• Latest

Интервју со Мира Костиќ: „Крвавиот четврток” ќе остане црна дамка во практикувањето на парламентаризмот

April 27, 2023

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Интервју со Мира Костиќ: „Крвавиот четврток” ќе остане црна дамка во практикувањето на парламентаризмот

April 27, 2023 12:20
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Радионовинарката Мира Костиќ по 43 години работа пред три години замина во пензија. Целиот свој работен ангажман таа го помина во истата куќа, Македонското радио. Костиќ е специфична и по тоа што речиси три децении беше собраниски известувач што ја прави и новинарка со најдолг стаж во парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери тогаш и даде благодарница за долгогодишно професионално известување од Собранието, букет рози и врамена фотографија со нив двајца и новинари – собраниски известувачи.

Нејзините колеги, собраниските известувачи од другите медиуми ѝ подарија портрет, со диктафончето во рака закачено на антена бидејќи таа за да не се испречува пред помладите колеги додека зема изјава на врвот од метална прачка – антена, која можеше да се попушта и собира, таа го врзуваше својот диктафон, за полесно да ги зема изјавите.

Мира е претставник на една генерација новинари во чие време беше престижно да се биде собраниски известувач.

Со Костиќ поразговаравме за случувањата во парламентот во изминатите 40 години, за настаните, за собраниските состави, за претседателите, за новинарите, за награфите но и за „крвавиот четврток”…

Со оглед на тоа што имате искуство од 30 години следење на настаните од Собранието, дали може да наведете некои од настаните што се известиле , а што не сте биле рамнодушни?  

Костиќ: Иако новинарот не треба да дозволи да го понесат емоции и да биде со „студена глава“ за да може максимално да го задржи нивото на професионалност и објективност, во текот на мојата четиридецениска новинарска кариера имаше многу такви настани, но би издвоила неколку кои едноставно не можат да бидат потиснати од заборавот. Прво би го издвоила распадот на поранешната СФРЈ и сите грди и насилни случувања што го одбележаа, вклучувајќи го и заминувањето на поранешната ЈНА од Македонија. Во тие драматични денови јас и моите колеги бевме речиси  деноноќно на работа обидувајќи се да добиеме релевантни и точни информации за да не предизвикаме дополнителни тензии и паника кај оние што не слушаа, а ги имаше многу- во тоа време Радиото имаше над 300.000 слушатели. Потоа, се случи атентатот врз првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, за среќа неуспешен.

Се најдов на местото на настанот нецели 40-тина минути. Се разбира тешко е да се остане рамнодушен на сликата што ја видов, но како велат “новинар си собери се и реферирај на програма, за емоции има време”, зашто во прашање беше опстанокот на државата. Не помалку драматично беше и загинувањето на претседателот Борис Трајковски со сите негови соработници и екипажот. Во меѓувреме, се случи 2001-та и воениот конфликт во земјава. И тогаш со колегата Зоран Таневски за нецели 2 часа се организиравме и пристигнавме во Тетово од каде што се почна. Атмосферата беше зовриена, иако во првите моменти не се знаеше што навистина се случува. Во деновите што следеа видов многу човечки маки што не избираа националност. Потоа конфликтот се префрли во Куманово се случија повеќе грди и немили настани, многу луѓе загинаа, од денешен аспакт, ни криви ни должни. Дури во еден момент, сакајќи да бидам на висина на задачата и мојот живот беше доведен во опасност, но тогаш најмалку размислував за тоа. Ми беше битно да пренесам точна и автентична информација. Но, од една временска дистанца, јас се имам впечаток  дека сум бил статист во лошо режиран филм, без да бидам прашана дали сакам или не. Би ги издвоила и насилното бркање на пратениците во 2012-та кога бев единствениот новинар кој со свои очи виде што се случува, зашто бев  во Собраниската сала, а не на галерија од каде новинарите беа избркани, како и 27 април. Сепак, меѓу сиве овие немили настани имаше и еден „убав“, кога се прогласија резултатите од референдумот за осамостојување на Македонија и кога Радиото ги објави пред Државната изборна комисија. Во тие моменти не може човек да стане рамнодушен и да не се гордее со својот медиум.

Со оглед на тоа што сега имаме блокади, опструкции и пратеници со меѓусебни навреди, може ли да ни кажете кој беше најдобриот пратенички состав во текот на вашата кариера?

Костиќ: Дефинитивно првиот пратенички состав. Можеби според структурата и нивото на образованието, заостануваа во споредба со сите наредни состави на Парламентот, но тие тогашни пратеници, имаа визија што треба да направат и мисија како да го реализираат тоа. Дури и кога си контрираа го правеа тоа на културен, а понекогаш и на комичен начин. Затоа ја заслужуваат сета почит.

Секако дека ги знаете настаните што се случија на 27 април, како ги оценувате тие настани, и воопшто атмосферата што доведе до политичко насилство?

Костиќ: Да, настаните на 27 април пренесоа мошне грда и непримерна слика за нашето Собрание и ќе останат запаметени како црна дамка во практикувањето на парламентаризмот. Бидејќи едно е да имаш спротивно мислење од политичкиот опонент, а сосема друго тоа да го спроведеш со насилство, па дури и со инструментализација на луѓе од кои верувам многумина и не знаеја зошто се таму. Не дека во други парламенти во светот дури и со високо ниво на демократија нема тепачки и тие главно се меѓу пратениците. Кој ќе понесеше одговорност, ако настаните резултираа со фатални последици, што лесно можеше да се случи?Кој ќе беше победник, а кој поразен? Како и да е, тој настан  не треба да се заборави за никогаш веќе да не се повтори.

Можете ли да ни кажете кој според Вас бил најдобар претседател на Собранието во овие 30 години?

Костиќ: Секој претседател на Собранието има оставено белег во својот мандат и би било некоректно да издвојам само еден.  Сепак, ако ми дозволите би ги спомнала првиот спикер Стојан Андов и актуелниот Талат Џафери, пред се поради доброто менаџирање на одредени ситуации, но и поради не ретко симпатична комуникација  со пратениците на седниците проткаена со хумор и неконвенционалност.

Како го оценувате воопшто новинарството кај нас?

Костиќ: „Многу одамна јавно забележав дека медиумскиот плурализам и конкуренцијата се добра и потикнувачка работа, за да нема само еднаш и за секогаш дадена вистина од одредени центри на моќ. Но Македонија е многу мала држава за толкав број медиуми, а особено во последно време и поплава на портали. Се плашам да не се удавиме..ха, ха. Шегата настрана. Во услови на поголема понуда – мислам на новинари-опаѓа квалитетот на производот, се разбира и на цената. Па така, имаме плагијаторство, некритичко преземање на информации, не објавување деманти, игнорирање на основното правило во новинарството за застапенот на втората страна, што ќе рече непочитување на Кодексот на ЗНМ. Знам дека немам многу истомисленици, но можеби е конечно  дојдено времето за воведување лиценци, за да си ја заштитиме професијата , а со тоа  и јавноста, од натрапници, да не кажам некој потежок збор. Бидејќи за мене новинарството е прекрасна професија која бара и многу знаење, многу напор и пожртвуваност, но за жал и неадекватно вреднувана. Затоа, тој што не е подготвен да биде на висина на задачата, чесно е да си замине навреме и да му го отстапи местото на вистинскиот професионалец.“, вели Костиќ.

И ако сте во можност да ни кажете сите награди и признанија што сте ги добиле. И настан (случка) во вашата кариера што би сакале да го раскажете?

Костиќ: „Да се биде сведок и активен субјект на едно време не е мала работа. Затоа, мојата најголема награда се подршката и признанието што го добивав и се уште го добивам  од аудиториумот-публиката која имаше трпение да ме слуша 40 години. Верувајте нема поголемо задоволство кога ќе ве препознаат по гласот и ќе ви кажат дека не можеле да оценат на која „страна“ сте биле. Тоа значи сте ја погодиле целта. Сепак и официјалните признанија многу значат и мотивираат. Добитник сум на државната награда Мито Хаџи Василев Јасмин за која ме предложија поголема група собраниски репортери што е посебна чест за мене, потоа со група новинари добитник сум и на наградата К.П. Мисирков и за животно дело од ЗНМ. Ми претставува особена чест и признанието од  Собранието и претседателот  Талат Џафери за професионалниот однос и известувањето од оваа клучна институција во правниот поредок на земјава, што прв пат се случи. За мене тоа беше изненадување што ми беше приредено на мојот последен брифинг кај претседателот на Собранието Талат Џафери и непосредно пред заминувањето во пензија.“, посочи Костиќ.

Назми Абдурахмани

Извор: Градска.мк
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Мира КостиќСобраниеТалат Џафери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ