕУ, се вика Western Balkans Infrastructure Facility, значи грант пари за да се ослободи дел од заемот кој што е обезбеден од двете банки. Мислам дека овој проект оди во добра насока и скоро ќе почнеме со негова реализација.

Биљана Јордановска
во соработка со С. Крамарска
камера и фотографија: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: „Усје“животна срединазагадувањеКаја Шуковапречистителна станица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ