• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсени 4 косовски полицајци за инцидентот во Лепосавиќ, САД загрижени, Српска листа реагираат на реакцијата на САД

April 12, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсени 4 косовски полицајци за инцидентот во Лепосавиќ, САД загрижени, Српска листа реагираат на реакцијата на САД

April 12, 2023 10:16
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово се уапсени 4 полицајци за непријавување и учество во ранувањето на лице од српска националност во Лепосавиќ, од амбасадата на САД во Приштина изразија загриженост за случувањата на северот, Српската листа реагираат на реакцијата на САД.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО 

Коха: Уапсени 4 полицајци суспендирани поради инцидентот на северот на Косово

„Инспекторите на Полицискиот инспекторат на Косово уапсија четворица полицајци кои синоќа повредиле едно лице во Лепосавиќ.

Од ПИК соопштуваат дека врз основа на досега обезбедените информации и докази суспендирани се четворица полициски службеници, тројца службени лица кои не го пријавиле случајот и едно службено лице за непријавување и за негова вмешаност во случајот.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

АБЦ -Ховениер: САД се загрижени за инцидентот во Звечан

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД се загрижени за инцидентот на северот на Косово.

Преку објава на социјалните мрежи, Ховениер изјави дека институциите на косовската полиција мора да спроведат целосна и сигурна истрага.

„САД се загрижени поради инцидентот во кој синоќа во Звечан беше застрелан косовски Србин. Официјални лица и институции на косовската полиција мора да спроведат темелна и веродостојна истрага. Длабоко сме вознемирени од првичното демантирање направено без должно внимание.“, изјави Ховениер, пренесе косовскиот медиум АБЦ.

Сури нет: Српската листа излезе со реакција на Ховениер

„Српската листа е длабоко загрижена бидејќи американскиот амбасадор во Косово, г. Ховениер е загрижен. Наместо јасно да го осуди обидот за убиство на Милан Јовановиќ синоќа на „нелегалниот пункт“ на „параполициските“ единици на Курти на мостот на Бистрица, тој е загрижен“, се тврди во соопштението на Српска листа, пренесе Сури нет.

АЛБАНИЈА 

Факс Веб: СПАК распиша потерница за лице осомничено за  тероризам во Албанија

„Едно лице е уапсено по наредба на СПАК откако е обвинето за повикување и поттикнување терористички напади.

Уапсениот е Гентиан Чолаку, а вчера по неколкумесечни истраги за неговата сомнителна активност му беа ставени лисици.

Според СПАК, постојат основани сомнежи врз основа на докази дека Чолаку сторил кривично дело „Поттикнување, јавен повик и пропаганда за извршување на дела со терористички цели“, предвидено со член 232/а од Кривичниот законик.“, пренесе Факс Веб.

Сури: Над 70 отсто од Албанците кои побарале азил во Британија биле на возраст под 29 години

„Конечните податоци што ги објави Канцеларијата за имиграциска статистика, Велика Британија и обработени од „Монитор“ покажуваат дека вкупниот број на барања за азил од албански државјани во Обединетото Кралство изнесува 15.925, што претставува рекордно ниво за оваа земја.

Вкупно, 72% од пријавените или 11,3 илјади млади луѓе биле во возрасната група до 29 години.“. пренесе Сури.

КОЛУМНА

Економиа онлајн: Владата на Косово мора да признае дека направи сериозна грешка на север и да ги врати на работа српските полицајци и судии

„Време е да заврши играта на Владата на Северот, бидејќи е јасно дека оваа игра и оди во прилог на Србија веќе две години. Полицајците треба што поскоро да се вратат од север, а полицајците, обвинителите и Српските судии и владата да признаат дека направиле сериозна грешка и непотребно ја загрозуваат  безбедноста на Косово и нашите сојузници.“, извадок од колумната „Владата на Косово мора да признае дека направи сериозна грешка на север и да ги врати на работа српските полицајци и судии“, од авторот Сали Реџај, објавена во дневникот Економиа онлајн.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ